Целта на програмата Настава по англиски јазик е студентите да стекнат солидни знаења во областа на теориите на методологија и потребни вештини за спроведување на стекнатите знаења здобиени од теориите и нив да ги употребуваат во наставната практика.
Изборот на индивидуалните предмети ги рефлектира најсовремените актуелни трендови во изучувањето на втор странски јазик, помагајќи во идентификувањето на локалните и регионалните потреби. Програмата е дизајнирана за дипломирани по англиски како странски јазик, односно за оние кои сакаат да се специјализираат и да ги развијат своите способности во педагогијата на настава по англиски јазик. Се вклучува и научноистражувачка компонента (заедно квалитативното и квантитативното), академското и модерното истражување.
Поголемиот број студенти би требало да бидат вработени во настава. Предвидено е часовите да се одржуваат за време на викендот. Поголемиот број предмети обезбедуваат специјализирана обука: методологија за изучување на странски јазик, менаџирање на училница, педагошката граматика и пишување, изучување на јазикот со помош на компјутер и анализа на потребите. Ова е базирано на најсовремените принципи на обука на наставникот од англофонските земји, аплицирани во балкански контекст.
Програма е дизајнирана на специфичен начин за потребите на наставниците по англиски јазик, а исто така е многу важни бидејќи студентите стекнуваат вештини за напредно академско истражување и за оние студент кои сакаат да работат како преведувачи, критичари, издавачи или писатели.
Програмата опфаќа четири семестри настава, проследени со истражување и пишување на тезата.