Универзитет на Југоисточна Европа

Програма: Одржлив агробизнис

Циклус: Постдипломски
Факултет: Бизнис и економија
Се одржува во: Тетово

Тргнувајќи од интересот на студентите и искуствата на факултетот, факултетот ја разви студиската програма која ги има следниве цели: студентите да се стекнат со општо знаење и разбирање на предметите од програмата Одржлив агробизнис како и да стекнат  знаења од областа на агробизнисот,  обучувајќи ги да бидат способни за да планираат нови политики во оваа област. Интердисциплинарната програма им нуди на студентите широко познавање од областа на агробизнисот, како и сознанија за нејзиното влијание врз глобалното општество. Оваа програма е фокусирана на неколку полиња поврзани со одржливоста на агробизнисот, како економија на агробизнисот, формулирање на  агрикултурни стратегии, како и анализа на средината на агробизнисот.

Знаење и разбирање
Примена на знаењето и разбирањето
Способност за проценка
Комуникациски вештини
Вештини на учење

Семестар 1

  • Методологија на истражување (6.0 ECTS)
    Главната цел на овој предмет е да ги развие истражувачките методи и техники што се употребуваат во студиите на агробизнисот. Овој предмет ќе им помогне на студентите за да ги подобрат своите аналитички вештини и да употребат различни истражувачки методи во областа на агробизнисот. Фокусирањето ќе биде на прашањата од областа на примена на истражувачките методи, со кои се соочуваа бизнис-заедница во областа на агробизнисот како на внатрешниот пазар така и на глобалниот пазар. Исто така, преку овој предмет ќе се испита улогата на истражувачките методи, нејзината теоретска оправданост и нивната апликација во областа на агробизнисот. Овој предмет ќе им овозможи на студентите да употребуваат различни аналитички техники и методи при нивните истражувања во врска со прашањата поврзани со агробизнисот.
  • Менаџмент за агробизнис (6.0 ECTS)
    Преку предметот Менаџмент на агробизнис во Република Македонија студентите ќе стекнат специфични знаења околу руралните промени и управувањето со нив. Земајќи ја предвид природата на предметот, истиот ќе биде целосно практично прилагоден и посебно внимание ќе се даде на практичните ситуации со кои се соочуваат деловните организации од областа на агробизнисот во Република Македонија .
  • Климатски промени (6.0 ECTS)
    Предметот опфаќа проучување на можностите за развој на еколошката свест, како и на потенцијалите и можностите за нејзин развој. Исто така, ќе се проучува системот на управување со еколошките климатски промени, како и регулативата и стратешките документи кои ги поставуваат основите за климатски промени и потребата за нивен развој. Притоа, се става акцент на поврзаноста на еколошките движења со економско- социјалната состојба, како и местото на климатските промени во севкупните стратегии за туризмот. Во рамките на предметот ќе се посвети внимание на поврзаноста и условеноста на климатските промени со унапредувањето и заштита на животна средина и со концептот на одржлив развој. Во рамките на предметот ќе се изучува и компаративниот систем на еко-туризмот во земјите во Европа и во регионов.
  • Слободни изборни предмети (12.0 ECTS)
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Културите на Македонија

Семестар 2

  • Економија на рурални ресурси (6.0 ECTS)
    Главната цел на овој предмет е развивање различни теории за регионален раст и развој со методи на регионалната анализа. Овој предмет ќе им помогне на студентите за да ги подобрат своите аналитички вештини, и да ја употребуваат економската теорија за анализа на руралниот и регионалниот развој. Фокусирањето ќе биде на примена текники и инструменти кој ќе бидат корисни за анализата на руралниот и регионалниот развој. Аргументите за и против владината интервенција во руралните и регионалните економии ќе биде вклучена во рамките на овој предмет. Ќе се испитаат и различните политики, планирањето и стратегиите и нивната апликација во областа на економијата на руралните ресурси. Овој предмет ќе го анализира влијанието на политиките на владата врз економскиот раст и развој на руралните средини.
  • Стратегии за агробизнис (6.0 ECTS)
    Предметот Стратегии во агробизнис е конципиран на начин да им овозможи на студентите оценка и примена на клучните елементи на стратегиската анализа, избор на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија. Целта на наставата по предметот е студентите да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување и да разберат дека не постои само еден вистински пат да се развие стратегијата.
  • Изборен предмет 2/2 (9.0 ECTS)
    • Менаџмент на информациони системи
    • Менаџмент на ризик во агробизнис
    • Локален рурален економски развој
    • Јавните финансии и агробизнисот
  • Изборен предмет 2/1 (9.0 ECTS)
    • Менаџмент на информациони системи
    • Менаџмент на ризик во агробизнис
    • Локален рурален економски развој
    • Јавните финансии и агробизнисот

Семестар 3

  • Маркетинг за агробизнис (6.0 ECTS)
    Преку овој предмет се опишува начинот на кој компанијата ги постигнува своите маркетинг - цели преку утврдување на целниот пазар со користење на маркетинг стратегии за успешно служење на целниот пазар. Улогата на маркетинг и маркетинг-менаџментот во агробизнисот, менаџирање на маркетинг-околината менаџирање со пазарот на агробизнисот, меѓусебната поврзаност на пазарите на агробизнисот, поделба на пазарите, сегментирање на пазарот, евалвација на побарувачката на пазарот, позиционирање на земјоделските производи, побарувачка на пазарот, однесувањето на потрошувачите, менаџирање со маркетинг - микс елементите, менаџирање на ценовната политика, менаџирање на политиката на распределба и продажба, менаџирање на промоцијата. Студентите се запознаваат со елементите на процесот на управување и планирање со маркетинг-активностите и маркетинг-планот, со маркетинг-стратегиите, маркетинг-тактиката, со организација на маркетингот и маркетинг-контролата и успешно применување во практиката.
  • Финансиско сметководство во агробизнис (6.0 ECTS)
    Целта на наставата по овој предмет е да им помогне на студентите во разбирањето на суштината на сметководство. Предметот финансиско сметководство се однесува на основите на финансиското сметководство. Тој ги запознава студентите со подрачјето на финансиското сметководство и ги покрива следниве подрачја: општо за сметководството, книговодството, финансиските извештаи - биланс на состојба и успех, извештај за паричните текови и извештај за промените на сопственичкиот капитал, средствата и обврските и сл.
  • Изборен предмет 3/1 (9.0 ECTS)
    • Менаџмент на операции
    • Технолошки промени за агробизнис
    • Управување со проекти во агробизнисот
    • Управување со одржлив развој
  • Изборен предмет 3/2 (9.0 ECTS)
    • Менаџмент на операции
    • Технолошки промени за агробизнис
    • Управување со проекти во агробизнисот
    • Управување со одржлив развој

Семестар 4