|
Информација за печат: Проф. д-р Блерим Река е избран за проректор за истражувања и промоција |
На 30 август 2010 година Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) го именуваше амбасадорот проф. д-р Блерим Река проректор за истражувања и промоција.
Проф.д-р Река ќе раководи со истражувањата во ЈИЕУ, со Комитетот за истражувања коj се состои од директорите на центрите за истражувања и ќе ги координира надворешните проекти поврзани со ЈИЕУ. Проф. д-р Река исто така ќе раководи и со научното списание на Универзитетот - SEEU Review.
Проф. др. Блерим Река беше амбасадор на Македонија во Европската Унија, Брисел, поранешен проректор за истражувања во ЈИЕУ, поранешен декан на Факултетот за јавна администрација на ЈИЕУ, професор по меѓународно право, по меѓународни односи и европско право во Приштинскиот Универзитет, ЈИЕУ и ДУТ. Тој бил визитинг професор – Фулбрајт во Универзитетот на Јужна Каролина, Лос Анџелес и на следниве универзитети: Универзитет во Грац, Универзитетот Пердју во Индијана , Универзитетот Гент, Американскиот институт за мир и др. Тој е учесник во многу истражувачки проекти во: Универзитетот Харвард (Kennedy School for Government), Универзитетот во Оксфорд и Колеџот Сент Антони. Автор е на 17 книги во овие области и на 60 научни студии печатени на англиски, на германски и на француски јазик. |
|
|
Се инаугурира новиот ректор на ЈИЕУ проф. др. Замир Дика |
На свечена церемонија, на која беа присутни голем број дипломати, претставници од Министерството за образование, ректори на разни универзитети во Македонија, Албанија и Косово, градоначалници, професори, студенти и др. во среда (1 септември 2010 ) беше инаугуриран новиот ректор на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика.
Ова е втора прилика на која Универзитетот инаугурира Ректор и поради тоа ова е многу важен ден за нас, рече Претседателот на Одборот на универзитетот, д-р Денис Фарингтон, кој го инагурира новиот ректор.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Финалните резултати на СТИПЕНДИИ СПОРЕД ЗАСЛУГА (SEEU MBS) |
|
Според објавениот Конкурс за запишување на студенти во прва година, на факултетите на ЈИЕУ, во академската 2009/2010 година Комисијата за стипении ја објавува ФИНАЛНАТА листа на добитници на стипендии според заслуга од ЈИЕУ, според факултетите:
Листа на финалните резултати на СТИПЕНДИИ СПОРЕД ЗАСЛУГА (SEEU MBS)
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |