Информација за печат: Проф. д-р Блерим Река е избран за проректор за истражувања и промоција
Blerim RekaНа 30 август 2010 година Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) го именуваше амбасадорот проф. д-р Блерим Река проректор за истражувања и промоција.
Проф.д-р Река ќе раководи со истражувањата во ЈИЕУ, со Комитетот за истражувања коj се состои од директорите на центрите за истражувања и ќе ги координира надворешните проекти поврзани со ЈИЕУ. Проф. д-р Река исто така ќе раководи и со научното списание на Универзитетот - SEEU Review.
Проф. др. Блерим Река беше амбасадор на Македонија во Европската Унија, Брисел, поранешен проректор за истражувања во ЈИЕУ, поранешен декан на Факултетот за јавна администрација на ЈИЕУ, професор по меѓународно право, по меѓународни односи и европско право во Приштинскиот Универзитет, ЈИЕУ и ДУТ. Тој бил визитинг професор – Фулбрајт во Универзитетот на Јужна Каролина, Лос Анџелес и на следниве универзитети: Универзитет во Грац, Универзитетот Пердју во Индијана , Универзитетот Гент, Американскиот институт за мир и др. Тој е учесник во многу истражувачки проекти во: Универзитетот Харвард (Kennedy School for Government), Универзитетот во Оксфорд и Колеџот Сент Антони. Автор е на 17 книги во овие области и на 60 научни студии печатени на англиски, на германски и на француски јазик.
 
Се инаугурира новиот ректор на ЈИЕУ проф. др. Замир Дика
На свечена церемонија, на која беа присутни голем број дипломати, претставници од Министерството за образование, ректори на разни универзитети во Македонија, Албанија и Косово, градоначалници, професори, студенти и др. во среда (1 септември 2010 ) беше инаугуриран новиот ректор на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика.

Ова е втора прилика на која Универзитетот инаугурира Ректор и поради тоа ова е многу важен ден за нас, рече Претседателот на Одборот на универзитетот, д-р Денис Фарингтон, кој го инагурира новиот ректор.

Повеќе...
 
Информација за печат: Проф. д-р Пол Фостер е избран за Provost на Универзитетот - виш проректор (заменик-претседател) за академски прашања

На 30 август 2010 година Извршниот комитет на Одборот на  Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) го именуваше проф. д-р Пол Фостер за Provost на Универзитетот - виш проректор (заменик-претседател) за академски прашања. Фостер ќе биде втор по ранг административен службеник  на ЈИЕУ и ќе ги надгледува академските програми и сите аспекти на предавање и научење  во кампусите во Тетово и во Скопје. Тој ќе раководи со работата на сите пет факултети како и на истражувачките центри, со понудите за студии од дистанца, со библиотеката и со центарот за кариера.

Повеќе...
 
Доц. Др. Беким Фетаји е избран за член на комитетот на програмата за меѓународната конференција за ИТИ за 2011 година

Доц. Др. Беким Фетаји по службата како рецензент на меѓународната конференција за ИТИ (книгата со листата на рецензентите може да се најде во библиотеката Макс ван дер Штул) е избран за член на комитетот на програмата за меѓународната конференција за ИТИ за 2011 година.

Повеќе...
 
Најново меѓународно издание на книгата ,,Директен маркетинг и мал бизнис“ од авторите д-р Неџби Весели, д-р Вељанд Рамадани и м-р Гадаф Реџепи
,,Директен маркетинг и мал бизнис“ е најновото меѓународно издание на книгата од авторите д-р Неџби Весели, д-р Вељанд Рамадани и м-р Гадаф Реџепи, професори на Факултетот за бизнис и економија на ЈИЕУ. Оваа книга е издадена од познатиот издавач Ламберт Академик (Lambert Academic Publishing) од Германија (книга ISBN: 978-3-8383-8835-9).
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL