| Се промовираше книгата „Меѓународен бизнис“ на проф. д-р Насир Селими |
|
,,Меѓународен бизнис“ е најновата книга на проф. д-р Насир Селими, која се промовираше во петок (5 март 2010 год.), во Универзитетот на Југоисточна Европа.
Книгата е добро структурирана и авторот лесно го подготвил редоследот на податоците, бидејќи тој долго време се занимавал со оваа тема, рече рецензентот на книгата, Проректорот за финансии и физички развој, проф. д-р Абдулменаф Беџети. Тој рече дека книгата е многу корисна за студентите, кои ќе имаат можност да го надополнат недостатокот на овој вид на литература на албански јазик. Селма Куртиши, асистент на проф. д-р Насир Селими, рече дека за време на подготовката на книгата имала можност да ја согледа комплексноста, проблемите и предизвикот со кој се соочуваше авторот. Авторот на книгата, проф. д-р Насир Селими рече дека е свесен дека книгата не е совршена, но дава придонес во познавањата и совладувањето на меѓународниот бизнис.„Меѓународен бизнис“ е четврта книга на авторот |
