На 22 април 2012 во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Скопје се одржа тестирањето за доделување на заслужните стипендии. Претходно екипи од канцеларијата за информации и студентски услуги реализираа кампања за промоција на стипендиите.
На првото тестирање учествуваа над 200 матуранти за 60 заслужни стипендии. Нашата цел е стипендиите да им се доделат на најдобрите студенти, затоа еден од критериумите беше што на тестирања имаа право да учествуваат само матуранти, кои имале просечна оценка над 4,5. Зависно од факултетот, матурантите се тестирани во математика или мајчин јазик и сите напишаа по еден есеј.
Друг дел од финансиската помош е и програмата „Работа и студирање“, каде како и во другите години и оваа академска година ќе профитираат околу 100 студенти.