| Дипломирани студенти во ЈИЕУ (АЛУМНИ) |
![]() Асоцијацијата АЛУМНИ на ЈИЕУ е организација на дипломираните на Универзитетот на Југоисточна Европа, кои се ангажираат за продолжување на дружбата, врските, заедничките интереси, за размена на искуството и истовремено се на располагање на актуелните студенти од секоја генерација. Мисија/ЦелиМисија Асоцијацијата АЛУМНИ на ЈИЕУ е посветена да му служи на Универзитетот, Алумни (дипломираните), студентите и на нивните пријатели . Мисијата на асоцијацијата е да го зајакне и прошири ЈИЕУ помагајќи во уписот на студентите, ангажирајќи се во активности за зголемувањето на угледот на универзитетот во земјава и надвор од неа, и да промовира позитивна слика на Универзитетот и на своите алумни. Цели Да поттикнува меѓусебна корисна врска помеѓу Универзитетот и алумни асоцијацијата; Да промовира долгорочна поврзаност помеѓу алумни, студентите, кадарот и пријателите на Универзитетот; Да иницира соработка со други АЛУМНИ асоцијации или организации со цел да одржува добра волја и поддршка за градот преку спонзорство на општественото образование, филантропските и услужно -ориентираните програми; Да поттикнува корисна вклученост на сите студенти на додипломски и последипломски студии, да го зачува чувството на гордост базирано на извонредните квалитети на Универзитетот и понуденото образование; Да биде отворена кон сите, врз основа на еднаквост и заслуга без разлика на етничката припадност; Активно да бара соработка со слични организации, во Македонија и на меѓународно ниво. Одбор на АлумниОдбор на Алумни Управниот одбор на Алумни е главниот орган на асоцијацијата. Во согласност со статутот на асоцијацијата управниот одбор е надлежен за креирање на политики на Алумни, одобрување и спроведување на годишната програма, дизајнирање на E-newsletter електронски вести) и организирање на образовните и социјалните активности. Управниот одбор се состои од дипломирани ентузијасти во ЈИЕУ кои се вработени во различни компании, државни органи и НВО во Македонија и надвор. Управниот одбор го води Дрилон Исени, дипломиран на Правниот факултет на ЈИЕУ. FAQ'sFAQ’s Одговор на најчесто поставените прашања за Алумни асоцијацијата на ЈИЕ Универзитетот!! Улогата на Алумни асоцијацијата? Алумни асоцијацијата е асоцијација која има за цел да му служи на ЈИЕ Универзитетот, дипломираните, студентите и пријателите на ЈИЕУ. Негова мисија е да го зајакне и прошири ЈИЕ Универзитетот помагајќи во запишувањето на новите студенти, ангажирајќи ги во активности за подобрување на репутацијата на Универзитетот во земјава и низ целиот свет и промовирање позитивен имиџ на Универзитетот и на своите Алумни. Целта на Алумни?
Како да се регистрирате?
Како да се вклучите во Алумни асоцијацијата? Кои се луѓето кои ја водат канцеларијата на Алумни? Кои се придобивките од Алумни асоцијацијата ? КонтактКанцеларија на Алумни Университетски кампус , 304.11, ЈИЕУ Е-маил: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it Тел: +389 44 356 221 Адреса: Илинденска бб, 1200, Тетово, Македонија
|

Алумни