Програма Work & Travel

Што е Work and Travel програма?

Културна програма за размена на студенти која овозможува престој и работа во САД за време на летниот распуст со максимално времетраење до 4 месеци .

Цел на програмата


Цел на програмата:

  • Работа и престој во САД
  • Запознавање со нова култура и начин на живот
  • Посета на многубројни туристички атракции во САД
  • Стекнување нови пријателства со луѓе од целиот свет
  • Самостоен живот во друга земја - искуство и авантура
  • Можност за заработка
  • Certificate of Competition- Дoдаток кон твоето академско CV


Критериуми


Критериуми за аплицирање:

  • Возраст помеѓу 18 и 26 години
  • Редовен студент во високообразовна институција - Универзитет
  • Добри академски стандарди (просек на оценки > 7.00)
  • Можност за работа во САД од најмалку 9 недели
  • Добро познавање на Англискиот јазик
  • Располагање со доволно средства за покривање на трошоците од програмата
  • Изградена личност со независен карактер

Процедура

Процедура за аплицирање:

  • Пополнување формулар;
  • Директно интервју за проверка на познавање на Англискиот јазик од страна на агенцијата која го организира патувањето;
  • Потпишување на договор помеѓу агенцијата и студентот;
  • Kопија од пасош, потврда за редовен студент и пополнета апликација;
  • Избор на работа од големата понуда на Агенцијата и потпишување на истата;
  • Комплетирање на документи за во Амбасадата на САД – Скопје;
  • Интервју за виза во Амбасадата на САД – Скопје.

Цена


Вкупната цена на програмата вклучува:

  • Работна понуда по Ваш избор
  • DS 2019 формулар неопходен за аплицирање за Ј1 виза
  • Здравствено осигурување во согласност со стандардите на програмата
  • Ориентација пред заминување
  • Work & Travel прирачник
  • Надзор од страна на Американскиот спонзор 24/7 за време на престојот во САД
  • Асистенција при аплицирање за Social Security Card