Кампус во Скопје

Контакт:

Универзитетскиот кампус во Скопје не е толку голем како тој во Тетово, но во себе ги содржи сите карактеристики на еден единствен и европски универзитет, прекрасно место за здобивање диплома. Кампусот на ЈИЕУ во Скопје се наоѓа во центарот на градот спроти Италијанската амбасада.

Теута Зулфиќари
Тел: 02 3 204-400
E-mail:  This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it

Сонила Нунн
023 204-405
e-mail: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it  

Добредојдовте  на ЈИЕ Универзитетот во Скопје!

Универзитетот на Југоисточна Европа  е модерна, современа високо образовна институција која се стреми да применува  современа, интерактивна  наставна методологија со најсовремена ИТ поддршка, секогаш зачувувајќи  ја јасната цел  за придржување кон Процесите на Болоња  за високото образование. Од 2001, ЈИЕУ одговори на барањата и потребите на локалната заедница и регионов  за релевантните и ефективните образовни програми.  Нашиот кампус во Тетово , каде тековно студираат  илјадници студенти на програмите од првиот и вториот циклус претставува модел на една високо образовна институција.  Нашата локација во Скопје, иако не  е приближно толку голема, ги има истите  основни карактеристики  според кои ЈИЕУ се распознава како единствен модерен европски универзитет и одлично место за здобивање диплома. Ние сега навлегуваме во втората година на функционирање  во Скопје. По успешната прва година  ние повторно одговараме  на барањата со понуда на повеќе студиски програми  и поголем спектар  на услуги  за тековните и идните студенти.   

Уникатен фокус на ЈИЕУ се вештините:

Универзитетот на Југоисточна Европа оценува дека силната основа  за основните вештини  им овозможуваат на дипломците натпреварувачки дух на денешниот пазар на трудот. Навистина, ЈИЕУ  е единствен помеѓу универзитетите во Македонија и во регионов  во  однос на неговиот фокус  на јазици и ИТ вештини. Јазичниот центар и компјутерскиот центар им овозможуваат на студентите, без разлика  на кој факултет се запишани, екстензивна обука  по јазици и ИТ. Покрај  локалните јазици , англискиот јазик  е  задолжителен предмет  за сите  програми од првиот циклус на студии и за некои програми од вториот циклус на студии. Францускиот, германскиот и италијанскиот  исто така се нудат како изборни предмети. Исто така, за во иднина има планови за понуда  на часови по  албански јазик  за заедницата  како дел од програмите за обука. 

Испорака на предмети и ИТ поддршка:

Сите часови се изведуваат во мали групи. Наставта е интерактивна  и се користи технологија за да се зајакнат  и прошират можностите за учење. Покрај целосно опремената и најнапредна компјутерска лабаораторија ( во која е вклучена и SmartBoard),  достапен е и безжичен интернет пристап  за студентите  во целиот објект во Скопје. Исто така во употреба е и видео конференција преку Polycom  единиците за да се овозможи предавање  од страна на предавачи надвор од Македонија. Конечно, потенцијалот за блиска, брза и фреквентна комуникација помеѓу соучениците  и предавачите се одржува и надвор од училниците  преку екстензивна употреба на е-маил и алатката за  он-лајн  менаџмент на предметите  Libri (libri.seeu.edu.mk).

Покрај Libri, достапни се и други  он-лајн услуги за студентите од било која локација. Пред неколку години, ЈИЕУ ја имплементираше и програмата E-services  со која  на студентите им се овозможува неопходниот пристап до оценките, распоредот  и  студентското досие.

Целосен пристап и привилегија  до сите услуги на ЈИЕУ:           

Студентите од ЈИЕ Универзитетот во Скопје  имаат ист пристап и привилегија  за користење на услугите кои Универзитетот ги нуди  исто како и студентите од Кампусот во Тетово. Тука е вклучен и пристапот  до Универзитетската библиотека ( вклучувајќи ги и  он-лајн  ресурсите за предметите  како што е EBSCO  базата на податоци), компјутерски лаборатории, Центарот за кариера и универзитетските случувања како што се предавањата, концертите, спортските настани итн.

Накратко, студирањето на ЈИЕ Универзитетот во Скопје  го има најдоброто што еден универзитет може да го понуди  на локација  лесно достапна за повеќето студенти . Запишете се и сами уверете се !