Центар за развој на бизнисот
Центарот за развој на бизнисот од Универзитетот на Југоисточна Европа е основан во 2004 година со цел да ја подигне ефикасноста на компаниите и другите јавни институции во Македонија. Овој центар е еден од најзначајните понудувачи на голем број обуки и ја игра улогата на поврзување на деловната заедница со Универзитетот на Југоисточна Европа.

Воден од потребите на бизнис средината, целта на ЦРБ е да понуди решенија за проблемите на претпријатијата. Овој центар нуди знаења, вештини и искуства кои се основни за пазарот на трудот.

Обуките за вработените и нивниот професионален развој се клучни за успехот на вашиот бизнис.
ЦРБ е вашиот партнер во развојот на вашиот бизнис, имплементирајќи ја технологијата и овозможувајќи професионално усовршување со цел да постигнете напредок во вашата кариера.

Програмата на обуките нуди совршено решение за вашите современи бизнис потреби, користејќи широк ранг на обуки кои се флексибилни, професионални и со пристапни цени.
Кај нас ќе следите софистицирани курсеви, кои се дизајнирани според вашите потреби и вашата деловна ориентација. Ние сме синоним за академското знаење и деловен професионализам, затоа, повелете и побарајте ги нашите неограничени услуги!