Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Јавeн менаџмент и администрација (2018/2019)

Насока: Менаџмент на невладини организации
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Дипломиран по јавен менаџмент и администрација / Насока: Менаџмент на невладини организации
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програмата Менаџмент на невладини организации има мултидисциплинарен пристап кон главните елементи на студирање во областа на јавниот менаџмент, менаџирањето, правото и во областа на социоекономските науки. Во рамките на програмата се опишуваат и се идентификуваат основните концепти, начелата, административните и законските процеси, теориите во јавната администрација, како што се оние поврзани со човечкото и институционалното однесување, процесот на јавните политики, економијата во јавниот сектор и менаџирањето на јавните и непрофитабилните организации.
Главни цели на програмата се да се подготват студентите за:
- Подготвување административни документи, планирање и координација на меѓуинституционалната работа, архивирање, регистрација на управни предмети преку употреба на информацискиот систем.
- Примена на професионални знаења во исполнувањето на работните задачи во институциите на државата и на јавната администрација, невладинииот сектор и во приватните организации.
- Да менаџираат со институции од јавен сектор.
- Да развијат критичко мислење за работата на државата и јавните институции во случај на кршење на административните правила, бирократијата и нетранспарентноста.
- Да развијат компетенции на НЈМ, менаџирање засновани врз резултати и аплицирање на принципите на добро управување.
- Аналитички да ја развијат улогата на државата и јавната администрација во последниве децении во Република Македонија и во државите во регионов.
- Да ги распознаваат современите трендови и дејствувања во државата во јавните институции и јавното менаџирање во земјите во развој и во развиените земји.
- Да можат да преземаат иницијатива за идентификување и за адресирање на потребите за учење за државните институции и јавната администрација.
- Компетенции, вештини за стратешко планирање, акциони планови, пишување апликации за предлог-проекти, евалуација на проектите.
- Компетенции и вештини за проектен менаџмент и финансирање на НВО-секторот.

Со завршување на студиите во оваа програма студентите можат да се вработат како менаџери во јавниот сектор и да управуваат со организации во невладиниот сектор.

Знаење и разбирање

- Да развиваат знаење на непрофитниот сектор: Да покажат знаење и разбирање за минатите, сегашните и за идните трендови на непрофитниот сектор во организациите, политиките и секторите во САД и во странство
- Да развијат вредности на општествениот сектор: Да се демонстрира стратешко почитување и критичко размислување за артикулирање и препознавање на вредностите на општествениот сектор за промоција на праведни, инклузивни, просперитетни, одговорни и одржливи заедници.
- Има мултидисциплинарни знаења и разбирање на главните елементи на проучување во областа НВО-секторот, правото, социоекономските науки.
- Има знаења за процесите на интеграција во Европската Унија и проектите за НВО-секторот.

Примена на знаењето и разбирањето

- Да применат непрофитни управувачки компетенции.
- Да применат принципи и пристапи на непрофитното управување за да се реши проблемот со помош на стратешко планирање, управување со одборот, развој на ресурси, финансиска администрација, управување со човечки ресурси, законска усогласеност, непрофитен маркетинг, евалуација на програмата, политика и застапување.
.- Да менаџираат институции од невладиниот сектор.   
- Да го применуваат финансискиот јавен менаџмент.
- Да пишуваат проекти и евалуација на проекти во јавен сектор и невладин сектор. 

Способност за проценка

- Интегрираат непрофитно етичко раководство: Да покажат етички лидерски капацитет и етичко расудување за непрофитно раководство, глобална одговорност, општествена одговорност и етичко одлучување.
- Квалитативна анализа на процесот на реализација на проекти.
- Оценување на влијанието на проектите врз заедницата.
- Процена на проекти во невладиниот сектор.

Комуникациски вештини

- Во состојба е да учествува во дебата, посредување и преговори, обезбедувајќи аргументирана анализа за политичкиот дискурс.
- Поседува кохерентна способност за пишување предлог-проекти, анализи, концепт.
- Покажува способност за професионална комуникација со повеќемина во тимска атмосфера и преку инклузивен нпристап.

Вештини на учење

- Интегрирање на анализа на социјални влијанија.
- Демонстрира капацитет за проценка на корист на организациски развој, организациско учење, организациска ефективност и организациска одржливост за општественото влијание и социјалните иновации.
- Има вештини да спроведе доживотно учење и самоедукација во областа на НВО-секторот.
- Способен е да ги обучува граѓаните за институциите во јавниот сектор и за демократското општество како и за невладиниот сектор.

Семестар 1

  • [CPS-104] [6 ЕКТС] Теорија на државата и правото
    Овој предметот на студентите им дава воведни теоретски знаења за клучните поими и институти од областа на државата и правото. Дополнително, предметната програма е клучна во изучувањето низа други предмети во текот на студиите.
  • [CPA-101] [6 ЕКТС] Вовед во јавна администрација
    Јавната администрација претставува област која е од посебен интерес за науката. Со предметот Вовед во јавната администрација студентите ќе стекнат знаења за основните концепти на јавната администрација. Посебен акцент ќе биде ставен врз евалвацијата на јавната администрација, како и врз реформите во оваа област во нашава земја. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа област и критички да ги анализираат развојот и појавите на јавната администрација. Бидејќи оваа област е предмет на постојани промени, посебно внимание ќе се посвети на новите теории, како и на класичните теории на јавната администрација. Предметот на истражување се: поими и основни знаења за принципите и за институциите на јавната администрација; улогата и значењето на јавната администрација во организираното општество; генезата и историскиот развој на јавната администрација; организациската структура на јавната администрација; функционирањето на институциите на јавната администрација; државните службеници; контролатa и одговорноста на ЈА, комуникациите во ЈА, јавната администрација како служба за одбрана и за реализација на човековите права итн.
  • [CPS-1011] [6 ЕКТС] Вовед во социологија
    Преку предметот Вовед во социологија студентите треба да стекнат општи познавања околу општествените движења и промени. Станува збор за предмет кој врши обработка на некои основни општествени движења почнувајќи од тие со кои сите ние се соочуваме како граѓани и академски работници. На студентите им се става во располагања цел спектар на литература од домашни и странски автори со што ќе се овозможи проширување и продлабочување на нивните знаења од областа на темите кои се предмет на анализа. Како посебни цели на овој предмет може да се истакнат: - Студентите да ги разберат основните социолошки концепции и теории. - Студентите да ја разберат научната рамка на социологијата. - Студентите да се оспособат да ги распознаат основните парадигми и правци во социологијата. - Студентите да создадат критичен став околу социологијата како динамичен систем. - Студентите да изградат личен и критичен став кон општествените интеракции на микрониво како и нивната поврзаноста со општествената макроструктура. - Студентите да ги распознаат социјалните и културолошките аспекти на социјализацијата. - Студентите да изградат лично мислење околу глобализацијата и техничко-технолошкиот развој и нивното влијание врз современите општества.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Македонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 2

  • [CPA-302] [6 ЕКТС] Вовед во јавна политика
    Целта на предметот е студентите полесно да ги разберат и да ги совладаат јавната политика, нејзините принципи за создавање, водењето конкретна политика, како и нејзина анализа, имплементација, евалуација и нејзино развивање. Менаџментот на јавни политики е дисциплина за решавање проблеми која ги користи сознанијата од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
  • [EPS-405] [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со надворешното и внатрешното окружување на претпријатието. Меѓутоа, внимание ќе биде посветено и на финансиската функција, на маркетинг-функцијата и на организационата функција на претпријатието. Покрај ова, се согледува и влијанието на претпријатието врз заедницата во која дејствува.
  • [CPA-501] [6 ЕКТС] Современи концепти и принципи на менаџмент во јавниот сектор
    Студентите ќе можат да ги препознаваат фундаменталните аспекти на јавниот менаџмент како научна област и како професија и ќе можат да направат анализа на активностите на владата од правна, менаџерска и од политичка перспектива.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик
    • [BENP-01] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 1
    • [BENP-02] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 2
    • [BENP-03] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 3
    • [BENP-04] Англиски јазик за општа и професионална комуникација 4
    • [BEN-05] Англиски јазик 5
    • [BEN-06] Англиски јазик 6
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет - Албански/Македонски јазик
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CPA-403] [6 ЕКТС] Менаџмент со човековите ресурси во јавниот сектор
    Менаџментот со човечките ресурси (МЧР) е важен аспект на организацискиот менаџмент. Овој предмет се фокусира на многукратни изрази на управување со човечките ресурси во јавниот сектор. Преку овој предмет ќе се испитаат теории и практики на МЧР во однос на факторите, демократизацијата на општеството, брзиот развој на технологијата и глобализацијата кои директно имаат влијание врз развојот на МЧР. Воедно се анализира и улогата на МЧР во организации со нагласок на регрутирање, селектирање и тестирање, обука, развивање и компензација на човечките ресурси на организацијата. Исто така значајните активности на МЧР вклучуваат анализирање и опис на работните места. Примената на стратегиското размислување при анализирање на организациските и кадровските предизвици дава конкретни решенија за раководителите во јавниот сектор. Преку предметот студентите се подготвуваат да бидат успешни менаџери со испитување на теориите, практиките и на политиките на модерниот МЧР.
  • [CPA-301] [6 ЕКТС] Основи на статистика
    Главна цел на овој предмет е да се овозможи студентите да стекнат основни знаења за основните статистички методи и за нивна примена со цел следење на професионалната литература, за да можат концизно да се изнесат резултатите и заклучоците од извршените истражувања. Главни аспекти на изучувањето на овој предмет се: одредување на дисциплините, поврзување на податоците, статистичка анализа, статистичка примена на методи на полето на хуманитарните науки, демонстрирање на статистичките податоци и претставување на односот меѓу статистиката и другите науки.
  • [CPA103] [6 ЕКТС] Управно право и постапка
    Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот помеѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметната програма се состојат во тоа студентите: -Да ги дефинираат и да разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаваат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаваат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. -Да стекнуваат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установите и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LPCEN-01] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 1
    • [LPCEN-02] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 2
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 4

  • [CPA-201] [6 ЕКТС] Јавно лидерство и организациски развој
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите како лидери и раководители да го развиваат и да го спроведуваат постигнувањето на мисијата и визијата на одредена организација во јавниот сектор; да ги развиваат вредности кои се неопходни за долгорочниот успех и за нивна примена преку соодветни активности и навики; како лидерите и раководителите лично да се вклучени во обезбедувањето сигурност дека системите за управување со организацијата ќе се развиваат и ќе се спроведуваат. Исто така, преку предметот се опфаќа и начинот како организацијата ги спроведува својата мисија и својата визија преку јасна стратегија заснована на мислењата на сите заинтересирани страни, поддржана преку сите релевантни политики, планови, цели и процеси.
  • [CPMPP-04] [6 ЕКТС] Систем на административни службеници на РСМ
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и вештини да ги анализираат факторите кои влијаат врз поведението на државните службеници и механизмите за подобрување на ефективноста на државната служба и отчетноста спрема јавноста.
  • [CPMPP-05] [6 ЕКТС] Буџетирање и јавни финансии
    Студентите стекнуваат со концепциски и содржински знаења од областа на јавните финансии кои преставуваат релација помеѓу граѓаните (како физички лица - даночни обрзници и корисници на јавните услуги и добра). Истовремено студентите треба да ги изучуваат и да ги разбираат фискалните политики, процедури и фискалните инструменти за реализација на односите меѓу чинителите во областа на јавните финансии.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EPMPP-01] Трудово право и работни односи
    • [EPMPP-02] Социологија на информатички технологии
    • [EPMPP-03] Административен систем на ЕУ
    • [EPMPP-04] Управно право во ЕУ
    • [EPMPP-05] Теории и практики на меѓународно управување
    • [EPMPP-06] Политика на Европа и Европска Унија
    • [EPMPP-07] Проектен менаџмент и раководење со грантови
    • [EPMPP-08] Социјална демографија
    • [EPMPP-09] Анализа на придобивки и трошоци
    • [EPMPP-10] Менаџмент на промени
    • [EPMPP-11] Граѓанско општество и развојни политики
    • [EPMPP-12] Менаџмент на социјален сектор
    • [EPMPP-13] Меѓународни владини и невладини организации
    • [EPMPP-14] Одржлив развој
    • [EMNGO-15] Меѓународни организации: управување и функции
    • [EPA-604] Етика во јавната администрација
    • [EPA-406] Глобализација и социјалните мрежи
    • [CPS-201] Социјална психологија
    • [CPA-202] Уставно право
    • [EPS-504] Политички систем на РМ
    • [CPA6040] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    • [CPS-4011] Политички партии, избори и изборни модели
    • [EPA-401] Социјална и трудова економија
    • [EPA-503] Политички проблеми на ЕУ-интеграции
    • [EPA-505] Административно право на Европска унија
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [EPA-603] Теории на организациско однесување
    • [CPS-403] Политички менаџмент
    • [EPA-606] Развојно планирање и проценка на влијанието на јавните политики
    • [CPA071] Социјални политики
    • [EPA-607] Деловна регулатива на владите
    • [CPS-701] Демократија и граѓанско општество
    • [EPA-702] Социологија на работа и организации
    • [CPS-801] Public Opinion Analysis
    • [EPA081] Социјална работа во секторот на НВО
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
    • [EPA-506] Хуманитарното право и улогата на јавните службеници
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - Англиски јазик за специфични цели 2
    • [LPCEN-01] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 1
    • [LPCEN-02] Англиски јазик за јавна администрација, политички науки и комуникација 2

Семестар 5

  • [CPA-6033] [6 ЕКТС] Квалитативни и квантитативни методи во општествените науки
    Целта на предметот е да се фокусира на два општи приода кон анализа на податоците, имено квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа се фокусира на употреба на статистичката анализа во однос на квалитативна анализа во која се дефинира како оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Во рамиките на овој предмет ќе се прави и анализа и преку студии на случај ќе се презентирата методите на истражување, деловите на општественото научно истражување, приодите за истражувачки дизајн, спроведувањето емпириски дизајн како и мултиваријабилна анализа.
  • [CMNGO-05] [6 ЕКТС] Организациско лидерство во невладиниот сектор
    Овој модул е дизајниран за да ги обучи студентите да користат алатки, можности и рамки за спроведување ефективни стратегии кај ГО. Различните теми вклучуваат концептуални рамки за разбирање на улогата на стратешкото лидерство, аналитички вештини за развој и оцена на стратегии и пристапи за работа со различни групи на интерес за мобилизирање на посветеност, како и методи за водење кон промени и нивно постигнување. Ова е мултидисциплинарен модул кој ги истражува историското, политичкото, правното, етичкото и социјалното опкружување во кое функционираат ГО. По правило, секоја ГО треба да има независен управен орган (собрание или пак управен одбор (УО), кој ја управува организацијата и ги носи стратешките одлуки. Овој модул се занимава со улогата на менаџерот, односно извршниот директор (ИД) во организацијата, процесот на носење одлуки и раководење со персоналот, согласно со законските норми, како и согласно со мисијата и стратешките цели на организацијата. Понатаму, модулот ја опфаќа врската меѓу УО и ИД и нивното влијание врз развојот на организацијата Модулот истражува широк спектар извори, од етаблирани пристапи до стратешко планирање и менаџмент до најдобри практики, како и користење на искуствата на студентите кои го носат со себе, вклучувајќи опис на разликите меѓу лидерство и раководење, искуства и примери за градење успешни тимови, со посебен осврт на вештините кои лидерот треба да ги поседува за да може да го води тимот кон успех.
  • [EPMPP-07] [6 ЕКТС] Проектен менаџмент и раководење со грантови
    Овој модул се занимава со ефективно планирање, спроведување и комуникација на проекти и проектни идеи, кои се од особено значење за сите типови ГО. ГО постојано преземаат нови инцијативи, нудат нови услуги, развиваат креативни пристапи во давањето услуги, осмислуваат нови компоненти, отвораат нови објекти, центри итн., воведуваат нови технологии за да одговорат на променливото опкружување и на барањата на целните групи. Овој модул нуди вовед во основните концепти и методи за раководење со проекти и на студентите им обезбедува практични алатки кои ќе ги подготват да бидат успешни проектни менаџери. Овој модул вклучува и анализа на потребите и проблемите, употреба на податоци при анализа на различни политики или состојби, потребата од создавање на партнерства, употреба на алатки за убедување и преговарање, како и презентациски вештини. При самата работа на конкретни проекти, студентите ќе имаат прилика да се сретнат со предизвиците при користењето на неколку важни алатки за развој и за спроведување проекти, најмногу користени од меѓународните донатори и да извлечат заклучоци кои вештини, односно знаења треба да ги подобрат.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EPMPP-01] Трудово право и работни односи
    • [EPMPP-02] Социологија на информатички технологии
    • [EPMPP-03] Административен систем на ЕУ
    • [EPMPP-04] Управно право во ЕУ
    • [EPMPP-05] Теории и практики на меѓународно управување
    • [EPMPP-06] Политика на Европа и Европска Унија
    • [EPMPP-07] Проектен менаџмент и раководење со грантови
    • [EPMPP-08] Социјална демографија
    • [EPMPP-09] Анализа на придобивки и трошоци
    • [EPMPP-10] Менаџмент на промени
    • [EPMPP-11] Граѓанско општество и развојни политики
    • [EPMPP-12] Менаџмент на социјален сектор
    • [EPMPP-13] Меѓународни владини и невладини организации
    • [EPMPP-14] Одржлив развој
    • [EMNGO-15] Меѓународни организации: управување и функции
    • [EPA-604] Етика во јавната администрација
    • [EPA-406] Глобализација и социјалните мрежи
    • [CPS-201] Социјална психологија
    • [CPA-202] Уставно право
    • [EPS-504] Политички систем на РМ
    • [CPA6040] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    • [CPS-4011] Политички партии, избори и изборни модели
    • [EPA-503] Политички проблеми на ЕУ-интеграции
    • [EPA-505] Административно право на Европска унија
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [EPA-603] Теории на организациско однесување
    • [CPS-403] Политички менаџмент
    • [EPA-606] Развојно планирање и проценка на влијанието на јавните политики
    • [CPA071] Социјални политики
    • [EPA-607] Деловна регулатива на владите
    • [CPS-701] Демократија и граѓанско општество
    • [EPA-702] Социологија на работа и организации
    • [CPS-801] Public Opinion Analysis
    • [EPA081] Социјална работа во секторот на НВО
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
    • [EPA-506] Хуманитарното право и улогата на јавните службеници
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EPMPP-01] Трудово право и работни односи
    • [EPMPP-02] Социологија на информатички технологии
    • [EPMPP-03] Административен систем на ЕУ
    • [EPMPP-04] Управно право во ЕУ
    • [EPMPP-05] Теории и практики на меѓународно управување
    • [EPMPP-06] Политика на Европа и Европска Унија
    • [EPMPP-07] Проектен менаџмент и раководење со грантови
    • [EPMPP-08] Социјална демографија
    • [EPMPP-09] Анализа на придобивки и трошоци
    • [EPMPP-10] Менаџмент на промени
    • [EPMPP-11] Граѓанско општество и развојни политики
    • [EPMPP-12] Менаџмент на социјален сектор
    • [EPMPP-13] Меѓународни владини и невладини организации
    • [EPMPP-14] Одржлив развој
    • [EMNGO-15] Меѓународни организации: управување и функции
    • [EPA-604] Етика во јавната администрација
    • [EPA-406] Глобализација и социјалните мрежи
    • [CPS-201] Социјална психологија
    • [CPA-202] Уставно право
    • [EPS-504] Политички систем на РМ
    • [CPA6040] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    • [CPS-4011] Политички партии, избори и изборни модели
    • [EPA-401] Социјална и трудова економија
    • [EPA-503] Политички проблеми на ЕУ-интеграции
    • [EPA-505] Административно право на Европска унија
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [EPA-603] Теории на организациско однесување
    • [CPS-403] Политички менаџмент
    • [EPA-606] Развојно планирање и проценка на влијанието на јавните политики
    • [CPA071] Социјални политики
    • [EPA-607] Деловна регулатива на владите
    • [CPS-701] Демократија и граѓанско општество
    • [EPA-702] Социологија на работа и организации
    • [CPS-801] Public Opinion Analysis
    • [EPA081] Социјална работа во секторот на НВО
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
    • [EPA-506] Хуманитарното право и улогата на јавните службеници

Семестар 6

  • [CMNGO-06] [6 ЕКТС] Финансиски менаџмент и ефикасност во користење на ресурсите на граѓанските организции
    Целта на овој предмет е да им се претстават на студентите стандардите и практиките во финансиското работење на ГО, методите на користење фондови и други соодветни техники за управување со одговорноста во финансиското работење на ГО и опфаќа преглед и анализа на техничките аспекти на сметководството и подготовката, како и толкување на финансиските извештаи. Концептот на ефикасноста во користењето на ресурсите ги претставува основите на принципите и процедурите и овозможува поставување рационална рамка за алокација на ресурсите. Предметот овозможува соодветна избалансираност меѓу теоријата и практиките, преглед на различни студии на случај и дизајниран е така што ќе го предизвика интересот на студентите.
  • [CPMPP-06] [6 ЕКТС] Стратешки менаџмент во јавен и непрофитен сектор
    Целта на предметот е студентите да стекнат знаења за современата анализа на стратешкиот менаџмент и за моделите на стратешко управување, конкретно со анализата на животната средина, формулирањето на мисијата, целите, стратегијата, имплементација и евалуација на перформансите и контролата на организацијата.
  • [CPA-604] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност поврзано со дипломската работа и професионален пројект. Од студентите се бара да напише проект, обично поврзан со дипломската работа, да се изработи структурата на проектот да се направи истражување и да го напишат извештајот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EPMPP-01] Трудово право и работни односи
    • [EPMPP-02] Социологија на информатички технологии
    • [EPMPP-03] Административен систем на ЕУ
    • [EPMPP-04] Управно право во ЕУ
    • [EPMPP-05] Теории и практики на меѓународно управување
    • [EPMPP-06] Политика на Европа и Европска Унија
    • [EPMPP-07] Проектен менаџмент и раководење со грантови
    • [EPMPP-08] Социјална демографија
    • [EPMPP-09] Анализа на придобивки и трошоци
    • [EPMPP-10] Менаџмент на промени
    • [EPMPP-11] Граѓанско општество и развојни политики
    • [EPMPP-12] Менаџмент на социјален сектор
    • [EPMPP-13] Меѓународни владини и невладини организации
    • [EPMPP-14] Одржлив развој
    • [EMNGO-15] Меѓународни организации: управување и функции
    • [EPA-604] Етика во јавната администрација
    • [EPA-406] Глобализација и социјалните мрежи
    • [CPS-201] Социјална психологија
    • [CPA-202] Уставно право
    • [EPS-504] Политички систем на РМ
    • [CPA6040] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    • [CPS-4011] Политички партии, избори и изборни модели
    • [EPA-401] Социјална и трудова економија
    • [EPA-503] Политички проблеми на ЕУ-интеграции
    • [EPA-505] Административно право на Европска унија
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [EPA-603] Теории на организациско однесување
    • [CPS-403] Политички менаџмент
    • [EPA-606] Развојно планирање и проценка на влијанието на јавните политики
    • [CPA071] Социјални политики
    • [EPA-607] Деловна регулатива на владите
    • [CPS-701] Демократија и граѓанско општество
    • [EPA-702] Социологија на работа и организации
    • [CPS-801] Public Opinion Analysis
    • [EPA081] Социјална работа во секторот на НВО
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
    • [EPA-506] Хуманитарното право и улогата на јавните службеници
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EPMPP-01] Трудово право и работни односи
    • [EPMPP-02] Социологија на информатички технологии
    • [EPMPP-03] Административен систем на ЕУ
    • [EPMPP-04] Управно право во ЕУ
    • [EPMPP-05] Теории и практики на меѓународно управување
    • [EPMPP-06] Политика на Европа и Европска Унија
    • [EPMPP-07] Проектен менаџмент и раководење со грантови
    • [EPMPP-08] Социјална демографија
    • [EPMPP-09] Анализа на придобивки и трошоци
    • [EPMPP-10] Менаџмент на промени
    • [EPMPP-11] Граѓанско општество и развојни политики
    • [EPMPP-12] Менаџмент на социјален сектор
    • [EPMPP-13] Меѓународни владини и невладини организации
    • [EPMPP-14] Одржлив развој
    • [EMNGO-15] Меѓународни организации: управување и функции
    • [EPA-604] Етика во јавната администрација
    • [CPS-201] Социјална психологија
    • [CPA-202] Уставно право
    • [EPS-504] Политички систем на РМ
    • [CPA6040] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    • [CPS-4011] Политички партии, избори и изборни модели
    • [EPA-401] Социјална и трудова економија
    • [EPA-503] Политички проблеми на ЕУ-интеграции
    • [EPA-505] Административно право на Европска унија
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [EPA-603] Теории на организациско однесување
    • [CPS-403] Политички менаџмент
    • [EPA-606] Развојно планирање и проценка на влијанието на јавните политики
    • [CPA071] Социјални политики
    • [EPA-607] Деловна регулатива на владите
    • [CPS-701] Демократија и граѓанско општество
    • [EPA-702] Социологија на работа и организации
    • [CPS-801] Public Opinion Analysis
    • [EPA081] Социјална работа во секторот на НВО
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
    • [EPA-506] Хуманитарното право и улогата на јавните службеници

240 ЕКТС (4 години)

Семестар 7

  • [CPA118] [6 ЕКТС] Современи политички системи
    Основна цел на предметот „Современи политички системи“ е студентите да стекнат: знаења околу функционирањето на политичките системи кои се среќаваат денес ширум светот, опфаќајќи ги тука не само оние политички системи кои се сметаат како демократски, знаења за основните теории и концепции за политичките системи, но истовремено да се запознаат и со практичното функционирање на повеќе политички системи во светски рамки. Од овој аспект гледано, како основни посебни цели на овој предмет може да се наведат следниве: - Студентите да се запознаат со политичките системи од аспект на нивниот поим, специфичности и историски развој. - Студентите да стекнат основни знаења околу главните теории и концепции за политичките системи. - Студентите да се запознаат со основните пристапи кон класификација на политичките системи. - Студентите да се оспособат да ги распознаат спецификите на одделни политички системи.
  • [CPMPP-08] [6 ЕКТС] Добро владење и општествена одговорност
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за основните карактеристики на доброто владеење во институциите на Европската Унија. Овој предмет систематски ќе ја анализира Европската Унија и проектот на економска и политичка интеграција на Европа. Предавањата ќе се осврнат на анализа на институциите и политиките на интеграција во Европа. Во текот на семестарот студентите ќе ги анализираат јавните политики (земјоделство, регионална политика, заедничка надворешна и безбедносна политика). Во предметот ќе се анализира и демократскиот дефицит и отуѓеноста на европските лидери од граѓаните на Европската Унија.
  • [CMNGO-07] [6 ЕКТС] Справување со конфликт, комуникациски вештини и вештини за преговање
    Овој предмет вклучува ефективно справување со конфликти на работно место, помеѓу различни групи, компании, владини институции и други граѓански организации (ГО). Изучувањето на конфликтите и ефективното менаџирање со нив подразбира анализа на конфликтот, разбирање на динамиката на различни групи на интерес и одредување соодветни методи за справување. Менаџерот во НВО, без разлика на тоа дали се занимава со менаџмент, политики или финансии, е повикан да менаџира или да се вклучи во решавањето широк спектар на конфликти. Конфликти има секаде, во и помеѓу организации и институции, помеѓу различни нивоа на владини органи, меѓу различни групи на интерес и владини институции, граѓани и институции итн. Зголемената комплексност и поврзаноста на конфликтите со различни прашања и проблеми кои се заеднички за повеќе различни групи на интерес, ја зголемува одговорноста, но и предизвикот кај НВО за соодветно справување со нив. Во регион како што е ЈИЕ, неопходно е лидерите / менаџерите во ГО да знаат како да се справуваат со конфликтите. Низ студии на случај, дискусии, дебати и симулации студентите ќе имаат можност да се подготват теоретски, но и практично за решавање конфликти, но во исто време ќе работат на развој на вештини за преговарање и убедување кои еден современ менаџер е неопходно да ги поседува. Истовремено, овие вештини се неопходни за генерирањето јавна поддршка и за ефективна комуникација со различните групи на интерес, кои се основа за успехот на НВО.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EPMPP-01] Трудово право и работни односи
    • [EPMPP-02] Социологија на информатички технологии
    • [EPMPP-03] Административен систем на ЕУ
    • [EPMPP-04] Управно право во ЕУ
    • [EPMPP-05] Теории и практики на меѓународно управување
    • [EPMPP-06] Политика на Европа и Европска Унија
    • [EPMPP-07] Проектен менаџмент и раководење со грантови
    • [EPMPP-08] Социјална демографија
    • [EPMPP-09] Анализа на придобивки и трошоци
    • [EPMPP-10] Менаџмент на промени
    • [EPMPP-11] Граѓанско општество и развојни политики
    • [EPMPP-12] Менаџмент на социјален сектор
    • [EPMPP-13] Меѓународни владини и невладини организации
    • [EPMPP-14] Одржлив развој
    • [EMNGO-15] Меѓународни организации: управување и функции
    • [EPA-604] Етика во јавната администрација
    • [EPA-406] Глобализација и социјалните мрежи
    • [CPS-201] Социјална психологија
    • [CPA-202] Уставно право
    • [EPS-504] Политички систем на РМ
    • [CPA6040] Вештини за менаџирање со канцелариски работи
    • [CPS-4011] Политички партии, избори и изборни модели
    • [EPA-401] Социјална и трудова економија
    • [EPA-503] Политички проблеми на ЕУ-интеграции
    • [EPA-505] Административно право на Европска унија
    • [ECSS-02] Стратегии за пребарување на работа
    • [EPA-603] Теории на организациско однесување
    • [CPS-403] Политички менаџмент
    • [EPA-606] Развојно планирање и проценка на влијанието на јавните политики
    • [CPA071] Социјални политики
    • [EPA-607] Деловна регулатива на владите
    • [CPS-701] Демократија и граѓанско општество
    • [EPA-702] Социологија на работа и организации
    • [CPS-801] Public Opinion Analysis
    • [EPA081] Социјална работа во секторот на НВО
    • [ECSS-01] ИТ во јавен сектор
    • [EPA-506] Хуманитарното право и улогата на јавните службеници
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [EFE-107] Јавно говорење
    • [EFE-127] Дебата и презентациски вештини
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [EFE-108] Комуникациски вештини
    • [EFE-110] Напреден Excel
    • [EFE-111] Напредни ИТ-вештини
    • [EFE-112] Напреден Ворд
    • [EFE-113] Гугл апс
    • [EFE-114] Напреден акцес
    • [EFE-115] Десктоп-публикации
    • [EFE-116] Веб-публикации
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-131] Албански јазик за специфични цели
    • [EFE-102] Aкадемско пишување на англиски јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-105] Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • [EFE-117] Заштита на животната средина
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EFE-132] Човекови права и слободи

Семестар 8

  • [CMNGO-08] [6 ЕКТС] Развој на човечки ресурси и раководење со волонтери
    Дизајниран пред сè за раководители на ГО, овој предмет дава широк преглед на динамиката на човечките ресурси. Предметот се занимава со основните функции на раководењето со човечките ресурси (РЧР), како што се регрутација на персоналот, развој на кариерата, оцена на персоналот, давање фидбек, како и дизајн и опис на работното место. Во рамките на овој предмет се истражуваат прашања кои вклучуваат различности и идентитетот во работата, како и организациската култура, улогата на комуникацијата во тимот, како и други важни прашања од областа на РЧР. Секако, како неодминлив дел од работата на ГО е вклучувањето на волонтерите, како основен извор на активисти кај ГО. Предметот вклучува практична работа низ дискусии за студии на случај и рефлексија на искуството на студентите. Фокусиран на раководење во организации кои се базираат на вредности, во предметот се прават споредби со практиките на ова поле во јавниот, профитниот и во граѓанскиот сектор.
  • [CMNGO-09] [6 ЕКТС] Правна регулатива и етика за граѓански организации
    Овој модул е дизајниран да ги истражува сите правни и етички прашања со кои се соочуваат ГО. Фокусот на овој модул е преглед на сите закони и подзаконски акти кои се поврзани со работата на ГО, а посебно од аспект на структура, раководење, организациско однесување и отчетност. Од особена важност е студентите да ја разберат поврзаноста на етиката во однесувањето на ГО и имиџот на поединечните организации, како и секторот во целина
  • [CMNGO-10] [6 ЕКТС] Обезбедување на финансии во НВО

Google+