Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис администрација (2020/2021)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-PhDBA180C
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Доктор по економски науки / Насока: Бизнис администрација
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развој на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и со желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.  
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската  политика.
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

- Способни да бидат позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на бизнис и економија.

Вештини на учење

- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [C2012] [10 ЕКТС] Kвантитативни методи на истражување
    Целта на предметот е да се запознаат студентите со проблемите во економетријата, вклучувајќи ги и изборот на спецификациските и функционалните форми, превенцијата од злоупотреба на претпоставките на класичниот линеарен модел, елементите на веројатноста и статистиката за економетрија, интуицијата и теоретската процена на регресионите модели со една и повеќе променливи, извршувањето оригинално емпириско истражување, екстензијата на генералниот линеарен модел, структурата на динамичкиот модел и процената на променливите со ограничена зависност и др. Предметов е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторски проект - теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата. Епистемолошките аспекти на предметот ќе се материализираат низ следниве прашања: Како ние восприемаме? Што е теорија на спознанието, што е спознание, како се доаѓа до научните знаења и вистината?
  • [DBE0102] [10 ЕКТС] Теорија на организација - мултидисиплинарен пристап
    Предметот ќе им овозможи на студентите темелно запознавање на класичните и современите теории од оваа област. Во овој предмет ќе бидат третирани класичната социолошка теорија, организациската економија, институционалната теорија, теоријата на вмрежување и еколошката теорија. Исто така, во овој предмет ќе се елаборираат и следниве содржини: бихејвиористичката теорија на организациското одлучување, спроведување и учење, социјалниот процес на конструкција, форми на организација, организациски дизајн и комплексност, организациска култура и контрола, организациска независност и сила, организациски цели и ефикасност, организацијата и технологијата, информациските процеси и насоки во организацијата, меѓуорганизациски врски и мрежи, нови и стари институционални теории, развој на т.н. организациска екологија, процес на организациски промени, институционални промени и општествени движења и др. Во тие рамки студентите ќе стекнат знаење за анализа на организацијата како систем.
  • [C2015] [10 ЕКТС] Маркетинг-стратегии и менаџмент
    Програмата на предметот треба да им помогне на студентите: - Да научат да размислуваат стратешки кога донесуваат и спроведуваат одлуки за маркетинг. - Да го совладаат применувањето специфични аналитички пристапи и алатки за да ги разберат клиентите, конкуренцијата и пазарите. - Да ги стекнат потребните аналитички и концептуални вештини за развој на успешни маркетинг-програми. - Да развијат стратешко размислување во контекст на сложените проблеми и предизвици со кои се соочуваат современите директори и менаџери. - Да добијат преглед на современите маркетинг-прашања и предизвици со кои се соочуваат маркетинг-менаџерите во динамичното деловно опкружување. - Да развијат разбирање за тоа што е вклучено во донесувањето одлуки во врска со маркетингот, вклучувајќи производ, цена, промоција и донесување одлуки за создавање маркетинг-микс. - Да користат техники за вршење стратешка анализа на пазарот, како и за формулирање маркетинг-стратегии.

Семестар 2

  • [DBE0105] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDBA0101] Менаџмент на знаење, иновации и конкурентност
    • [EDBA0102] Претприемнички менаџмент - напредно ниво
    • [E2498] Гобален стратегиски менаџмент
    • [EDBA0104] Однесување на потрошувачите - напредно ниво
    • [E2504] Дигитален маркетинг
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDBA0101] Менаџмент на знаење, иновации и конкурентност
    • [EDBA0102] Претприемнички менаџмент - напредно ниво
    • [E2498] Гобален стратегиски менаџмент
    • [EDBA0104] Однесување на потрошувачите - напредно ниво
    • [E2504] Дигитален маркетинг

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) докторантот ja продолжува своjaта научноистражувачка дејност според одобрениот индивидуалнен план. Менторот дава процена во врска со овие активности.
  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2016] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.

Семестар 5

  • [DBE0104] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности на индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се евалуира пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [BA-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+