Програма: |
Меѓународно право (2020/2021) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Правен |
Код на програмата: | IL60 |
Академска година: | 2024 / 2025 |
Титула: | Магистер по правни науки - Oбласт: Меѓународно право |
ЕКТС: | 60 (1 годинa) Aкредитација |
Решение: | Решение за почеток со работа |
Целта на студиската програма Меѓународно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на меѓународно-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на меѓународното право и да сее обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на меѓународното право како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.
Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители во РСМ. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на дипломатијата, дипломатското и конзуларното право, меѓународните организации и правата на човекот, институтите на меѓународното приватно право како и за работа во целата дипломатска и конзуларна служба на државата и во меѓународните трибунали и арбитражи.
Знаење и разбирање
- Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното јавно право, меѓународното приватно право, меѓународното кривично право, меѓународното економско право и меѓународните односи.
- Има познавање на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.
Примена на знаењето и разбирањето
- Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното јавно право, меѓународното приватно право, меѓународното кривично право, меѓународното економско право и меѓународните односи.
- Има познавање на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на меѓународно-правните науки.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[MCIL1012]
[6 ЕКТС]
Меѓународно јавно право
Предметот опфаќа работа на случаи од областа на меѓународното право, а во еден дел вклучува и практична работа (intership) во релевантни институции, што, пак, може да опфати и научноистражувачка работа на студентите по групи.
-
[MCCL2011]
[6 ЕКТС]
Меѓународно приватно право
Преку овој модул, студентите ќе стекнат нaпредни сознанија за изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско – правните односи со странски елемент (национални и меѓународни ) и за начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за овој модул) како и за општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегува примената на обично меродавно право во МПП.
-
[MCCR1120]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EMIPL0050] Меѓународни организации
- [MCSS1070] Tранснационален криминал и меѓународен тероризам
- [MCIPL2040] Меѓународно право за правата на човекот
- [EMCIL1015] Мултилатерална дипломатија и Организација на Обединети нации
- [EMCIL1018] Меѓународна безбедност
- [MCIL1011] Mеѓународни односи
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд IT
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EMIPL0050] Меѓународни организации
- [MCSS1070] Tранснационален криминал и меѓународен тероризам
- [MCIPL2040] Меѓународно право за правата на човекот
- [EMCIL1015] Мултилатерална дипломатија и Организација на Обединети нации
- [EMCIL1018] Меѓународна безбедност
- [MCIL1011] Mеѓународни односи
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд IT
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
Семестар 2
-
[MCIPL4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.