
Програма: |
Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава (2019/2020) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Современи науки и технологии |
Код на програмата: | N-MCSTAICTT60C |
Академска година: | 2023 / 2024 |
Титула: | Магистер по информатика / Насока: Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава |
ЕКТС: | 60
(1 годинa)
![]() |
Решение: |
![]() |
Примена на информациони и комуникациски технологии (ИКТ) во настава - 60 ЕКТС е кохезивна програма на студии наменета за подобрување на знаењето и на вештините и за професионален развој на наставниците и другите заинтересирани со најсовремените пристапи за усвојување нови знаења. Овие магистерски студии се фокусираат на ефективно користење на технологија во образованието и наставата. За време на овие студии се стекнуваат нови знаења за тоа како да се дизајнира програма базирана на технологија, како и за: користење на информатичките технологии за подготовка и одржување на часовите, користење и развивање платформи за учење, креирање дигитални едукативни содржини, е-учење, образовен софтвер, мултимедијални проекти во наставата. Притоа се обезбедува професионален развој на наставниците и на другите заинтересирани за студии во образованието. Студиите се базираат на најновите истражувања и практики за е-учење и подобрување на учењето преку ИКТ. Се развиваат практични вештини и аналитички разбирања на ИКТ и е-учење и на нејзината улога во професионалната практика.
Студентите кои ќе го завршат овој циклус ќе бидат обучени:
- Да имплементираат ИКТ во процесот на образование и евалуација - контрола.
- Да дизајнираат модерни курсеви (предмети).
- Да дизајнираат курсеви (предмети) за ученици со посебни потреби.
- Да ги следат и да ги разбираат развојните трендови на ИКТ и нејзината примена во современата настава.
Знаење и разбирање
- Има способност за развој и примена на оригинални и креативни ИТ идеи за обезбедување квалитет во наставата.
- Има способност за примена на ИТ-вештини и знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика за организирање интерактивна настава во образованието.
- Има знаење и разбирање од областите компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање, веб-технологии, дата-бази, основи на мрежи, компјутерски и информациски системи и мултимедија).
- Има знаење од една или повеќе предметни области кои може да да го оквалификуваат студентот како експерт за применување на знаења во дадена област.
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови, дотогаш не сретнати околини или околини за кои нема претходно искуство во образованието. Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на образованието, но и креирање и имплементација на соодветни интерактивни материјали, мултимедијални материјали, алатки за учење и онлајн тестирање преку игра.
- Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите и материјалите во соодветната област.
Способност за проценка
- Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во образованието, како и администрирање на обрзовниот процес и евалуација на учениците со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика. Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
- Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични едукативни процесите кои произлегуваат во реално време во образованието.
- Способност за идентификација на соодветни специјализирани области во образованието и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози преку нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати.
- Водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување, самостојно и автономно во вообичаените информатички области.
- Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.
Семестар 1
-
[MICTT-105]
[6 ЕКТС]
Дизајн на е-учење: учење, инструкции и проценка
Предметот ги опфаќа методологијата, вештините и техниките неопходни за развивање ефективни решенија за е-учење. Овој предмет обезбедува основа за развој на наставата во една онлајн околина. Главните цели се: - Претставување на тековните теории, принципи, методологии и техники на онлајн учење. - Интерактивни решенија за е-учење кои ги задоволуваат потребите на учениците. -Стекнување солидни знаења и вештини за дизајнирање интеракции во рамките на е-учење, кои ја зголемуваат ефективноста на учењето.
-
[MICTT-106]
[6 ЕКТС]
Анализа на податоци
Цели на предметната програма: • Разбирање на собирање на податоци, при-процесирање на податоци; • Употреба на веројатност и статистика во анализата на податоците; • Разликите помеѓу описна и инферентна статистичка анализа; • Визуелизации на податоци, стекнати и подготвени податоци; • Употреба на R во анализа на податоци; • Извлекување на резултати на анализа на податоци од статистичката анализа и обезбедување на поголемо длабинско согледувања за податоците; • Проценка на резултатите од различни статистички тестови.
-
[MAICTT-103]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Во рамките на овој предмет се обезбедува сеопфатен вовед во истражувачките методологии, основните истражувачки теории и протоколи и во пишувањето истражувачки предлози. Студентите во текот на овој предмет ќе стекнат сознанија за цикличната природа на применето истражување и на итеративниот процес на истражувачко пишување, за тоа како: да идентификуваат тема за студија, да формулират прашања, да организират преглед на литература и да изберат соодветни истражувачки проекти и методологии. До крајот на предметот, студентите ќе завршат предлог кој вклучува вовед, преглед на проблемот (значењето на студијата), преглед на литература, секција за методологијата, референци и распоредот на проектот.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MAICTT-102] Компјутерски системи
- [MAICTT-301] Вовед во бази на податоци
- [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
- [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
- [MAICTT-101] Вовед во едукативни технологии
- [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
- [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
- [EMAICTT-202] Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
- [EMAICTT-201] Обработка на податоци во образованието
- [MAICTT-104] Системи за управување со учење
- [MAICTT-204] Создавање на дигитални содржини
- [MAICTT-205] Гамификација на учењето
- [MAICTT-304] Социјалните медиуми во образованието
- [MFE07] Апликации за статистичка обработка на податоци
- [EMAICTT-203] Алатки за пишување на научни трудови
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
- [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [MAICTT-102] Компјутерски системи
- [MAICTT-301] Вовед во бази на податоци
- [MAICTT-203] Мултимедија во образованието
- [MAICTT-201] Софтвер наменет за образование
- [MAICTT-101] Вовед во едукативни технологии
- [MAICTT-302] Професионална етика на информациони технологии
- [MAICTT-202] Помошни технологии за ученици со посебни потреби
- [EMAICTT-202] Дизајн и евалуација на веб-базирани средини за учење
- [EMAICTT-201] Обработка на податоци во образованието
- [MAICTT-104] Системи за управување со учење
- [MAICTT-204] Создавање на дигитални содржини
- [MAICTT-205] Гамификација на учењето
- [MAICTT-304] Социјалните медиуми во образованието
- [MFE07] Апликации за статистичка обработка на податоци
- [EMAICTT-203] Алатки за пишување на научни трудови
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
- [MFE15] ИТ апликации за изработка на научен труд
Семестар 2
-
[MAICTT-400]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.