Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Mенаџирање бази на податоци

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
ЕКТС: 120 (2 години)
Решение:

Студиската програма има за цел:

  • Да одговори на потребите на глобалниот пазар наинформатички и комуникациски технологии (ИКТ) во областа на менаџмент на бази на податоци со посебен акцент на регионалните потреби инаспецифичните перспективи на Република Македонија во насока на градење заеднички европски образовен, работен и истражувачки простор;
  • Да сеподготватстудентите за актуелните и за идните технолошки предизвици од областа на бази на податоци со развивање вештини за критичко размислување неопходни за креативност, етичност и за ефикасност во широк спектар на ИКТ-контексти;
  • Да сеобучатстудентите да пристапуваат кон информациските потреби на менаџмент на бази на податоци на одредена организација, да имплементираатсовремени технологии и да откриваатиновативни решенија за бизнис и истражувачки програми;
  • Да сеподготватстудентите за понатамошни академски,односно научно-истражувачки кариери.

На студентите кои ќе ја завршат студиската програма Менаџирање бази на податоци им се овозможуваат различни работи и перспективи во нивната кариера. Можностите им се прошируваат во ИТ-сектор на банкарскиот системи, корпорциски мрежи, управување со бази на податоци на временски критични околини. Тие ќе стекнат знаења и за: бази на податоци, нивното дизајнирање, системскиот аспект и оптимизација, рудници на податоци, складирање податоци, дистрибутивни бази на податоци, објектни и мултимедијални бази на податоци, како и за последните трендови во полето на базите на податоци како што се технологиите Web и XML и модерно собирање податоци, интеграција на последните технологии, како што се интелигентните системи или дистрибутивните архитектури во традиционалната информатичка технологија и нивното користење за донесување посоодветни одлуки во организацијата. Студентите ќе стекнат и вештини како што се: аналитичко и критичко мислење, работа во група и работа во мултикултурна средина, планирање и организирање итн.

Знаење и разбирање
  • Знаење и разбирање во полето на бази на податоци (дизајнирање, имплементација и управување; концепти на системи за управување со бази на податоци; програмирање бази на податоци) на ниво кое ги проширува основните знаења преку истражувачки ориентирано знаење и способност да се демонстрира експертиза во решавање на проблемите во областа на базите на податоци.
  • Познавање на испитувањето и разбирање на постојните решенија со бази на податоци.
  • Познавање на развиењето и примената на оригинални и креативни идеи, решенија кои бараат интердисциплинарни познавања (бази на податоци, бизнис и други области) и да демонстрираат надлежности во областа на бази на податоци.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Можност ефикасно да ги користат и да ги подобрат постојните решенија и да управуваат со критични ситуации (чување податоци, бекап-планови и обновување) во областа на база на податоци.
  • Можат оригинално, критички, самостојно и креативно да предлагаат решенија за бази на податоци на проблемите во нови или непознати средини кои бараат знаење од вистинскиот живот, администрацијата, науката или бизнисот и организацијата.
  • Способни се да планираат, да извршат и да оценуваат независно истражување во областа на база на податоци.
Способност за проценка
  • Способност за анализа на протокот на податоците, трансакциите и способност да предложи имплементирање решение со бази на податоции.
  • Способност за креативно интегрирање и за синтеза на познавањата и помошта (од специјалисти од други области) и препорачување на користење на соодветните техники и софтверот DBMS.
  • Способност за справување со комплексни и критични проблеми поврзани со организирањето податоци, нивното чување и користење и способност да предложи соодветно специјализирано решение, базирано на технички, социјални и на етички одговорности.
Комуникациски вештини
  • Способен е на јасен и недвосмислен начин во пишувана и усна форма да ги презентира резултатите и познавањата на професионална публика. Исто така способен е до ги прилагоди стилот и формата на комуницирање и за непрофесионална публика.
  • Способен е на критички и независен начин да ги интерпретира и да ги аргументира истражувањата во полето на базите на податоци и истовремено на јасен начин да ги брани и да ги изразува хипотезите и резултатите.
  • Способен е да иницира, да раководи и да зема одговорноста при водењето индивидуалци или групa за работа или при истражување во полето на бази на податоци и известува во писмена или усна форма за резултатите од нивниот напредок.
Вештини на учење
  • Способност да ги идентификува персоналните потреби и насоките за индивидуално и автономно проучување и за реализација во својствен и автономен начин, во полето на базите на податоци.
  • Способност за автономно следење и учење на новите развојни трендови од системите на менаџирање на базите на податоци и од технологите на базите на податоци.
  • Способност да презема одговорност во одвивањето на индивидуални и групно учење во специјализирано подрачје на базите на податоци, вклучувајќи го и дефинирањето на целите од учењето.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и разбирање на различни научни теории и методологии кои се применуваат во областа на менаџирање со базите на податоци. По завршувањето на предметот студентите ќе бидат способни: - Темелно да го објаснат и да го разберат значењето на основните научни концепти. - Ефикасно да пребаруваат релевантни информации и литература. - Да идентификуваат, да формулираат и да опишат научни проблеми. - Да направат внимателен избор на алтернативни истражувачки пристапи. - Темелно да ги опишат, да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различни научни методи за собирање квантитативни и квалитативни податоци. - Да ги применуваат основните научни методи за анализа на квантитативни и квалитативни податоци. - Да разберат различни рамки за изградба на теорија.
  • [6 ЕКТС] Рударење ба податоци
    Предметот има цел да се занимава со екстракција на нови знаење преку анализа на голем број на на податоци, концепти, прашања, задачи и техники на рударење на податоци. Темите вклучуваат подготовка на податоци и функции за селекција на каркатеристики, правила за здружување, класификација, кластери, евалуација и валидација, приспособливост, просторни и низа техники за рударење на податоци и апликации за рударење на податоци.
  • [6 ЕКТС] Дизајнирање и анализа на бази на податоци
    Организација и манипулација со податоците организирани во складови на податоци. Напредни операции и алгоритми за работа со складишта на податоци. Моделирање складишта на податоци, организација и манипулација со податоците сместени во складиштето на податоци, изготвување извештаи од складиштето на податоци
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Семинарска работа
    • Примена на иновативни технологии во бизнис процесите
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Вештачка интелигенција
    Овој предмет претставува вовед во конкретни алгоритми и апликации во основните области на вештачка интелигенција: агент, логика, пребарување, расудување во околини на несигурност, машинско учење и невронски мрежи. Во рамките на предметот се опфаќа и практично искуство во специјализиран програмски јазик и пролог и алатки за обработка на податоци од областа на вештачка интелигенција.
  • [6 ЕКТС] Дистрибуирани системи
    Во рамките на овој предмет се опфатени следниве теми: Архитектури на дистрибуирани системи. Меѓупроцесни комуникации. Типови сокети и развојни платформи. Стандардни апликативни решенија за дистрибуираните компјутерски системи. Основи на клиент - сервер програмирање. Комуникација јазел до јазел кај интернет-базираните дистрибуирани компјутерски системи. Middleware платформи (CORBA, JavaBeans, DCOM, .NET). Мултиагентски системи во дистрибуирана околина. Веб-услуги и технологии кај дистрибуираните компјутерски системи (архитектура и реализација).
  • [6 ЕКТС] Алгоритми за бази на податоци
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат основи, знаења и вештини кои се однесуваат на комплексноста на алгоритмите. Во рамките на овој предмет се обработуваат: листи: секвенцијални и верижни листи, стек, дек, ред, вметнување и бришење елементи, нелинеарна листа; дрва: бинарни дрва, шума, минување низ дрво, балансирани дрва, пребарување, вметнување и бришење елемент, Б, Б+, Б* - дрва; датотеки: организација, операции, неорганизирани датотеки, секвенцијално организирани датотеки, индексно-секвенцијално организирани датотеки, растурено организирани датотеки, индексни датотеки, ажурирање, проектирање; барање: линеарно, бинарно, по м-патеки, барање во растурени датотеки, сортирање со бинарни дрва; одредување: бинарно, со вметнување, со замена, со меурче, брзо сортирање, сортирање со бинарни дрва, сортирање со мешање.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Менаџмент на информациони системи
    • Лабораториски курс по програмирање бази на податоци
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Напредни бази на податоци
    Преку овој предмет студентите ќе бидат запознаени со напредни концепти од полето на бази на податоци. Меѓу темите кои ќе бидат покриени со овој предмет се: напреден SQL, релациона алгебра, оптимизација на пребарувачи, анализа на план на екзекуција на пребарувачи, методи на индексирање, нормализација на податоци и конкуренција, не-ралациони бази на податоци (NoSql, Graph итн), објектно ориентирани бази на податоци итн. Дополнително, студентите ќе научат како да развиваат апликации кои што комуницираат со бази на податоци, користејќи модерни методи како што се ORM системи, дизајнирање на query-first апликации, ламбда изрази итн.
  • [6 ЕКТС] Вчитување на информации
    Во рамките на овој предмет се опфатени следниве теми: Случајна варијабла: дефиниција, моменти, основни типови распределби. Случајни вектори: основни поими, моменти, функции од случајни вектори. Елементарно тестирање хипотези: Бајес, Минимакс, Нејман-Пирсон. Случајни процеси. Случаен процес: дефиниција, карактеристики и видови. Стационарност и ергодичност на случајни процеси. Случајни процеси со независни стационарни прираснувања. Маркови процеси.. Процеси на раѓање и умирање. Конечни вериги на Марков. Автокорелациона функција и спектрална густина на моќност. Пренос на случаен процес низ линеарен систем. Гаусов процес. Поасонов процес. Случаен шум. Термички шум.
  • [6 ЕКТС] XML и бази на податоци
    Во рамките на овој предмет се опфатени следниве теми: Напредни XML, полуструктурирани податоци и XML шеми и бази на податоци. Семантичко моделирање. ЕР модели. УМЛ модели. Релациони модели на бази на податоци, логичка и физичка организација. Формални прашални јазици: релациона алгебра и релациона пресметка. SQL-2. Вметнување прашални јазици во програмските јазици. Методологии за проектирање бази на податоци. Функционални зависности и нормализација. Објектно-ориентиран модел на бази на податоци. Објектно- релационен модел на бази на податоци. SQL-3.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Тимски проект
    • Безжично и мобилно процесирање
    • Напредни теми по криптографија и апликации
    • Веб сервиси
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Тимски проект
    • Безжично и мобилно процесирање
    • Напредни теми по криптографија и апликации
    • Веб сервиси

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+