COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Студии за безбедност (2020/2021)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: SEC60
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по правни науки - Oбласт: Студии за безбедност
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма по Студии за безбедност е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на областа на овие студии со цел професионално оспособување за базичните професии кои се поврзани со областа како и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на безбедносните системи како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.

Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители во РСМ. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии).  Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на националната и меѓународната безбедност, со посебен акцент во вршење на професиите во органите на безбедносниот систем во земјава.

Знаење и разбирање

- Има напредни теоретски знаења и практично разбирање на националниот систем за безбедност и репродуцира знаење за цели и стандарди за безбедност;
- Има познавање и увид на конкретни мерки и превентивни и репресивни акции на безбедност во контекст на управувањето со кризни ситуации и приоритети во областа на безбедноста;
- Поседува детални податоци за разбирање и прифаќање на основните принципи на професионалната етика во областа на безбедноста;
- Има специфично значење на технологии и методологии на истражување во областа на безбедноста;

Примена на знаењето и разбирањето

- Идентификува и спроведува политики, процедури и правила за безбедност во областа.
- Идентификува и анализира најкомплицирани прашања во областа на безбедноста, кои учествуваат активно во сите фази на имплементацијата на политики, процедури и одлуки во областа на безбедност и во воспоставување стандарди за безбедност во организации и институции од областа.
- Толкува и расправа за современите прашања во врска со комплексни ризици, предизвици и закани за безбедноста.
- Формулира планови, извештаи и стратегиски документи од областа на управувањето со кризи ситуации и користи техники и механизми за контрола на безбедносни стандарди.
- Го применува знаењето стекнато преку процесот на истражување на решавање комплексни и практични безбедносни прашања.

Способност за проценка

- Донесува одлуки за решавање на најсложените случаи, преку истражување на креирањето практични политики, процедури и одлуки во областа на безбедноста.
- Оценува и разликува стандарди за безбедност на организациите и институциите во областа на безбедноста.
- Поседува напредно критичко размислување, со примена на методот на анализа и споредба;

Комуникациски вештини

- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на безбедноста.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.

Вештини на учење

Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на безбедноста.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.

Семестар 1

  • [MCCR1220] [6 ЕКТС] Кривично материјално правo
    Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и клиничкиот метод.
  • [MCCR1040] [6 ЕКТС] Криминологија
    Стекнување напредни знаење за предметот на проучување на криминологијата и на главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и со жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
  • [MCCR2040] [6 ЕКТС] Kриминалистика
    Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCCR3030] Прекршочно право
    • [EM478] Криминалистичка методика
    • [MCCR3010] Виктимологија
    • [MCCR2010] Пенологија
    • [MCCR1310] Кривично процесно право
    • [MCCR1420] Малолетничка деликвенција
    • [EM477] Малолетничко споредбено казнено право
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [MCSS2031] Криминалистички техники и тактики
    • [MCSS2032] Криминалистичка психологија
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [MCSS3040] Етика во криминалистика
    • [MCSS2030] Полициско право
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCCR3030] Прекршочно право
    • [EM478] Криминалистичка методика
    • [MCCR3010] Виктимологија
    • [MCCR2010] Пенологија
    • [MCCR1310] Кривично процесно право
    • [MCCR1420] Малолетничка деликвенција
    • [EM477] Малолетничко споредбено казнено право
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [MCSS2031] Криминалистички техники и тактики
    • [MCSS2032] Криминалистичка психологија
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [MCSS3040] Етика во криминалистика
    • [MCSS2030] Полициско право

Семестар 2

  • [MCSS4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+