-
Албански јазик за професионални цели
По завршувањето на предметот Албански јазик за професионални цели, од студентите ќе се очекува да можат да ги употребат практично знаењата кои ќе им послужат во текот на нивното вработување како и во нивното понатамошно професионално ангажирање. Конкретно ќе се очекува да ги знаат: разликите во пишаниот и зборуваниот јазик, карактеристиките на професионалното комуницирање, формите на професионалното комуницирање(извештај, CV, електронски пораки), спецификите на професионалното пишување, правописот на најупотребливите граматички форми, да ги препознаваат разликите во научниот, административниот и политичко-општествениот стил на пишување, правилата за организирање интервју и правилата на дебатирање, да знаат правилно да пишуваат мотивациони писма, следејќи ги правилата на академското изразување да направат писмена и усна интерпретација на дадени текстови, итн.
-
Академско пишување на англиски јазик
Целта на овој предмет е да им помогне на студентите да ги развијат академските вештини за пишување на различни начини. На студентите ќе им се овозможи да ги комуницираат нивните идеи на јасен, течен и ефективен начин за да произведат едно пишано дело. Студентските академски вештини ќе се развијат постепено преку вежбите што помагаат во пишувањето како: пишување на различни видови на параграфи и есеи. Исто така, студентите ќе се запознаат со правилата за цитирање и парафразирање и ќе разберат што значи плагијат. Повратната информација на едно напишано дело ќе содржи поправање на грешките од самите студенти, поправање на грешките помеѓу соучениците, и поправање на грешките од страна на предавачот на содржината, организацијата и јазичните грешки.
-
Академско пишување на македонски јазик
По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и напредна комуникација на македонски јазик со посебен акцент на вештините на пишување на македонски јазик. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на Академско пишување на македонски јазик, студентите ќе бидат во можност да ги надградат своите способности за пишување на повеќе нивоа и со тоа да станат посигурни и покомпетентни во пишувањето на македонски јазик и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци, како и да стекнат способност за одлична писмена и усна комуникација на македонски јазик.
-
Академско пишување на албански јазик
По завршувањето на секое ниво, од студентите ќе се очекува да можат да пишуваат есеј и научно-истражувачка работа според правилата научени за време на предавањата. Конкретно од нив ќе се очекува овие знаења да ги имаат изградено над знаењата за функцијата, градбата и видовите параграф, начинот на одбирање тема за научно-истражувачка работа, собирањето на материјалот, правилата за документирање на изворот, итн., па се до завршниот модел.
-
Германски јазик (ниво 1 до 4)
По завршувањето на секое ниво, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења според Европската јазична рамка кои се посебно и конкретно одредени според нивото. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на предметите по германски јазик, студентите ќе бидат и во можност да размислуваат критички по повод различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и писмено и усно да ги изразуваат своите мислења и ставови.
-
Француски јазик
Францускиот јазик го зборуваат 200 милиони луѓе низ целиот свет: 115 милиони како мајчин јазик и 85 милиони кои го учат, правејќи го втор најучен јазик по англискиот јазик. Францускиот е мајчин јазик на 5 континенти.
По англискиот јазик, францускиот е најчесто користен јазик во меѓународни организации.
Францускиот е, заедно со англискиот јазик, јазикот на работата на Секретаријатот на Обединетите нации, а официјален јазик заедно со пет други јазици (англиски, шпански, руски, арапски и кинески).
Францускиот јазик е официјален јазик на Светскиот поштенски сојуз.
Францускиот е еден од трите работни јазици на Европската унија, другите два се англискиот и германскиот јазик. Францускиот е единствениот јазик кој се употребува во дискусиите на Европскиот суд за правда.
Францускиот заедно со англискиот јазик е официјален јазик на Меѓународниот Олимписки Комитет.
Во меѓународните институции како што се УНЕСКО, НАТО, Советот на Европа и на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), Светската Анти-допинг Агенција, ФИФА (Меѓународна Федерацијана Фудбалските Асоцијации), францускиот е официјален јазик, а во други, како Светската банка, Светската здравствена организација, Африканската унија и Интерпол, францускиот е претпочитан јазик за работа.
Францускиот е јазик на работа во невладини организации како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Амнести интернешенел, Лекари без граници,Правници без граници, Лекари на Светот.
-
Јавно говорење
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе се стекнат со знаења за процесот на комуникација, етичките одговорности на јавниот говорник, како и за различните модели на информативни и убедливи говори. Освен тоа, студентите ќе се стекнат со вештини за подготовка и доставување на различни видови на говори, анализа на публиката, истражување на говорни теми, подготовка на говори, итн. По завршувањето на предметот Јавно говорење студентите ќе бидат во можност да размислуваат критички преку конструктивна само-критика и критика за говорите на другите.
-
Меѓукултурни студии
По завршувањето на овој предмет, студентите ќе можат да ги идентификуваат глобалните прашања и проблеми од перспектива на различни култури, комуникациската динамика во другите култури, сличностите и разликите меѓу своите вредности и оние на другите култури, како и сличностите и разликите меѓу нивните комуникациски практики и оние од другите култури. Освен тоа, студентите се очекува да станат по свесни за стереотипите кои општеството ги има за различните култури, и ќе почнат подобра да го разбираат своето место во глобалната заедница. Студентите критички ќе се вклучат во размислувања за нивната етничка припадност, пол и родовиот идентитет, класа, вера, национално потекло, возраст и други демографски карактеристики како и нивното влијание врз комуникациските процеси. По завршувањето на предметот Меѓукултурни студии, студентите исто така ќе се стекнат со комуникациски вештини за работа во групи преку учество во истражувачки проекти, како и ќе се здобијат со вештини за презентација на нивните истражувачки проекти.
-
Комуникациски вештини
Предметот Kомуникациски вештини е дизајниран да им овозможи на студентите практично да ја применуваат меѓучовечката комуникација. Студентите ќе имаат можност да учат интерперсонални вештини (како перцепција, слушање, вербална и невербална комуникација); јавно говорење (како организација, испорака и основи на пишување јавни говори) и комуникација во мала група (како лидерство, самоувереност и слушање). Предметот исто така ќе се фокусира на обезбедување со основни познавања и разбирања за процесите на барање работа, како со писмена така и со усна комуникација, преку задачи како што се: пишување биографија, мотивациско писмо, симулации за интервјуирање, итн.
-
Напреден Excel
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања од примената и можностите понудени од страна на апликацијата Microsoft Excel и воедно да се оспособат за реализирање на напредни задачи поврзани со програмата која се изучува во нивниот факултет.
-
Напредни ИТ вештини
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со основни познавања и вештини од областа на информатичките науки.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Microsoft Office апликациите (Windows, Word, PowerPoint, Excel, Access) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на практични проекти.
-
Напредни познавања за Word и PowerPoint
Целта на овој предмет е да студентите да се стекнат со напредни познавања и со можностите понудени од страна на апликациите на Microsoft Word и ПауерПоинт, и воедно да се оспособат самостојно да реализираат разни проекти и конкретни сложени задачи поврзани со програмата на која студираат.
-
Гугл Апс (Google Apps)
Цели на предметната програма се:
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со напредни познавања и вештини од областа на електронските сервиси (cloud applications).
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на Google Docs апликациите (G-mail, Documents, Spreadsheets, Presentations, Drawings и Forms ) и истите да ги применуваат во реалниот живот.
* Да ги оспособи студентите да работат индивидуално или во група на разни проекти и тоа онлајн директно преку веб прелистувачот.
-
Напреден Access
Бази на податоци се идеални алатки за следење на големи волумени на податоци, a Microsoft Access е доста популарен и претставува моќно средство кое се користи за дизајнирање и развивање на Windows базирани бази на податоци.
Овој предмет е наменет за нови корисници на Access, каде се обработуваат најважните функции потребни за работа со бази на податоци.
-
Десктоп-публикации
Целта на овој предмет е дизајн и обработка на растер и вектор графика преку водечките програми Adobe Photoshop и Illustrator како и дизајнирање и публикација на комерцијални материјали за печатење со помош на Adobe In Design.
-
Веб-публикации
Развивање дури и едноставен веб-страница според важечките стандарди бара познавање на Hypertext Markup Language (XHTML) и Cascading Style Sheets (CSS). Повеќето веб-страници исто така користат слики, дали во форма на банери, копчиња, логоа, слики или скенови. Adobe Fireworks е изграден како алатка за да креирате и манипулирате со слики наменети за веб, и да им овозможи на креаторите да се ги оптимизираат овие слики, со цел да се намали големината на датотеката. Fireworks, исто така, обезбедува одлична интеграција со Dreamweaver. Оваа серија обезбедува сеопфатен вовед во XHTML, CSS, и креирање на веб графика.