Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Претприемништво и локален економски развој (120 ЕКТС)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
ЕКТС: 120 (2 години)
Решение:
Целите на оваа програма се следниве:
  • теоретско и емпириско знаење од областа на претприемништвото;
  • анализа на различните димензии на претприемништвото;
  • третирање на проблемите на економскиот развој во економиите во транзиција како што е Република Македонија;
  • анализа на проблемите на локалниот економски развој и мерките и политиките поврзани со него;
  • анализа на правното окружување на претприемништвото на национално, европско и на меѓународно ниво;
  • испитување на влијанието на глобализацијата и на членството во Европската унија врз локалниот економски развој;
  • искуство на следење предавања од професори кои доаѓаат од партнерските универзитети од Европската унија, како Велика Британија, Германија, Италија, Шведска, Белгија, Словенија, Грција и учење на различни практики на предавање и совладување на знаењето од универзитетите од земјите членки на Европската унија;
  • запознавање со најновата литература поврзана со претприемништвото и со локалниот економски развој издадена во публикациите на англиски јазик;
  • способност да се направат индивидуални независни истражувања на напредно ниво. 
 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:

  • Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.   
  • Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата. 
  • Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската политика.
  • Да бидат информиран и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
  • Пресметка на основните на развојот на претприемништвото и на неговото влијание врз локалниот економски развој на државата.
  • Давање критички осврт на развојните економски политики и на создавањето на предуслови за развој на малите и средни претпријатија
 
Примена на знаењето и разбирањето
  • Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
  • Подобрување на претприемачките способности и можност за препознавање на предностите во развојот на економијата со примена на претприемништвото.
  • Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот, а посебно на процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
  • Овозможување развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за започнување или за поттикнување мали и средни претпријатија.
  • Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на претприемништвото и на менаџментот на малиот бизнис.
 
Вештини на учење
  • Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
  • Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации
 

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Квантитативни и квалитативни методи на истражување и нивната примена во студиите по економија и бизнис, истражувања и нивна анализа, студии на случај, регресивна анализа, користење статички софтвер како SPSS и Mikrofiti.
  • [6 ЕКТС] Претприемништво
    Во рамките на овој предмет ќе бидат обработени следниве прашања: теоријата на претприемништвото и улогата на претприемништвото од Шумпетер до модерните времиња, претприемништвото и малите и средни претпријатија, важноста на претприемништвото за економскиот развој и вработувањата, карактеристиките, профилите на претприемништвото, претприемништвото во економиите во транзиција, претприемништво и иновациите, кругот на бизнисот и претприемништвото.
  • [6 ЕКТС] Деловното право и регулативата на ЕУ и меѓународното деловно право и регулатива
    Релевантноста на правнaта критика на новите компании, економските права и регулативите на ЕУ (конкуренцијата, регулативата на социјалната политика и работната сила, правата на интелектуална сопственост), теми на меѓународното деловно право.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    Слободни изборни предмети
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Mетодологија на наставата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Економија за менаџери
    • Макроекономско деловно окружување и МСП
    • Интеграцијата во Европската унија и развојот на малите и средните претпријатија

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Менаџмент на информациони системи
    Во рамките на овој предмет ќе бидат вклучени теми од областа на стекнување, обработка и употреба на информации од компаниите. Ќе бидат вклучени информатички технологии, но само во однос на нивната улога во обработка на информациите на претпријатијата, односно за поддршка во целокупниот процес за нивно управување. Внимание ќе биде посветено на следниве аспекти: пристап до управување со информатички системи, основни типови на менаџментот на информационите системи, информатичката технологија и менаџментот на информационите системи, градење на менаџментот на информациони системи во претпријатието.
  • [6 ЕКТС] Економија на развој и транзиција
    Преглед на теориите и моделите за економски развој, главните проблеми во економската развојна политика: сиромаштијата, нееднаквоста, нискиот раст, миграцијата, развојот на човечкиот капитал главните проблеми кои се јавуваат во економиите во транзиција и нивната интеракција со проблеми во развој.
  • [6 ЕКТС] Локалниот економски развој и југоисточноевропските земји (со посебен акцент на Република Македонија)
    Во рамките на овој предмет се претставени сознанија за: истражувањето на проблемите на локалниот економски развој во земјите од Југоисточна Европа, улогата на институциите, создавањето на синџирот на снабдување, кластерите и други алатки за ЛЕР, невработеноста и наследството од социјализмот и неговото влијание, човечкиот капитал.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    Слободни изборни предмети
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Mетодологија на наставата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Економија за менаџери
    • Макроекономско деловно окружување и МСП
    • Интеграцијата во Европската унија и развојот на малите и средните претпријатија

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Меѓународен бизнис
    Глобализацијата на производството и дистрибуцијата, принципите на меѓународната економија, странските директни инвестиции, влијанието на мултинационалните компании врз фирмите, Светската трговска организација и нејзините импликации.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент на мали и средни претпријатија
    Mенаџмент на операции, маркетинг, финансии, човечки ресурси, електронската трговија во малиот бизнис, истражувања на влијанието на мрежите врз динамиката на интернационализацијата на малите и средни претпријатија.
  • [6 ЕКТС] Активната политика на пазарот на работна сила и ЛЕР
    Анализа на невработеност во економиите во транзиција, активните политики во пазарот на трудот (создавањето нови работни места, обука, намалување на информациската асиметрија) и нивните потенцијални влијание.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Истражување на пазарот за мали и средни претпријатија
    • Маркетинг на пазарот за мали и средни претпријатија
    • Бизнис-етика и општествена одговорност
    • Финансиско сметководство за МСП
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Истражување на пазарот за мали и средни претпријатија
    • Маркетинг на пазарот за мали и средни претпријатија
    • Бизнис-етика и општествена одговорност
    • Финансиско сметководство за МСП

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Pas dhënies së provimeve, studenti mund të fillojë me procedurën e paraqitjes, punimit dhe mbrojtjes publike të temës së magjistraturës. Studenti zgjedh mentorin, me udhëzimin e të cilit e përgatit aplikimin e tezës së magjistraturës. Aplikimi patjetër duhet të lejohet nga Këshilli mësimor-shkencor i fakultetit. Pas punimit të versionit final të tezës së magjistraturës, Këshilli mësimor-shkencor formon komision tre anëtarësh, i cili përgatit raport, me çka pranohet ose refuzohet teza e magjistraturës. Raporti pozitiv miratohet nga Këshilli mësimor-shkencor dhe caktohet dita e mbrojtjes publike. Pas kryerjes me sukses të mbrojtjes studenti pajiset me diplomë – Magjistër i shkencave ekonomike / Drejtimi: ndërmarrësia dhe zhvillimi ekonomik vendor.
Google+