Цел на студиската програма:
- Придонес кон еколошките трендови кои се развивaат во нашево општество.
- Поттикнување на јавното мислење за решавање на еколошките проблеми.
- Научноистражувачка дејност.
По завршување на овие студии студентите стекнуваат 120 EКТС, со што можат да го продолжат третиот циклус студии. Стекнатите 120 EКТС- кредити ќе им овозможат на студентите да продолжат со своите студии на оние високообразовни установи во земјава и во странство кои имаат усогласени, еквивалентни и/или аналогни студии според Болоњската декларација.
Знаење и разбирање
- Природните процеси кои се одржуваат во животната средина.
- Еколошки теми, како што се: ефектот на стаклена градина, киселите дождови, загадувањето на воздухот.
- Значењето на ефективната акција за заштита и уредување на животната средина.
Примена на знаењето и разбирањето
- Научни истражувања.
- Знаења на еколошки, економски и на едукативни процеси.
- Проследување на научните светски трендови.
Способност за проценка
- Познавање на концептите, стратегиите и можностите на нивна примена во решавање одредни проблеми од областа на управувањето со животната средина.
- Разбирање на заемната врска меѓу општеството и околината.
- Вештини на собирање, подготовка, анализа и прикажување податоци за животната средина, неопходни за нејзино управување.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Составувањепогодни прашања кои упатуваат на значајна студија и истражување.
- Дефинирање такви фундаментални концепти како што се: животната средина, задницата, развојот и технологијата и примена на дефиниции кон локално, национално и глобалноискуство.
- Развој на хипотези базирани на балансирани информации, круцијални анализи и внимателнисинтези, и нивно тестирање наспроти новите информации, личното искуство и верувањата.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со адекватни значења на методологијата на научното истражување и со суштината на научното истражување, методологијата на истражувањето, процедурата на истражувањето, видовите истражувачките трудови. Посебно внимание се обрнува на правилното упатување на студентите на суштината на научното истражување, за правилна интерпретација и оценување на резултатите на истражувањето, како и на самото пишување на научниот труд. Исто така студентите постапно се запознаваат со процедурата и со фазите на подготвувањето и пишувањето на магистерската теза.
-
[6 ЕКТС]
Право на животна средина
Целта на овој предмет е:
- Студентите да ги стекнат најзначајните знаења за правото на животна средина, почнувајќи од меѓународното, па сè до националното право.
- Студентите да стекнат знаења за меѓународната рамка на правната регулатива за животната средина и за стандардите кои треба да се почитуваат во оваа област.
- Студентите да се запознаат со правото на животна средина како академска дисциплина, перспективите, концептуалните теоретски и практични проблеми при имплементација на правото за животна средина.
- Студентите да стекнат понапредни знаења за правото на животна средина и да им се помогне на студентите да ги развијат своите знаења во оваa област.
-
[6 ЕКТС]
Природни ресурси
Целите на овој предмет се:
- Студентите да се запознаат со понапредните достигнувања и размислувања проблемите поврзани со животната средина, а особено со природните ресурси, нивната расположливост и обновливост и со опасноста од загадување.
- Студентите да се запознаат со улогата на човекот како клучен фактор за загадувањето и за зачувувањето на животната средина како и со оптималниот менаџмент со природните ресурси.
- Создавање позитивни еколошки навики и развивање еколошка свест околу природните ресурси.
- Запознавање со националните и со глобалните политики во сферата на животната средина (природните ресурси).
- Менаџирање на природните ресурси како услов за одржлив развој.
Насоките на Националната стратегија на РМ за рационално користење на природните ресурси со цел обезбедување одржлив развој.
-
[6 ЕКТС]
Технолошкиот развој и животната средина
Основна цел на овој предмет е развивање на познавањата на студентите за технолошкиот развој и за напредната технологија која ја користат светските компании и за тоа како тие влијаат врз заштита на животната средина.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Информатички системи за управување со животна средина
Усвојување општи знаења во врска со информатичките технологии, ризиците и влијанијата врз околината и здравјето. Специфични знаења за информатичките технологии и за начините за оценка на информациите и технологии од аспект на околината и економски аспект.
-
[6 ЕКТС]
Енергија и животната средина
Целта на овој предмет е:
Усвојување општи знаења во врска со енергетските технологии, ризиците и со влијанијата врз околината и здравјето и специфични знаења за енергијата и климатските промени и начините за оцена на енергетските технологии од аспект на околината и од економски аспект. Секако и користење на стекнатите знаења во функција на одржлив енергетски развој.
-
[6 ЕКТС]
Институционална поставеност и соработка во областа на животна средина
Основна цел на овој предмет е запознавање со институциите кои донесуваат одлуки во областа на животна средина, како домашни така и меѓународни. Исто така, целта е да се согледа институционална поставеност на овие институции, како и нивната меѓусебна соработка, како и соработка со институциите од другите области.
-
[6 ЕКТС]
Еколошка едукација и одржлив развој
Целта на овој предмет е подигање на еколошката свест и култура, стекнување знаење, вредности, вештини и градење правилен однос кон животната средина како еден од основните столбови на одржливиот развој.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Економија и менаџмент на животната средина
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со економски алатки и методи за анализирање на основните проблеми на животната средина. Предметот претставува комбинација на теоретска анализа со дискусии на одредени политики за животната средина. Во рамките на овој предмет се обработуваат прашања поврзани со микоекономската и макеоекономската анализа, проблеми за општествените трошоци, политиката на зајакнување на придобивките од животната средина итн.
-
[6 ЕКТС]
Одржлив развој и животна средина
Во рамките на овој предмет се обработуваат следниве прашања: меѓусебните еколошки односи, етика на животната средина; еколошките принципи и нивната примена: заемни научни принципи, интеракции, видови екосистеми и заедници, принципи на населението, прашања поврзани со населението; енергија: енергија и цивилизација, извори на енергија, нуклеарната енергија; Човечки влијанија врз екосистемите: човековото влијание врз ресурсите и екосистемите, планирање и користење на земјиштето, почвата и нејзината употреба, земјоделските методи и штетниците, управување со води; загадувањето и политиките: ризик и трошок, загадувањето на воздухот, управување со цврст отпад; опасни и токсични отпади, геологијата и необновливите минерали; еколошките опасности и здравјето; климатските промени и осиромашување на озонската обвивка; биодиверзитетот; одржливиот развој и глобалната животна средина, луѓето и одржливоста, екологијата и одржливоста, човечката популација и урбанизацијата, одржување ресурси и квалитетот на животната средина.
-
[6 ЕКТС]
Оперативен менаџмент
Основната цел на предметот е студентите да стекнат пошироко разбирање за некои концептот на оперативниот менаџмент. Ваквите концепти вклучуваат (но не се ограничени на) стратегиски операции, процесот на дизајн, прогнозирање, инвентар за управување, планирање и управување со квалитетот. Акцентот ќе биде ставен на примена на овие концепти за вистински бизнис-ситуации. По завршувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Да ги разбираат и да ги применуваат концептите на процесот на подобрување и реинженеринг.
- Да бидат свесни за различните производствени технологии и за нивната намена.
- Да ја разбираат важноста на управување со квалитетот и статистичка контрола на процесите. Да бидат во можност да препорачуваат локација за објект и да го испланираат својот распоред.
- Да бидат во можност да користат различни техники за прогнозирање.
- Да го разбираат управувањето со проекти и да бидат способни да ги применуваат проектните техники.
-
[6 ЕКТС]
Стратешка конкурентна анализа
Предметот има формален приод кон проучувањето на индустриска организација. Притоа се анализира начинот на кој фирмите донесуваат производствени и продажбени одлуки и стратегиски делуваат на пазарот на трудот. Предметот е поделен на четири дела. Се започнува со проучувањето на политиките за оптималните цени и со стратегии за сегментација на пазарот. Притоа се применува теоријата на играта и проучувањето на олигопол интеракцијата, фокусирајќи се на цените и излезнитe стратегии во динамична средина. Во завршниот дел на предметот, се анализираат стратегиите за доминација на фирма, особено преку одбегнување на потенцијалната конкуренција. Листата на таквите стратегии вклучува капацитет на експанзија, производство и ексклузивни договори. Главната цел на предметот е да се развие основната интуиција за цените и за другите форми на стратешко однесување на дел од фирмите, во период кога се соочуваат со сложени модели на побарувачката на потрошувачите и кога се соочуваат со стратешки конкуренти. Преку понудениот материјалот се предвидува и воведување на различни теми кои ќе бидат обработени во училница. Предавањата и испитот ќе бидат фокусирани на формална анализа. Ќе има проект кој ќе биде фокусиран на картелите, спојувањата и преземањата. Повремените дополнителни предавања ќе обезбедат дополнителна мотивација и можности за развој на интуицијата.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Критичко размислување и етика
Целта на предметот е да го зголеми нивото на моралната свест на студентите преку обезбедување рамки за донесување морални и етички одлуки во организациите. Преку предметот студентите ќе се запознаат со етичкиот кодекс на комуникација и ќе се дискутира за етички дилеми во користењето на информатичките технологии. Критичкото мислење ќе биде земено предвид, како процес со кој ние ги развиваме и ги поддржуваме нашите верувања во однос на тоа како ние ја оценуваме силата на аргументите на другите во ситуации од реалниот живот
-
Менаџмент на информациони системи
Преку овој предмет студентите стекнуваат знаења за апликациите на информатичките технологии (ИТ) во решавањето на проблемите на еколошките ресурси. Исто така, во рамките на овој предмет се нагласуваат и ризиците и влијанијата што ИТ-и ги имаат врз здравјето и животната средина. Предметот исто така опфаќа специфични методологии за евалуација на ИТ од економски и од еколошки аспект.
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.