Оваа програма подразбира мултидисциплинарен пристап кон проширување и продлабочување, т.е. диференцирање на образованието во рамките на правно-политичките и правно-економските студии во втор циклус.
Тие се студии кои се изградени од 3 модули-насоки кои спаѓаат во областа на современите меѓународно правни студии.
Предвидени се следниве модули:
1. Меѓународно право;
2. Меѓународни односи;
3. Меѓународно бизнис право;
Во време на светската глобализација, која е основниот двигател за светските интеграциски процеси, клучно е да се препознае важноста на овие меѓународни текови кои се преставуваат како надворешно-внатрешни двигатели на државните политики и програми кои се базираат врз динамичното меѓународно право и врз динамичните меѓународни односи. Овие правно-политички односи се реализираат во меѓународниот бизнис кој гради сојузи и прави конфликти во меѓународни и национални рамки. Имајќи ја предвид оваа растечка важност на овие области и тенденциите на нашава земја кон вклучување во тие светски интеграции, програмата треба да одговори на овие новонастанати кадровски потреби на земјава.
По завршувањето на оваа студиска програма студентите ќе бидат во можност врз основа на стекнатите знаења и вештини да работат во националните институции кои го применуваат правото, а посебно меѓународното право, меѓународното бизнис право и меѓународните односи, како и меѓународните институции и организации кои го барат овој профил на кадар. Студентите кои ќе се насочат на меѓународното право ја имаат и можноста за продолжување на образованието во националниот правен систем и за практикување на националното право.
Знаење и разбирање
- Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.
- Има способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
- Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња.
- Поседува знаење од една или од повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
Примена на знаењето и разбирањето
Aftësi për zgjidhur problemet në mënyrë kritike, të pavarur dhe kreative, me një origjinalitet të caktuar në mjedise të reja ose të panjohura, në një kontekst multidisiplinar, të lidhura me fushën e studimit.
Способност за проценка
- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солиднопроценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и при процена;
- Способност за оценување и селекција на научнитеории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
- Преземање значителна одговорност зазаедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Aftësi për të njohur nevojën personale për dituri dhe aftësi të mëtejshme për veprim të pavarur gjatë përvetësimit të njohurive dhe shkathtësive të reja në korniza shoqërore;
- Aftësi për të marrë përgjegjësi për zhvillim të mëtejshëm dhe për t’u përsosur profesionalisht.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Современи проблематики на меѓународното право
Целта на предметот е да се претстави меѓународното јавно право, кое ги опфаќа принципите и правилата кои ги регулираат односите меѓу државите и интеракциите мегу нив, и односот на државите со другите меѓународни актери. Преку овој предмет студентите ќе стекнат глобално разбирање на правилата со кои се регулираат меѓународните односи и практични вештини за правно расудување и дискутирање, истражување и пишување за меѓународните прашања.
-
[6 ЕКТС]
Теорија на меѓународнa трговија
Во рамките на овој предмет е опфатено следново:
- Меѓународна трговија и економија;
- Меѓународни трговски проблеми;
- Фактори на мобилност;
- Различни национални трговски политики;
- Теорија на меѓународнота трговија (понуда);
- Теорија на меѓународната трговија (побарувачка);
- Факторите на зголемување и текнолошките промени.
- Трговија и зголемување на економијата во земјите во развој;
- Транспортните трошоци и теоријата на локација;
- Комерцијалната политика (царинска тарифа, девизна контрола, државна трговија, дискриминација цена и картел, економска интеграција);
- Меѓународна распределба на средствата, оданочување и миграција;
- Постапка на прилагодување;
- Промет на капитал (краткорочен и долгорочен капитал);
- Меѓународни монетарни аранжмани;
-
[6 ЕКТС]
Меѓународните односи и глобализацијата
Во рамките на овој предмет се дава историски преглед на развојот на меѓународните односи од првичните идеи за меѓународните односи, од почетокот на 20. век и нивна анализа преку секојдневното функционирање на меѓународните организации, па сѐ до најновиот тренд во меѓународните односи и глобализацијата.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет по странски јазик 1
-
Напреден aнглиски јазик и терминологија 1
Предметот Напреден анлиски јазик и терминологија 1 е наменет за студентите кои веќе имаат одредено познавање на англискиот јазик. Предметот има за цел понатамошно усовршување на сите четири јазични вештини: читање, пишување, слушање и зборување. Темите и терминологијата кои ќе се изучуваат преку овој предмет се поврзани со специфичната терминологија на меѓународното право.
-
Напреден aнглиски јазик и терминологија 2
Предметот Напреден англиски јазик и терминологија 2 е наменет за студентите кои успешно го завршиле предметот Напреден англиски јазик и терминологија 1. Предвиден е за понатамошно усовршување на англискиот јазик. Темите и терминологијата кои ќе се обработуваат се поврзани со агенциите и другите тела на Европската Унија.
-
Напреден aнглиски јазик и терминологија 3
Предметот Напреден англиски јазик и терминологија 3 е наменет за студентите кои успешно го завршиле предметот Напреден англиски јазик и терминологија 2. Со оглед на тоа што се работи за највисоко ниво на аглиски јазик, студентите ќе истражуваат и ќе дискутираат за теми и материјали земени од Централната библиотека на Европската Унија кои се достапни по електронски пат и се отворени за сите оние кои сакаат да го прошират своето експертско знаење во врска со евроинтерграциите.
-
Германски јазик 1
Во рамките на овој предмет се дава вовед во основните структури на германскиот јазик. Учесниците ќе ги развијат своите комуникативни компетенции во читањето, слушањето, зборувањето и пишувањето. Преку овој предмет студентите ќе се оспособат да водат едноставни секојдневни разговори при пазарување или во ресторан и да зборуваат за непосредното минато. Тие ќе се запознаат со стратегиите за слушање со разбирање и ќе можат да извлечат студиски информации од едноставни текстови за читање. Притоа ќе се вежбаат фонетски особености во комуникативен контекст.
-
Германски јазик 2
Овој предмет е наменет за студентите со предзнаење по германски јазик. Во рамките на овој предмет ќе се преминува едноставната комуникација, така што учесниците преку комплексни јазични структури ќе може да известуваат за својата фамилија и своите пријатели, за плановите за во иднина и за минатото. Тие ќе ја изучат деклинацијата на придавките. Ќе ги вежбаат техниките на читање и слушање и преку специјални фонетски вежби ќе го подобрат својот изговор, а и ќе ги пишуваат првите поврзани текстови.
-
Германски јазик 3
Во овој предмет ќе бидат објаснети комплексни структури и комуникативни компетенции во германскиот јазик. Студентите ќе бидат во состојба да иразуваат желби и намери како и да опишуваат временски секвенции. Тие ќе можат да комуницираат во важни секојдневни ситуации (како барање на стан, патувања, ориентација, врски). Претенциозни текстови за слушање и читање ќе бидат предмет на наставата. Студентите ќе исфилтруваат културни и цивилизациски информации од автентични текстови (написи во весник, кратки литературни текстови). Од областа на пишувањето ќе биде вежбано составувањето на едноставни текстови.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражувањето
Целта на предметот Методологија на истражувањето е да се презентира како методите можат да се аплицираат врз истражувачки проблем, како може да се направи истражувачки проект-скица, како студентот критички да се осврне на односот меѓу теориската рамка, методолошкиот пристап, истражувачкото прашање и анализите. Суштинска цел е како студентот самостојно да може да развиваа научноистражувачки проект.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни институции
Во рамките на овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимение се посветува на прашањето на нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото, како и на главните тела воспоставенени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
-
[6 ЕКТС]
Теории на меѓународни односи
Освен изучувањето на доминантите теории од областа на меѓународните односи, во рамките на предметот ќе се анализираат и современи политички и безбедносни проблеми во светот денеска од погледот на секоја од теориите на меѓународните односи. Истовремено, ќе се анализира и идниниот можен развој на меѓународните односи преку дискусија на новите светски агенди и главните теоретски дебати на меѓународните односи, повикувајќи се на главните теоретски протагонисти од секоја од теоретските струии во областа.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет по странски јазик 2
-
Напреден aнглиски јазик и терминологија 1
Предметот Напреден анлиски јазик и терминологија 1 е наменет за студентите кои веќе имаат одредено познавање на англискиот јазик. Предметот има за цел понатамошно усовршување на сите четири јазични вештини: читање, пишување, слушање и зборување. Темите и терминологијата кои ќе се изучуваат преку овој предмет се поврзани со специфичната терминологија на меѓународното право.
-
Напреден aнглиски јазик и терминологија 2
Предметот Напреден англиски јазик и терминологија 2 е наменет за студентите кои успешно го завршиле предметот Напреден англиски јазик и терминологија 1. Предвиден е за понатамошно усовршување на англискиот јазик. Темите и терминологијата кои ќе се обработуваат се поврзани со агенциите и другите тела на Европската Унија.
-
Напреден aнглиски јазик и терминологија 3
Предметот Напреден англиски јазик и терминологија 3 е наменет за студентите кои успешно го завршиле предметот Напреден англиски јазик и терминологија 2. Со оглед на тоа што се работи за највисоко ниво на аглиски јазик, студентите ќе истражуваат и ќе дискутираат за теми и материјали земени од Централната библиотека на Европската Унија кои се достапни по електронски пат и се отворени за сите оние кои сакаат да го прошират своето експертско знаење во врска со евроинтерграциите.
-
Германски јазик 1
Во рамките на овој предмет се дава вовед во основните структури на германскиот јазик. Учесниците ќе ги развијат своите комуникативни компетенции во читањето, слушањето, зборувањето и пишувањето. Преку овој предмет студентите ќе се оспособат да водат едноставни секојдневни разговори при пазарување или во ресторан и да зборуваат за непосредното минато. Тие ќе се запознаат со стратегиите за слушање со разбирање и ќе можат да извлечат студиски информации од едноставни текстови за читање. Притоа ќе се вежбаат фонетски особености во комуникативен контекст.
-
Германски јазик 2
Овој предмет е наменет за студентите со предзнаење по германски јазик. Во рамките на овој предмет ќе се преминува едноставната комуникација, така што учесниците преку комплексни јазични структури ќе може да известуваат за својата фамилија и своите пријатели, за плановите за во иднина и за минатото. Тие ќе ја изучат деклинацијата на придавките. Ќе ги вежбаат техниките на читање и слушање и преку специјални фонетски вежби ќе го подобрат својот изговор, а и ќе ги пишуваат првите поврзани текстови.
-
Германски јазик 3
Во овој предмет ќе бидат објаснети комплексни структури и комуникативни компетенции во германскиот јазик. Студентите ќе бидат во состојба да иразуваат желби и намери како и да опишуваат временски секвенции. Тие ќе можат да комуницираат во важни секојдневни ситуации (како барање на стан, патувања, ориентација, врски). Претенциозни текстови за слушање и читање ќе бидат предмет на наставата. Студентите ќе исфилтруваат културни и цивилизациски информации од автентични текстови (написи во весник, кратки литературни текстови). Од областа на пишувањето ќе биде вежбано составувањето на едноставни текстови.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Меѓународна политика
Во рамките на овој предмет е опфатено следново:
- Вовед во основните концепти во меѓународната политика;
- Меѓународните односи (IR) и меѓународната политика (IP) - предмет, терминологија, спецификација.
- Основни карактеристики, периоди на IP, историја и дипломатија;
- Главни карактеристики и проблеми на IP и дипломатијата во 19. и 20. век и деколонизација;
- Западот и истокот сѐ до крајот на Студената војна. Главните прашања на IP и дипломатијата во постбиполарниот свет;
- Политичката употреба на сила;
-
[6 ЕКТС]
Теорија на конфликти
Во рамките на предметот се анализира зошто разните вооружени конфликти се случуваат, кои се нивните најраспространети видови, што ги предизвикува нив и како конкретните модели за разрешувањето на конфликтите да се применат во конкретни случаи. Теорите на меѓунардоните пдноси, политичките науки, правото и социолошките теории за разните видови конфликти ќе се фокусираат во четири нивоа на анализа на конфликтите: глобално ниво, државно, социјално/етничко и индивидуално ниво.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународно владеење
Во рамките на овој предмет е опфатено изучување на теоријата на меѓунаордното владеење како и на практиката на меѓунардното територијално администрирање, пред сѐ, од практиката на ОН од педесетите години на 20. Век, па сѐ до денес.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Анализа на надворешна политика
Теоретскиот дел од содржината на овој предмет ќе биде фокусирана врз: начините и сретствата за комуникација меѓу државите, влијанието на јавното мислење и медиумите во креирањето на надворешната политика, влијанието на различните внатрешни и надворешни субјекти во фокусирањето на одредени прашања од надворешната политика. Практичниот дел ќе биде насочен кон анализа, отворени дискусии и предвидувања за одредени настани во развој.
-
Право на Европска унија
Историски преглед на развојот на правото на ЕУ од првичните идеи за европска интеграција до основните договори (на ЕЗЈЧ, на ЕЕЗ и Евроатом, па сѐ до договите за ЕУ, од Мастрихт, Амстердам, Ница и Лисабон) и нивна анализа преку секојдневното функционирање на ЕУ.
-
Меѓународно банкарско право
Во рамките на овој предмет е опфатено следново:
- Меѓународна трговија и економија;
- Меѓународни трговски проблеми,
- Фактори на мобилност, различни национални трговски политики;
- Теорија на меѓународната трговија (понуда);
- Теорија на меѓународната трговија (побарувачка);
- Факторите на зголемување и текнолошките промени;
- Трговија и зголемување на економијата во земјите во развој;
- Транспортните трошоци и теоријата на локација;
- Комерцијалната политика (царинска тарифа, девизна контрола, државна трговија, дискриминација, цена и картел, економска интеграција;)
- Меѓународна распределба на средствата, оданочување и миграција;
- Постапка на прилагодување;
- Промет на капитал (краткорочен и долгорочен капитал);
- Меѓународни монетарни аранжмани;
-
Современи општествени проблеми
Првата цел на предметот Современи општествени проблеми е да се стимулира мисловната активност на студентот за една широк спектар на општествени проблеми од локален и глобален карактер. Предавањата ќе бидат одржани со вежби, кои ќе овозможат да проникнеме подлабоко во сржта на општествените фактори кои влијаат врз појавата на феномените наречени општествени проблеми.
-
Компаративна анализа на правните системи
Преку предметот се нудат продлабочени знаења за разните правни системи и традиции во современиот свет, вклучувајќи ги тука континенталниот правен систем (во рамки на кој ќе се изучуваат романското, германското и нордиското правно семејство) и англоамериканскиот правен систем (common law) како и правото на далечниот исток и религиските правни системи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - Пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено да се направи има за цел подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.