Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни правни и политички студии - Мeѓународно право (120 ЕКТС)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Институт Max van der Stoel
ЕКТС: 120 (2 години)
Решение:

Оваа програма подразбира мултидисциплинарен пристап кон проширување и продлабочување, т.е. диференцирање на образованието во рамките на правно-политичките и правно-економските студии во втор циклус.

Тие се студии кои се изградени од 3 модули-насоки кои спаѓаат во областа на современите меѓународно правни студии.

Предвидени се следниве модули:

  1. Меѓународно право;
  2. Меѓународни односи;
  3. Меѓународно бизнис право; 

Во време на светската глобализација, која е основниот двигател за светските интеграциски процеси, клучно е да се препознае важноста на овие меѓународни текови кои се преставуваат како надворешно-внатрешни двигатели на државните политики и програми кои се базираат врз динамичното меѓународно право и врз динамичните меѓународни односи. Овие правно-политички односи се реализираат во меѓународниот бизнис кој гради сојузи и прави конфликти во меѓународни и национални рамки. Имајќи ја предвид оваа растечка важност на овие области и тенденциите на нашава земја кон вклучување во тие светски интеграции, програмата треба да одговори на овие новонастанати кадровски потреби на земјава.

По завршувањето на оваа студиска програма студентите ќе бидат во можност врз основа на стекнатите знаења и вештини да работат во националните институции кои го применуваат правото, а посебно меѓународното право, меѓународното бизнис право и меѓународните односи, како и меѓународните институции и организации кои го барат овој профил на кадар. Студентите кои ќе се насочат на меѓународното право ја имаат и можноста за продолжување на образованието во националниот правен систем и за практикување на националното право.

Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.
  • Има способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
  • Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња.
  • Поседува знаење од една или од повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
Примена на знаењето и разбирањето

Има способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.

Способност за проценка
  • Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
  •  Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солиднопроценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и при процена;
  • Способност за оценување и селекција на научнитеории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.
Комуникациски вештини
  • Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
  • Преземање значителна одговорност зазаедничките резултати; водење и иницирање активности. 
Вештини на учење
  • Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки; 
  • Способност за преземање одговорност зa понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Современи проблематики на меѓународното право
    Целта на предметот е да се претстави меѓународното јавно право, кое ги опфаќа принципите и правилата кои ги регулираат односите меѓу државите и интеракциите мегу нив, и односот на државите со другите меѓународни актери. Преку овој предмет студентите ќе стекнат глобално разбирање на правилата со кои се регулираат меѓународните односи и практични вештини за правно расудување и дискутирање, истражување и пишување за меѓународните прашања.
  • [6 ЕКТС] Теорија на меѓународнa трговија
    Во рамките на овој предмет е опфатено следново: - Меѓународна трговија и економија; - Меѓународни трговски проблеми; - Фактори на мобилност; - Различни национални трговски политики; - Теорија на меѓународнота трговија (понуда); - Теорија на меѓународната трговија (побарувачка); - Факторите на зголемување и текнолошките промени. - Трговија и зголемување на економијата во земјите во развој; - Транспортните трошоци и теоријата на локација; - Комерцијалната политика (царинска тарифа, девизна контрола, државна трговија, дискриминација цена и картел, економска интеграција); - Меѓународна распределба на средствата, оданочување и миграција; - Постапка на прилагодување; - Промет на капитал (краткорочен и долгорочен капитал); - Меѓународни монетарни аранжмани.
  • [6 ЕКТС] Меѓународните односи и глобализацијата
    Во рамките на овој предмет се дава историски преглед на развојот на меѓународните односи од првичните идеи за меѓународните односи, од почетокот на 20. век и нивна анализа преку секојдневното функционирање на меѓународните организации, па сѐ до најновиот тренд во меѓународните односи и глобализацијата.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - странски јазик 1
    • Напреден англиски јазик и терминологија 1
    • Напреден англиски јазик и терминологија 2
    • Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • Германски јазик 1
    • Германски јазик 2
    • Германски јазик 3
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражувањето
    Целта на предметот Методологија на истражувањето е да се презентира како методите можат да се аплицираат врз истражувачки проблем, како може да се направи истражувачки проект-скица, како студентот критички да се осврне на односот меѓу теориската рамка, методолошкиот пристап, истражувачкото прашање и анализите. Суштинска цел е како студентот самостојно да може да развиваа научноистражувачки проект.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни институции
    Во рамките на овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимение се посветува на прашањето на нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото, како и на главните тела воспоставенени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
  • [6 ЕКТС] Хуманитарно право
    Во рамките на овој предмет е опфатено следново прашање: „Дали војните се подложни на регулирање со закон и, ако е така, до кој степен и на кој начин ?“ Студентите ќе стекнат сознанија за историското и концептуалното потекло на напорите на човекот за контрола на однесувањето на учесниците во војната. Притоа, во рамките на предметот се анализира законот за вооружени непријателства, вклучувајќи ги и основните принципи и посебните забрани. Акцентот е ставен на процесот низ кој општи нормативни претпоставки се претвораат во конкретни правила и стандарди.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - странски јазик 2
    • Напреден англиски јазик и терминологија 1
    • Напреден англиски јазик и терминологија 2
    • Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • Германски јазик 1
    • Германски јазик 2
    • Германски јазик 3
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    Во рамките на овој предмет се обработува историјата на меѓународното кривично право: случувања во Версај, по Првата светска војна, во Нирнберг и Токио по Втората Светска Војна, во однос на Балканот и Руанда по Студената војна и оттогаш. Предметот е концентриран на четирите основни злосторства утврдени во Статутот од Рим на Меѓународниот кривичен суд (за воени злосторства, злосторства против човештвото, геноцид и агресија), како и на неодамнешните разговори околу злосторството на тортура и тероризмот. Притоа се обработуваат главните делови од меѓународното кривично право од институционални аранжмани - на МКС и ad hock и „хибридни“ трибунали - како и процедуралните прашања, вклучувајќи имунитет. Се анализира и соучество во меѓународни злосторства од коорпорации.
  • [6 ЕКТС] Дипломатско и конзуларно право
    Во рамките на овој предмет се дава преглед на дипломатското право и конзуларното право, нивниот историски развиток, случаите од практиката во врска со примената на тие правила, опсегот на дипломатските и конзуларните агенти кои ја практикуваат дипломатијата, проблемите поврзани со имплементација на дипломатското и конзуларното право во националните системи. Исто така, во рамките на предметот се анализираат и се изучуваат принципите на ова мегународно право, нивната примена и не примена и неговото влијание на меѓудржавните политички односи, како и искористувањето на дипломатските односи во мегународните конфликти. Предметот ќе се концентрира и на формалните услови за функционирање на овие две професии (дипломат и конзул) базирана на дипломатското и конзуларно право.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни човекови права
    Во рамките на овој предмет се обработуваат филозофски, правни и политички перспективи на човековите права. По краткиот историски вовед во меѓународното право за човекови права, се испитуваат меѓународните договори за човекови права, судовите и институциите, па понатаму темите за човековите права како што е теоријата, покривајќи некои современи филозофски теории за човековите права. Во рамките на последниот дел се истражуваат проблемите со човековите права и полемики, како што се економските и социјалните права, групните права и културниот релативизам.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Анализа на надворешна политика
    • Право на Европска унија
    • Меѓународно банкарско право
    • Современи општествени проблеми
    • Компаративна анализа на правните системи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Анализа на надворешна политика
    • Право на Европска унија
    • Меѓународно банкарско право
    • Современи општествени проблеми
    • Компаративна анализа на правните системи

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат нивните вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - Пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентиве да ја пишуваат магистерската теза со минимални потешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено да се направи има за цел подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+