Програма: |
Менаџмент на проекти (120 ЕКТС) |
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Бизнис и економија |
| ЕКТС: | 120 (2 години) |
| Решение: |
Наставната програма Менаџмент на проекти претставува балансирана комбинација на есенцијални теоретски знаења и специфични професионални вештини. Структурата на двегодишната програма содржи студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди интегративен пристап на теми од областа на менаџментот на проекти, имплементирајќи го овој концепт преку наставна и практична програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која тесно е поврзана со практичната примена во светот на бизнисот. Оваа програма им овозможува на студентите стекнување потребни способности и искуство за менаџментот со проекти во приватните и во непрофитабилните организации. Програмата Менаџмент со проекти на студентите ќе им овоможи: Подигнување на нивото на управување и раководење на прокети од различни области; Оспособување и изградување проект-менаџери од современ профил: проект-менаџери, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности; Образование на висококвалификувани и професионални проект-менаџери со лидерски способности и со желба за справување со предизвиците на новиот милениум; Создавање проект-менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање способности за предвидување на иднината и за прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди денешницата.
Студиската програмата Менаџмент на проекти им овозможува на студентите да стекнат теоретски и практични знаења за успешно управување со предизвиците во иницирањето и во спроведувањето различни иницијативи, односно проекти. Вклучува стекнување вештини за да се генерираат нови бизнис-идеи, нивната конверзија во конкретни бизниси, формирање тимови за спроведување проекти, управување со проектен тим, создавање услови и критериуми за ангажирање на потребниот кадар за одреден проект и да развие соодветни механизми и стилови во управувањето со проекти.
Знаење и разбирање
- Располага со потребните знаења за следниве деловни функции: маркетинг, финансии, бизнис-моделирање, управување со операции, управување со ризикот, лидерство, стратешки менаџмент, основите на деловното право и бизнис-планирање потребни за успешно менаџирање со проекти.
- Располага со знаење за функционалните области на менаџментот со проекти и инженерингот.
- Располага со знаење и разбирање за националната, регионалната и глобалната економска ситуација на пазарот потребни во менаџирањето со проекти.
- Стекнува силна основа за тоа како да се започне одреден проект и да биде подготвен за кариера во меанџирање со проекти.
Ги разбира различните алатки за донесување менаџерски одлуки при меанџирањето со проекти.
Примена на знаењето и разбирањето
- Имаат способност за професионално пишување и понатамошно развивање насопствен проект-план и неговоспроведување во реалниот живот.
- Имаат способност за примена на потребнитепринципиво процесотна успешно управување со нов или постоечкипроект.
Имаат способност да помогнат во формулирањето и во практичното спроведувањена успешнимаркетинг, финансиски и општи менаџерскипроекти.
Способност за проценка
- Да размислуваат критички и да ги применуваат теоретските и практичнитезнаења и искуствазаидентификација и за анализа на деловни проблемиво инженерингот и менаџментот со проекти.
- Критички да ги анализираат и да ги оценуваат идентификуванитеможностиза успешно спроведување проекти.
Даразмислуваат стратешки и да расудуваатво врска соактивноститеповрзани со креирањето, развојот исо одржувањетосоодветенпроект-модел.
Комуникациски вештини
- Покажувааатразбирање на индивидуалнатаи групнатадинамика во организациите.
- Функционираатефикасно во тимската работапри дефинирање и при имплементација на одреден проект.
- Ефективно се справуваатсо луѓе од различни социјални, економски, културнии верскипотекла, кои се дел од одреден проектен тим.
- Покажуваатразбирање и чувствителност на етичките, социјалните и на правните одговорности на компаниитепри иницирање и при имплементација на одреден проект.
- Ги прикажуваатбизнис-идеите на инженеринг и на одреден проект наефективен начин.
- Ги демонстраатклучните преговарачки вештинипри договарање одреден проект.
Ги интерпретираат деловните податоци и економските индикатори, како составен дел на одреден елаборат на проекти.
Вештини на учење
- Можат да ги пребарувааати да ги детектираат изворите на учењето.
- Можат да се оспособуваатза индивидуалнои тимскоучење.
Имаатспособност да направатбизнис-анализа и да ги употребуваат научна литература и анализана размислувањата и оцените на други автори.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е запознавање на студентите со: суштината на научното истражување, методологијата на истражувањето, процедурата на истражувањето, видовите на истражувањето и на научните трудови. Посебно внимание се обрнува на правилното упатување на студентите на суштината на научното истражување, за правилна интерпретација и оценување на резултатите на истражувањето, како и на самото пишување на научниот труд и неговото објавување. Исто така, постапно се запознаваат студентите со процедурата и фазите на подготвувањето и пишувањето на магистерската теза.
-
[6 ЕКТС]
Фундаменти на менаџментот на проекти
Овој предмет опфаќа: ефективно планирање, спроведување и комуникација преку проекти и проектни идеи, кои се од особено значење за сите типови организации, кои постојано преземаат нови иницијативи, нудат нови услуги, развиваат креативни пристапи во давањето услуги, осмислуваат нови компоненти, отвораат нови објекти, центри итн, воведуваат нови технологии, со цел да одговорат на променливото окружување и на барањата на целните групи. Преку предметот се дава вовед во основните концепти и методи за раководење со проекти и на студентите им се обезбедуваат практични алатки преку кои ќе се подготват да бидат успешни проектни менаџери.
-
[6 ЕКТС]
Планирање и менаџмент на ресурси
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се конролираат производството и услугите. - Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите. - Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и во функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
- Анализа и управување со ризици
- Менаџирање со квалитетот и безбедноста
- Менаџирање со трошоците и буџетот на проекти
- Менаџмент на проекти во индустријата на интегрирани услуги
- Менаџмент на проекти во градежништвото
- Статистички анализи за проектни менаџери
- Управување со проектниот тим
- Управување со организациски промени
- Информациони технологии во менаџментот на проекти
- [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент и лидерство
Преку овој предметот ќе стекнат основа за мотивацијата и сознанија за развој на лидерството, нудејќи им на студентите теоретска основа, практични информации и можност за самопроцена која ќе им овозможи на студентите да ги развиваат своите лидерски таленти. Во рамките на предметот се анализира зголемената важност на менаџирањето на информациите во мултидисциплинарните проекти и стратегиите за оптимизирање на текот на информациите. Предметот ги опфаќа: лидерскиот процес, различните пристапи кон лидерството и флексибилноста на стиловите.
-
[6 ЕКТС]
Комуникацијата и менаџментот на проекти
Преку овој предмет се прави обид за подобрување на комуникациските способности на студентите со теоретско, но, пред сѐ, и со практично укажување на правилниот начин на комуницирање во организациска средина со вработените и со менаџерите како и при одржување состаноци, интервуирање други, како да одговараат при интервјуирање, преговарање, но и како да ги мотивираат сите околу нив.
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент на синџирот на набавки
Преку овој предмет студентите ќе се оспособат: - Да ја разберат суштината на управувањето на синџирот на набавката. - Да ги идентификуваат главните елементи на управувањето на синџирот на набавката и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност. - Да ги искористат потенцијалите на информационите системи за поддршка на управувањето на синџирот на набавката и на синџирот на создавање додадена вредност во производството.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2
- Анализа и управување со ризици
- Менаџирање со квалитетот и безбедноста
- Менаџирање со трошоците и буџетот на проекти
- Менаџмент на проекти во индустријата на интегрирани услуги
- Менаџмент на проекти во градежништвото
- Статистички анализи за проектни менаџери
- Управување со проектниот тим
- Управување со организациски промени
- Информациони технологии во менаџментот на проекти
- [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Евалуација и контрола на проекти
Во рамките на предметот се претставени алатките кои се потребни за евалуација и контрола на проектите. Притоа се опфатени следниве прашања: развивање предлог, евалуација на предлогот и преглед на проектот. Воведните елементи на предлогот, како оценување на потенцијалниот ризик, одредувањето на трошоците и придобивките и физибилити студија се анализираат преку традиционални и современи техники.
-
[6 ЕКТС]
Развој на глобален бизнис
Целта на предметот е студентите: - Да ја сфатат разликата меѓу глобалното создавање, одржување и модификација во споредба со меѓународните стратегии од аспект на меѓународниот бизнис. - Да стекнат знаења за извршување анализа на трошоци од глобален аспект. - Да извршат анализа swot за разни меѓународни компании. - Да ги сфатат суштината на глобалниот меѓународен бизнис и користењето на глобалните комуникации. - Да дефинираат и да користат стратегии за оценување на заедничките вложувања (joint venture), обединување и купување разни компании со цел да се добие пристап до нови пазари. - Да носат решенија околу сегментацијата на пазарите како и околу начините за пристап до нив.
-
[6 ЕКТС]
Капстон (практичен) пројект
Целта на предметот е да им се обезбеди на студентите можност да решаваат вистински бизнис-проблеми во компании, избрани по свој избор, во тим од 3-4 студенти во текот на семестарот. Студентите ќе работат заедно како консултантски тим во одредено претпријатие и ќе бараат решенија за проблемите, кои ќе бидат ставени во употреба од самото претпријатие. Студентските тимови ќе ги развиваат своите анализи и препораки во текот на два термина и го завршуваат проектот со доставување на конечниот извештај и со презентација пред раководството на претпријатието.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 3
- Анализа и управување со ризици
- Менаџирање со квалитетот и безбедноста
- Менаџирање со трошоците и буџетот на проекти
- Менаџмент на проекти во индустријата на интегрирани услуги
- Менаџмент на проекти во градежништвото
- Статистички анализи за проектни менаџери
- Управување со проектниот тим
- Управување со организациски промени
- Информациони технологии во менаџментот на проекти
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 4
- Анализа и управување со ризици
- Менаџирање со квалитетот и безбедноста
- Менаџирање со трошоците и буџетот на проекти
- Менаџмент на проекти во индустријата на интегрирани услуги
- Менаџмент на проекти во градежништвото
- Статистички анализи за проектни менаџери
- Управување со проектниот тим
- Управување со организациски промени
- Информациони технологии во менаџментот на проекти
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето на испитите, студентот може да ја започне постапката за поднесување, подготвување и за јавната одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно-научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Менаџмент на проекти.