Преку студиската програма по прв и втор циклус Европски студии студентите ќе бидат квалификувани за самостојна и аналитичка работа во областа на европските прашања на национално ниво и на ниво на Европската унија. Програмата од двата циклуса интегрира неколку дисциплини на европски студии: политички науки (особено меѓународни односи и компаративна политика), економија, право, општествени науки (со посебен осврт на методолошките вештини) и комуникација (нагласувајќи ја важноста на два странски јазици) со нивната примена во централните прашања на европската интеграција (ЕУ) и во пошироката изградбата на Европа. Програмите од прв и втор циклус се поврзани, но тие може да се изучуваат и самостојно, бидејќи тие се концептуализирани како самостојни целини.
Преку студиската програма Европски студии ќе се квалификуваат студентите за вработување во институциите на ЕУ и во другите (европски) меѓународни организации, на национално ниво, а особено министерствата за надворешни работи, министерствата за европски прашања, министерствата за економски и социјален развој. Како можност за вработување се и институциите на регионално ниво (од општините и градовите), невладини организации, медиуми и политички партии; експертиза во полето на процесите и политиките на ЕУ. Исто така, дипломираните се соодветни и за бизнис-секторот во рамките на ЕУ, но и надвор од неа.
Знаење и разбирање
- Покажува основни знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), идентификувајќи методологии соодветни за решавање на проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето;
- Способност за идентифукување на проширено и продлабочено знаење;
- Покажува ниво на знаење и компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња;
- Поседува знаење од една или повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
Примена на знаењето и разбирањето
Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.
Способност за проценка
- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
- Способност за справување со прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и процена;
- Способност за идентификување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки;
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и за усовршување.
Семестар 1
-
[9 ЕКТС]
ЕУ политики
Предметот е фокусиран на следниве теми:
- Анализа на политиките во решавањето на општествените проблеми
- Историските околности за потеклото на модерната анализа на политиките; сегашниот развој на анализа на политиките и современите трендови во истражувањето; специфичноста на развојот на анализа на политиките во различните земји – примери на САД, Велика Британија, Германија, Словенија ...);
- Процесот и циклусот на политиките- (структура / фази на процесот и циклусот на креирање политики; односот меѓу фазите на процесот на политиките; утврдувањето на агенда и алтернативни решенија за општествените проблеми);
- Актери во процесот на креирање на политиките (простор и мрежа на политиките) и специфичностите на државните актери (политички инструменти);
- Видови анализи на политиките, истражувачки пристапи и модели на анализа на политиките(плурализам во пристапот и моделите, аналитичка применливост на моделите);
- Релевантноста на теоријата, пристапи и концепти за анализа на истражување на политикитеи имплементација на заедничките европски политики во околностите на многустепенотовладеење;
- Применета анализа на политиките; кохезија (прераспределување на политиката на ЕУ), животната средина (регулатива на политиките на ЕУ) и образование (политика што се спроведува според отворениот метод на координација).
-
[6 ЕКТС]
ЕУ во глобалната економија
Целта на предметот е да се обрне внимание на улогата на ЕУ во светската економија и на односите на ЕУ со клучните актери на меѓународната економија (САД, БРИК). Во рамките на овој предмет се проучуваат најважните фактори на економијата и главните карактеристики на политиките на ЕУ; поконкретно се испитуваат тековните политички дилеми на ЕУ. Акцентот е ставен врз споредбата на ЕУ со глобалните економски актери, врз идентификувањето на компаративните предности и недостатоците на ЕУ и врз можноста за подобрување на положбата на ЕУ во глобални размери.
-
[3 ЕКТС]
Стручен странски јазик 1
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
Слободни изборни предмети
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Mетодологија на наставата
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Предметот исто така нуди и пристап кон развојот, наставата и учењето како концепти, како и основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе се стекнат и со теоретска основа и со стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет по странски јазик 1

Семестар 2
-
[9 ЕКТС]
Теории на европската интеграција
Целта на предметот е да се обрне внимание на основните теории за европската интеграција (федерализмот, функционализмот и неофункционализмот,либералната теорија за меѓувладината соработка) и на теоријата за меѓународните односи и политички науки во контекст на нивната (не)применливост во толкувањето и разбирањето на европската интеграција. Студентите ќе стекнат подетален увид за: теоретските пристапи, разбирањето на потеклото иразвојот на европската интеграција со читање на основните теоретски текстови на автори како што се David Mitrany, Ernst Haas, Karl Deutsch, Stanley Hoffman, Philippe Schmitter, Robert Keohane, Wayne Sandholtz, Andrew Moravcsik, Fritz Scharpf, Gary Marks и Thomas Risse. Постојните теории на предметот,нудат и можност за апликација на теориите во поединечни политики (врз заедничката надворешна и безбедносна политика, правдата и внатрешните работи, економската и монетарната унија) и во повторувањето на процесите на Европската унија, како што е проширувањето на ЕУ исоздавањето европски одбранбен идентитет.
-
[6 ЕКТС]
Право на европска унија
Целта на предметот е критички да се оценат развојот на Европската унија и нејзината институционална рамка, како и функционирањето на нејзиниот правен поредок и односите меѓу ЕУ и нејзините земји-членки. Основната структура на предметот (кои ќе бидат приспособени и усогласени со актуелниот развој на ЕУ и со нејзиниот правен поредок) е следниов:
- Разбирање на теориите и методите на процесот на европската интеграција: поноваевалуација (реевалуација) на развојот на идејата за Европа, особено причините за успехотна повоената европска интеграција, како и постојните методи на самата интеграција;
- Уставниот развој на Европската унија: повикувајќи се на ЕУ како државно уредување и нејзината „уставна“ рамка, и споредувањето на европската уставност со уставноста на земјите-членки;
- Институционалната поставеност на ЕУ: анализа на институционалната рамка и на системот на проверки и баланси меѓу институциите на ЕУ, како и нивните улоги во функционирањето на ЕУ;
- Правото на ЕУ како наднационален правен поредок: основните принципи на правната рамка на ЕУ (првенство, директно влијание, автономија на правото на ЕУ) и системот на судската ревизија според правото на ЕУ;
- Правната рамка на развојот и границите на ЕУ: анализа на односот меѓу правната рамка на ЕУ и правната рамка на земјите-членки (прашањето на поделбата на законодавна надлежност, принципот на дополнителност), отворените прашања на европскиот наднационален идентитет и нивните можни решенија;
- Развојот и границите на европската политичка заедница: развојот на ЕУ во контекст на современите теории на федерализмот, прашањето на finalité на европската интеграција,прашањето за европскиот идентитет и за можни идни уставни промени.
-
[3 ЕКТС]
Стручен странски јазик 2
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
Слободни изборни предмети
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Mетодологија на наставата
Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува да се здобијат со знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Предметот исто така нуди и пристап кон развојот, наставата и учењето како концепти, како и основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе се стекнат и со теоретска основа и со стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет - странски јазик 2
-
Англиски за посебни намени 1
Англиски за посебни намени 1 претставува едно семестрален курс во вредност од 6 кредити кој е дизајниран со цел да им помогне на студентите да стекнат јазични вештини како говорење, читање, и пишување, а кои се неопходни за спроведување на истражувања на англиски јазик, примарно во домен на Социјалните науки. Поточно кажано, курсот се фокусира на: изучување на одредени комуникациски теории применети во рамки на говорнта ситуација, како и на практични комуникативни искуства кои опфаќаат: случаи на интерперсонална комуникација, процеси на индентификација и решавање на проблем во рамки на мала група, како и случаи на информативен и убедувачки говор.
-
Англиски за посебни намени 2
Англиски за посебни намени 2 претставува едносеместрален курс со вредност од 6 кредити кој е дизајниран со цел да им помогне на студентите да стекнат јазични вештини како говорење, читање, и пишување, а кои се неопходни за спроведување на истражувања на англиски јазик, примарно во домен на Социјалните науки. Поточно кажано, курсот е дизајниран врз основа на, и се фокусира на проучувањето на одредени комуникациски теории применети во рамки на принципите и практиките на интервјуирање, аргументација и дебата, и комуникација на работното место. Курсот е дизајниран со цел да им овозможи на студентите да ги совладаат принципите и праксите на интервјуа, и тоа онака како истите се спроведуваат во контескт на високо-компетитивни работни места.
Семестар 3
-
[9 ЕКТС]
Истражувачки семинар - подготовка на теза
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со различни методи на истражување и составување сопствен предлог за истражување, кое би можеле да го користат за подготовка на нивните магистерски трудови. Содржината на предметот вклучува различни методолошкипристапи и принципи (почнувајќи од рационализам до релативизам). Се вклучени квантитативни, квалитативни и комбинирани методи за истражување со објективен и реален пристап. Во рамките на применета на методите на истражување посебен осврт е дадено на: (i) собирање податоци и оцена на нивниот квалитет; за првичните податоци (анкети, интервјуа, фокус-групи) и за секундарните податоци (посебно внимание се посветува на податоците на Еуростат), (ii) анализа на податоците и (iii) интерпретација на резултатите. За овој предмет познавањето на основите по предметот Статистика и истражувачките методи (многуваријантниот метод или економетрија) е препорачливо.
-
[6 ЕКТС]
Современи прашања на Европската унија како глобален актер
Целта на овој предмет е да се обврне внимание на:политичките, економските, културните, развојните, општествените, правните, еколошките, енергетските прашања, како и на бизнис-прашањата и сличните прашања на ЕУ како глобален актер. Целта на предметот е и да се објаснат концептите како што се: регион, регионализам, регионализација, нивото на регионализмот и меѓурегионалноста. Во оваа конотација во рамките на предметот посебно внимание се обрнува на теоретскиот пристап за регионализмот, меѓурегионалноста и на историскиот развој на овие теории и концепти кој ги поставува како основа на емпириската анализа. Понатаму,овој пристап се развива како мрежа и се идентификуваат актерите на регионализмот и регионализацијата и се вклучуваат во меѓурегионалната анализа и нивниот однос кон ЕУ. Овој пристап се развива врз база на вклучување кон: 1) институционалните региони ("pure" interregionalism): ЕУ во рамките на американските големи региони и подрегиони (како на пр.: OAS, Unasur, Mercosur и Andean Community), на африканските големи региони и подрегиони (пр.: African Union, SADDC, ECOWAS), на азиските подрегиони (пр.: ASEAN), пацифичките подрегиони (Pacific Islands Forum) и на Арапскиот Полуостров (Арапска лига), вклопување кон 2) неинституционализирани региони (хибриден меѓурегионализам): ЕУ на Унија на Медитеранот, EU-ACP) и кон 3) трансрегионални заедници како што се Asia-Europe Meeting – ASEM.
-
[3 ЕКТС]
Практична работа
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Европска надворешна политика
Целта на предметот е да се разгледа различноста на заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ, надворешните односи на ЕУ и европската надворешна политика. Развојот на овие концепти е прикажан преку анализа на основните закони и актуелниот развој надворешната политика на ЕУ и на заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ (каде што е вклучена и надворешната политика на земјите членки на ЕУ). Прво, преку предметот се нуди содветна концептуална анализа за надворешната политика на ЕУ и на нејзиното меѓународно дејствување. Второ, целта е да се примени на концептуалната рамка на надворешното дејствување на ЕУ и на анализа на избрани случаи од овој карактер (вприоритетни и неприоритетни прашања од областа на политиките), и анализа на одбранбената надворешна политика на земјите-членки на ЕУ. Оваа анализа ќе се реализира преку три главни димензии:
а) анализа на надворешната политика за животната средина,
б) анализа на процесот на надворешната политика (формулација, донесување одлуки, спроведување) и
в) анализа на концептот на надворешната политика (вредности, цели и стратегија).
-
Европска безбедност
Предметот е фокусиран на прегледот на: современите безбедносни парадигми, процесот на еволуцијата на концептот на Европската безбедносна и одбранбена политика, соработката меѓу ЕУ и НАТО во областа на безбедноста, како и улогата на другите европски безбедносни институции (како што се ОБСЕ).
-
Анализа на eвропски вредности
Предметот е фокусиран на синтезата на теоретските согледувања и емпириските наоди за динамиката на промените во европските општества во контекст на проширувањето на ЕУ. Предмет на истражување е споредбата, евалуацијата и интерпретацијата на набљудувањата, верувањата и однесувањата на населението на земјите-членки на Европската унија. Истражувањето, кое ја дава емпириската подлога на предметот има широк тематски концепт и се однесува на прашања од политички, социјални, економски, верски и други верувања на населението на земјите-членки на ЕУ. Исто така, во рамките на предметот студентите ќе бидат запознати со димензиите на компаративното истражувања во општествените науки, преку електронска употребата на меѓународните бази на податоци; со посебен акцент врз развивање вештини за протолкување на материјалот, аргументирање на општествените науки, аналитичко користење на податоците и синтеза на наодите од истражувањата.
-
ЕУ дипломатија
Во рамките на предметот се анализира Европската унија како актер во меѓународните односи преку својата дипломатска активност. Доколку е можно да се концептуализира дипломатијата на ЕУ врз основа на исклучителноста на ЕУ како повеќекратен и многу слоен актер и врз основа на нејзините односи со другите земји (држави, меѓународни и регионални организации и невладини актери) е уникатен пристап. Основната правна рамка на дипломатијата на ЕУ е врз основа на: Европската надворешна служба, како што е дефинирано во Лисабонскиот договор и неговиот состав како што е договорено од институциите на ЕУ и од земјите-членки на ЕУ. Содржината на предметот претставува вовед на теоретските пристапи на ЕУ, надворешната политика на ЕУ при што студентите ќе бидат во можност да се запознаат со основите на дипломатските активности на Европската Унија во светот. Целта на предметот е да објаснат: надворешната политика на ЕУ, нејзините актери, односите кои тие ги создаваат меѓу нив и инструментите кои ЕУ ги користи при имплементација на нејзината надворешна политика. Примената на ова знаење ќе се базира врз анализа на различни случаи на дипломатијата на ЕУ, како:
а) билатералните односи (меѓу земјите-членки на ЕУ и трети субјекти на меѓународните односи),
б) мултилатералните односи (во рамките на ЕУ и меѓународни актери) и
в) повеќебилатералните односи (преговори со ЕУ и со земјите-членки со индивидуални трети земји) при што ќе се фокусираат на проблемот на конзистентноста на различните актери, нивните цели во различните нивоа на дипломатијата на ЕУ.
-
Доброто владеење во ЕУ
Предметот е базиран на теоретските основи на анализата на развојот на социоекономската средина во рамките на ЕУ. Посебно внимание е посветено на концептот на владеење (социјално и економско), како што е дефинирано од ОЕЦД во рамките на преминот од неокласична отворена економија; конкурентниот пристап во чии рамки се разработени стратегиските цели и парадигми, вредности и политики и нивното спроведување; базирано на консензус на заинтересираните страни, било да е тоа на ниво на ЕУ, во земјите-членки или во региони. Анализата вклучува интерактивни односи, како и позитивни / негативни синергии меѓу глобалната рамка за развој, содржината и културата на одлуките и политиката во рамките на ЕУ; каде што се планира заедничкиот развој на избраните политички полиња (како на пример: високото образование, меѓународните развојни политики, иновации, политика), како и други важни развојни детерминанти: сите кои придонесуваат за: економскиот раст, подобрувањето на животниот стандарт и животната средина, како и за определување на идентитетот на ЕУ и на нејзините членки држави. Посебно внимание се посветува на процесот на формулацијата на политиките на ЕУ и нивното владеење во процесот на зачленувањето во ЕУ.
-
ЕУ и глобален развој
Предметот се однесува на развојните прашања во земјите од Третиот свет и нивниот однос со развиените земји, главно земјите од ЕУ. Посебно внимание се посветува на внатрешните проблеми на развојот, при што се разгледуваат специфичните карактеристики на социјалниот и економскиот слој на земјите во развој и улогата на ЕУ како еден од најголемите донатори, која го поддржува нивниот развој и зачленувањето во ЕУ. Бидејќи меѓународните услови имаат посебни влијание врз економскиот развој, во рамките на овој предмет се разгледуваат и прашањата од меѓународната трговија, помошта и инвестициите кои се ориентирани во гореспоменатите земји.
Предметот ја има следната структура:
- Дефиниција и содржина на економскиот развој, историски преглед на глобалниот економски развој, теории и стратегии на развојот, развојните проблеми и прашања: домашни / внатрешна аспекти;
- Сиромаштијата / нееднаквоста и распределбата на приходот;
- Населението - демографијата, здравството, образованието,
- Вработувањето, руралниот и урбаниот развој, миграцијата;
- Земјоделството во земјите во развој;
- Развојните проблеми и прашања: меѓународни / надворешните аспекти:
- Меѓународната трговија;
- Меѓународните финансии и развој: помошта за развој, јавниот долг;
- Странски директни инвестиции и развој;
- Животната средина и развој.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - Пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено да се направи има за цел подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.