На почеток, интегрираните студиски програми ќе се нудат на Факултетот за современи науки и технологии, каде веќе се ангажирани меѓународни експерти, кои ќе ја дадат својата помош во областа на интегрираните програми.
Во рамките на овој факултет, во фаза на акредитирање се интегрираните студиски програми во областите: менаџирање со банки, менаџирање со бизнис и менаџирање на ТИК во компаниите. Овие програми ќе се нудат на англиски јазик со ангажирање на експерти од Германија и 50% од наставата ќе се одвива во универзитетот, а 50% во компаниите. Процентот на вработување на дипломираните од овие програми речиси е 100%.