Менаџирање со квалитет, истражување, ефикасно комуницирање и други теми значајни за развојот на кадарот беа главна цел на оваа обука и беа ангажирани меѓународни експерти, но и експерти од Универзитетот.
Обуката беше продолжување на истата која се одржа оваа година во Крушево, а целта е зачувување и зголемување на професионалната изведба на академскиот и на административниот кадар.
Во рамките на оваа активност беа прогласени и добитниците на проектот за настава и истражувач на година, како добитникот на наградата за висока перформанса на академскиот и административниот кадар.
Луиза Зеќири е добитничка на наградата за најдобар проект од областа на наставата и учењето. Проектите беа оценувани од познатиот професор од Универзитетот во Лунд, Томас Олсон. Оваа награда се доделува по третпат.
Добитник на наградата за извонредност во работа за академската 2011/2012 година е Нуриман Бејтули, а на сите номинирани (вкупно 11) им беа доделени признанија. Оваа награда се доделува за првпат на нашиов Универзитет и ќе биде традиционална.