За отворена Конференцијата ја прогласи проректорот за истражувања на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, кој рече дека оваа конференција има многу значајна тема и се одржува и во значајно време.
Демуш Бајрами, советник на ректорот, рече дека со децентрализацијата се подразбира донесување на одлуките и нивнот спроведување на истото ниво на власта.
На Конференцијата учествуваше и министерот за локална самоуправа на Македонија, Невзат Бејта, кој зборуваше за своето искуствокако градоначалник, пратеник и министер во реализацијата на процесот на децентрализација во Македонија.
Директорот на Институтот за политички и меѓународни политики, проф. д-р Илбер Села рече дека целта на оваа конференција е оценување на процесот на децентрализација, што е направено досега, проблемите кои настанаа и кои се трендовите на овој процес во иднина.