Почнувајќи од 11. март оваа година, со трансформацијата на наставата од класична во он-лајн настава, студентите го прифатија и масовно се приклучија на овој начин на предавање. Од канцеларијата на проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Владимир Радевски, информираат дека во третата недела посетеноста на предавањата по предметите он- лајн на студентите е поголема од онаа за време на класичното предавање и достигнува 85% и сите предмети од сите студиски програми се развиваат според распоредот.
„Целта е услугата за студентите да биде комплетна и навремена, како во однос на квалитетно предавање, така и навремено давање административни услуги. Повеќето активности се одвиваат со употреба на виртуелни канцеларии (chat room) со зголемен интензитет, со цел навремено да се одговори на сите барања на студентите. Исто така, комуникацијата преку и-мејл и по телефон не е прекината, но студентите и сите заинтересирани ја добиваат оваа услуга навреме како и во работна состојба во нормални услови “, вели проректорот Радевски.
Од канцеларијата на проректорот за академско планирање и дигитализација исто така информираат дека во текот на изминатите три седмици, Факултетот за јазици, култури и комуникација има решено околу 50 барања од студенти, главно за ререгистрација, регулирање на документација за диплома, трансфери, сертификати за владеење на јазик, документација за проектот „Еразмус“, деблокирање на корисничките сметки на студентите и слично.
Со ваков интензитет, работеа и од Правниот факултет, каде се организираа он- лајн одбрани на 7 магистерски тези и 1 докторска теза . На овој факултет се издадени и 4 решенија за завршување на докторските студии и 25 решенија за завршување на магистерските студии.
Одбраната на докторати и магистерски тези е извршена во согласност со директивите на Владата за социјално дистанцирање, каде што дел од комисијата се физички присутни, додека дел од членовите на комисиите за одбрана ја надгледуваат одбраната од далечина преку он-лајн платформи.
Истото се направи и на Факултетот за бизнис и економија, на Факултетот за современи науки и технологии и на Факултетот за современи општествени науки.
Покрај академскиот дел и административниот кадар ги адаптираше и имплементираше сите услуги на студентите од сите циклуси на студии.
„Барањата се упатуваат главно преку и-мејл, тие се обработуваат електронски преку платформата Студентски информационен систем (SIS) и со тоа нема прекини во услугите. Исто така, официјалните потврди, сертификатите и транскриптите непрекинато се издаваат во електронска форма “, информира директорот на Студентскиот сервис, Абаз Селмани.
За време на тринеделниот период од почетокот на кризата со корона-вирусот, деканатите, административните канцеларии на факултетите, студентските услуги, управувањето, администрацијата во ректоратот, финансиите, човечките ресурси, службата за одржување и сите други услуги ја организираа својата работа преку дежурства и почитување на протоколите за социјално растојание.