Факултет за технички науки
Факултетот за технички науки обезбедува динамична и иновативна средина за учење која го негува развојот на високо квалификувани и општествено одговорни професионалци во областа на технологијата и инженерството. Факултетот e посветен на поттикнување извонредност во образованието, истражувањето и вклучувањето во заедницата, охрабрувајќи ги студентите да одговорат на предизвиците во глобалната средина која брзо се развива. Со ова ќе се влијае врз развојот на државата воопшто, развојот на економијата и овозможување на поголем економски раст.
Факултетот за технички науки има за цел да обезбеди образование, истражување и обука во различни технички и инженерски области.
Општите цели на факултет за технички науки вклучуваат понуда на квалитетни програми за додипломски и за последипломски студии во техничките области.