Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Говор на Ректорот

Почитувани студенти,

Почитувани членови на кадарот,,

Почитувани соработници и пријатели,

Уште малку ни останува до почетокот на новата академска 2023/24 година.

Јаките страни на денешните општества ќе се мерат според отпорноста што ја поседуваат, т.е. нивната способност да се закрепнат од различните светски кризи и предизвици во времето во кое живееме. По кризата со Ковид-19 и инфлаторната и енергетската криза, веќе ги создадовме потребните капацитети да се соочиме со овие кризи и да дејствуваме во условите создадени од нив. Пред сè, она што е најважно, успеавме да се закрепнеме и да продолжиме со нашата заедничка мисија, благодарение на нашата голема и континуирана посветеност. Дури и во многу аспекти успеавме да се вратиме уште посилни и поуспешни отколку пред појавата на овие кризи. Четири години по ред, и покрај сите надолни трендови на населението и растечката тенденција за емигрирање и студирање во странство, Универзитетот на Југоисточна Европа бележи умерено зголемување на уписот на помладите генерации.

Што се однесува до меѓу универзитетската соработка во земјава и во регионов но и на меѓународно ниво, Универзитетот на Југоисточна Европа го следи моделот промовиран од Европската универзитетска асоцијација (ЕУА) за 2030 година, кој гласи „Универзитети без ѕидови“. (Universities without walls).

Нашиов Универзитет станува се поподготвен и предимензиониран со многу академски понуди кои се потребни пазарот на трудот. Со таргетирање на пазарот на трудот и следење на трендовите на ерата во која живееме, полека но сигурно, правиме хоризонтални и вертикални академски преструктуирања. Пред 15 години, кога го основавме Центарот за кариера на Универзитетот, другите немаа ниту идеа за овој чекор, исто како што немаа идеа за онлајн услугите и дигитализацијата, кои ние ги имавме од основањето (2001), за што одговорните институции не тужеа пред суд за услугите и дигиталните евидентирања, за отсуство на индекси. Сега, две децении подоцна, сите се обидуваат да го направат она што нашиов Универзитет го прави од своето постоење. Да се биде лидер има цена, но секој кој копира знае дека е само индиферентен следбеник.

Денес, кога актерите и силите на пазарот на трудот алармираат за недостиг на одредени профили тие ја потврдуваат асиметричната состојба на нашиот пазар на труд, за чие доаѓање предупредувавме уште пред една деценија преку иницијативи (напишани) за оптимизација на високото образование, како во програмска така и во квалитативна смисла, или конверзија на мотото од „од повеќе кон подобро“ во „од подобро кон повеќе“. Секогаш има многу да се направи во високообразовниот систем воопшто, но особено во оптимизацијата на високото образование на албански јазик.

Новите студиски програми како што се оние за Архитектура и дизајн, Дигитален дизајн, Здравствени науки со програми за општи медицински сестри и за физиотерапевт, а од оваа година Политехника и Психологија, сè повеќе ја збогатуваат академската понуда на Универзитетот на Југоисточна Европа во согласност со барањата на пазарот на трудот.

Континуираното зголемување на студентските стипендии, благодарение и на поддршката од државниот буџет, како и плаќањето на повеќе рати, овозможуваат се повеќе студенти од семејства со недоволни приходи да ги покријат трошоците за студирање, кои останаа исти веќе дваесет и две години.

Центарот за идни вештини, како и Центарот за регионален економски развој, заедно со Технолошкиот парк и Центарот за иновации и бизнис нудат можности за практична работа, обука и вработување на студенти. Не без причина, стапката на вработување на нашите дипломирани студенти во првата година по дипломирањето е над 63% и околу 20% од оние кои не се пријавиле за вработување поради продолжување на студиите. Стапката на невработеност на нашите студенти е само 17%.

Брзиот развој на Институтот „Макс ван дер Штул“ овозможи околу половина од редовниот академски кадар, како и околу една третина од менаџерскиот и административниот кадар да се вклучат во научни и во професионални проекти во кои Универзитетот на Југоисточна Европа е лидер или има улога на учесник. Иновацијата претставува и зголемено учество на студентите во овие проекти, што истовремено претставува предизвик за поголемо вклучување на магистрандите и на докторандите во научно-истражувачката дејност токму преку овие меѓународни проекти.

Универзитетот на Југоисточна Европа со голема посветеност продолжува да го негува и одржува непроценливиот стандард на тријазичност во наставата и во делувањето, создавајќи мултијазична и мултикултурна средина, вредности кои ја прават оваа институција единствена, не само во земјава туку и пошироко.

Во последниве две години, Универзитетот на Југоисточна Европа добива целосна меѓународна форма претекнувајќи го балканскиот регион, бидејќи во две последователни генерации има запишано околу сто студенти од САД, од Блискиот Исток и од Азија, поддржани со стипендии за студирање и престој од Фондацијата „Шамс“ од Далас - Тексас, САД. Годинава третата генерација се очекува да има уште поголем број студенти. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на амбасадите, на институциите и на властите од земјава, особено на Министерството за надворешни работи и на Министерството за внатрешни работи, за регулирање на статусот на легален престој на меѓународните студенти во нашава земја.

Растот и финансиската одржливост на Универзитетот на Југоисточна Европа сега се воспоставени како норма и како стандард и се во континуирано подобрување, благодарение и на поддршката од Одборот на Универзитетот за новите планови за вложувања во технолошка и енергетска инфраструктура, вклучително и мотивирање за вработените, кои се направени според развојните планови.

Посветениот кадар и редовните студенти во наставно – научниот процес се формулата за успех во текот на студирањето. Главни во грижата за студентите се системот за квалитет и студентските услуги, како неделив асет за големите достигнувања и успеси на студентите, во чие име се жртвуваат нивните родители и семејства.

Свесни дека ништо не може да биде толку совршено за да не се стремиме кон уште подобро, го продолжуваме ова патување исполнето со предизвици но истовремено и перспективи. Се надеваме и посакуваме да ја имаме вашата поддршка, без која оваа мисија би била невозможна.

Со среќа!

Ректор,

Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети

Google+