Стратегија на човечки ресурси за истражувачи (HRS4R)
Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се залага да одговори на новите можности за истражување, примена на знаењата и за развој. Една од мисиите предвидени во Стратегискиот план 2017-2020 е да се задржи оригиналноста , строгоста , важноста, извонредноста во истражувањето во рамките на високите стандарди на инфраструктура, обука и интегритет . Истражувањето претставува клучен стратегиски концепт на УЈИЕ.
Во октомври 2011 година е потпишана „Декларацијата за посветеност кон Европската повелба за истражувачите и Кодексот на однесување за ангажирање истражувачи“. Принципите на Повелбата и на Кодексот и нивната имплементација треба да бидат реализирани од истражувачката институција преку постепената процедура наречена Стратегија на човечките ресурси за истражувачи (HRS4R).
Од јули 2015 год. УЈИЕ ја доби наградата „Извонредност на ЧР во истражувањето“, и со тоа е прв и единствен универзитет во земјава кој го има добиено ова лого а со тоа и има право да аплицира за проекти на ХОРИЗОНТ 2020.
HRS4R е „НЕОПХОДНО“ за финансирање од ЕУ во истражувањето во согласност со Член 32 од ХОРИЗОНТ 2020
УЈИЕ останува посветен на завршување на процесот преку реализирање на Стратегијата за човечки ресурси за истражувачи (HRS4R) и со Акциониот план.
Преку „Стратегијата за човечки ресурси за истражувачи“ се поддржуваат истражувачките институции и организациите за имплементација на Повелбата и на Кодексот во однос на нивните политики и практики. Со конкретната имплементација на Повелбата и на Кодексот истражувачките институции ќе бидат поатрактивни за истражувачите кои бараат нов работодавец или за домаќин за нивниот истражувачки проект. Организациите кои ги имплементираат принципите на Повелбата и на Кодексот ќе придонесуваат за атрактивноста на нивните национални истражувачки системи и поопшто на Европскиот истражувачки простор. Со логото „Извонредност на ЧР во истражувањето“ ќе се идентификуваат институциите и организациите кои обезбедуваат и поддржуваат поволна работна средина за истражувачите.
Наградата „Извонредност на ЧР во истражувањето“ дава јавно признание на истражувачките институции кои имаат направено напредок во израмнувањето на политиките за човечки ресурси со принципите наведени во „Повелбата и Кодексот“ Институциите кои го имаат добиено правото да го користат ова лого може да го користат за да ја истакнат нивната посветеност за реализирање праведни и транспарентни процедури за вработување и наградување на истражувачите.
Од усвојувањето на препораката на Комисијата за Повелбата и за Кодексот во 2005 година, 355 институции го добија логото „Извонредност на ЧР во истражувањето“.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата: https://euraxess.ec.europa.eu/jobs/hrs4r#hrs4r-acknowledged-institutions