Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Факултет за јазици, култури и комуникација

Факултетот за јазици, култури и комуникација   на студентите им нуди широк спектар на предмети кои се однесуваат на јазици, литература, култури и   на комуникации. Се нудат специјалистички предавања   на албански, на англиски   и на германски јазик и дипломи за овие програми на додипломско и на последипломско ниво. Педагошката   теорија и обуката на наставници исто така се важни елементи   за предметите   на ЈКК затоа што повеќето од нашите дипломирани избираат да продолжат со   кариерите   во областа на образованието. Модерната дисциплина за комуникации добро е претставена на Факултетот и ние обезбедуваме опширни понуди за предметите за оние кои се заинтересирани за студиите за медиумите, односите со културите и за политичките и социјалните анализи. Оваа програма е наменета за оние кои се заинтересирани   за кариери во новинарство и   за односи со јавност.

Кадарот на Факултетот е мултинационален, повеќејазичен и различен. Со   публикациите и учеството во академски конференции и семинари   тие постојано придонесуваат за усовршување во одредените области. Факултетот организира меѓународни конференции   и им овозможува на студентите да се поврзат со меѓународните научници кои доаѓаат да ги презентираат резултатите од нивните истражувачки трудови.   Студентите   кои продолжуваат со студирање јазик во текот на   студирањето ќе имаат можност   да слушаат предавања од родени говорители .    

Примарна цел на Факултетот е да продуцираат кадри кои   се информирани и имаат почит и разбирање за повеќето култури кои ги студираме   и начинот на кој овие култури   меѓусебно се поврзани   преку комуникациите и јазиците. Ние се обидуваме да ги подготвиме студентите со вештини   потребни за пазарот на трудот. 

Google+