Финансиска поддршка
Рокови:
Прв рок за аплицирање:
До 12.09.2026
Објавување на прелиминарните резултати :
15.09.2026
Објавување на конечните резултати :
17.09.2026
Конфирмација на доделените стипендии:
21.09.2026 – 09.10.2026
Програма на УЈИЕ за стипендии по заслуга
УЈИЕ преку Програмата за стипендии по заслуга обезбедува финансиска поддршка за новите студенти кои ќе се запишат во академската 2026/2027 година на првиот циклус на студии.
Право на пријавување имаат сите кандидати кои:
- ги исполнуваат условите за упис на УЈИЕ, согласно Конкурсот за запишување на прв циклус студии (академска 2026/2027 година);
- се запишуваат како редовни студенти на додипломски студии (прв циклус) на една од студиските програми (три- или четиригодишни) во академската 2026/2027 година;
- постигнале одличен успех во текот на средното образование;
- се државјани на Република Северна Македонија.
Стипендијата по заслуга (MBS) се доделува на почетокот на студиите на УЈИЕ, врз основа на успехот постигнат во средното образование (просечен успех 4,50 – 5,00).
Стипендијата по заслуга (MBS) се обновува (продолжува) секоја академска година за целиот период на додипломски студии (3 или 4 години), сè додека студентот ги исполнува академските барања (висок просек на оценки за време на студиите).
Право на пријавување имаат и кандидатите кои се префрлаат од други високообразовни установи и се запишуваат во втора година на додипломски студии.
Во зависност од просечната оценка од средното училиште се утврдува висината на стипендијата во првата година на студии. При пресметката на општиот просек се зема предвид просечната оценка за секоја година (I, II, III и IV година), без оценките од државната матура.
Кандидатите кои имаат завршено средно образование во други земји, ги изедначуваат оценките според системот на оценување во РСМ.
Висина на стипендија по категории:
→ Група А = 60% од школарината [просек на оценки (GPA) 5.00]
→ Група Б = 40% од школарината [просек на оценки (GPA) 4.50 - 4.99]
Годишен износ на школарината - по факултети, за новзапишани студенти во академската 2026-27 год.:
|
Факултет |
Школарина (годишно) |
Стипендија (Група А) |
Стипендија (Група Б) |
|
[60% од школарината] |
[40% од школарината] |
||
|
Бизнис и економија (БЕ) |
2.400 Евра |
1.440 Евра |
960 Евра |
|
Современи науки и технологии (СНТ) |
2.400 Евра |
1.440 Евра |
960 Евра |
|
Правен |
1.800 Евра |
1.080 Евра |
720 Евра |
|
Јазици, култури и комуникација (ЈКК) |
1.500 Евра |
900 Евра |
600 Евра |
|
Современи општествени науки (СОН) |
1.500 Евра |
900 Евра |
600 Евра |
|
Технички науки (ТН) |
2.400 Евра |
1.440 Евра |
960 Евра |
|
Здравствени науки (ЗН) |
1.800 Евра |
1.080 Евра |
720 Евра |
Во зависност од категоријата на доделената стипендија, стипендистот ја плаќа разликата како сопствен придонес во годишната школарина.
Кандидатот кој се префрла од друга високообразовна установа, покрај просечната оценка од средното образование (4,50 – 5,00), за време на студирањето мора да има и просечен успех најмалку 9,0. Висината на стипендијата во академската година во која се префрла во УЈИЕ се утврдува врз основа на просекот од средното образование.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- формулар за апликација за MBS за академската 2026/2027 година;
- копии од свидетелства за завршување на прва, втора, трета и четврта година на средно образование;
- копија од лична карта.
Студентите кои се префрлаат од други институции доставуваат и транскрипт на оценки од високообразовната институција.
Краен рок за аплицирање: 12.09.2026 год.
Стипендијата по заслуга се обновува (продолжува) секоја академска година врз основа на академскиот успех. Со годишното обновување, на носителот на стипендија му се овозможува да се префрли од групата Б во групата А и обратно – натпреварувачки елемент.
Навременото стекнување на 60 ЕКТС кредити е дополнителен услов за носителот на стипендија, кој го мотивира студентот да дипломира навреме.
Барањата за продолжување на стипендијата (по првата, втората или третата година) се следниве:
- 60 ЕКТС кредити стекнати на крајот на секоја академска година;
- кумулативен просек на оценки најмалку 8,50 за категоријата стипендија Б и кумулативен просек на оценки најмалку 9,00 за категоријата стипендија А.
Нивото на стипендија и условите за продолжување се утврдуваат во Писмото за доделување стипендија на почетокот на секоја академска година.
Академското достигнување на носителот на стипендија се прегледува на крајот на секоја академска година. Врз основа на просечната оценка (горенаведените барања за продолжување на стипендијата), Канцеларијата за финансиска помош го потврдува обновувањето или го прекинува доделувањето на стипендијата за следната година.
Доколку носителот на стипендија не постигне просечна оценка од најмалку 8,50 на крајот на секоја академска година, го губи правото на продолжување на стипендијата.
Продолжување на стипендијата (просек на оценки и висина на стипендијата):
|
Категорија на стипендија |
А група [60% од школарината] |
Б група [40% од школарината] |
|
Просек на оценки (кумулативен) во ЈИЕУ |
[9.00 -10.00] |
[8.50 - 8.99] |
Аплицирај за стипендија по потреба
Рокови:
Прв рок за аплицирање:
До 12.09.2026
Интервју на кандидатите:
12.10-21.10.2026
Објавување на конечните резултати:
02.11.2026
Конфирмација на доделените стипендии:
03.11.2026 – 14.11.2026
Програма за стипендија по заслуга + потреба (Merit + need-based Scholarship Program - NBS) - Социјална стипендија
УЈИЕ, преку Програмата за социјални стипендии (NBS) во академската 2026/2027 година, поддржува поединечни случаи на одлични кандидати кои се во голема финансиска потреба и кандидатите со посебни потреби.
УЈИЕ, преку Програмата за социјални стипендии (NBS), овозможува финансиска поддршка за новите студенти кои ќе се запишат во академската 2026/2027 година на прв циклус студии – редовни студии.
Право на пријавување имаат сите кандидати кои:
- ги исполнуваат условите за упис на УЈИЕ, согласно Конкурсот за запишување на прв циклус студии (академска 2026/2027 година);
- се запишуваат како редовни студенти на додипломски студии (прв циклус) на една од студиските програми (три- или четиригодишни) во академската 2026/2027 година;
- постигнале одличен успех во текот на средното образование (просек на оценки 4,50 – 5,00);
- докажуваат потреба од социјална помош, при што предност имаат кандидатите со посебни потреби;
- се државјани на Република Северна Македонија.
Социјалната стипендија (NBS) е континуирана и се обновува секоја академска година за целиот период на додипломски студии (3, односно 4 години), сè додека студентот успева да ги исполни академските услови (висок просек на оценки за време на студиите).
Право на пријавување имаат и студентите кои се префрлаат од други високообразовни институции и се запишуваат во втора година на додипломски студии.
УЈИЕ ќе додели ограничен број стипендии со социјална компонента, во зависност од пријавените случаи. Буџетот на ниво на Универзитетот изнесува до 5.000 евра.
Социјалната компонента е дополнителен дел од стипендијата по заслуга и изнесува до 80% од годишната школарина за соодветната студиска програма.
Предизбор
Ќе се разгледуваат само целосно комплетираните апликации. По проверката на општите услови, првично ќе се примени критериумот за заслуга, врз основа на просекот на оценки. Кандидатите кои не го исполнуваат овој услов нема да се квалификуваат за понатамошно оценување.
Утврдување на потребата за финансиска помош (need)
Потребата од финансиска помош (need) ќе се процени врз основа на доставената документација, соодветната проверка на податоците и евентуалната потреба од посебна поддршка.
Интервју со кандидатите
За доделување на стипендии во рамки на оваа програма, во зависност од бројот на пријавени кандидати, може да организира интервјуа со апликантите. Врз основа на интервјуто ќе се изврши оценување на кандидатите според заслугата и ќе се спроведе дополнителна проверка на потребата од финансиска помош.
Доделување на стипендијата (избор на кандидати)
Кандидатите се избираат врз основа на критериумите за заслуга и потребата од финансиска помош. При изборот, предност ќе имаат кандидатите со посебни потреби.
Кандидатите кои нема да добијат социјална стипендија (NBS), го задржуваат правото на стипендијата по заслуга, согласно условите и критериумите на Програмата за стипендии по заслуга (MBS) за академската 2026/2027 година.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- формулар за пријавување за социјална стипендија (NBS Application Form AY 2026/2027);
- придружна документација наведена во формуларот за пријавување.
Краен рок за аплицирање: 12.09.2026 година.
Документацијата за пријавување се доставува до Канцеларијата за финансиска помош во Тетово или до Студентските служби во Центарот во Скопје.
Социјалната стипендија се обновува на почетокот на секоја академска година, врз основа на соодветна документација.
За продолжување на социјалната стипендија по првата, втората или третата година, студентот треба да има академски напредок според следниве услови:
- 60 ЕКТС кредити стекнати на крајот на секоја академска година;
- кумулативен просек на оценки најмалку 9,00.
Социјалната компонента (потребата од финансиска помош) се ревидира секоја година, врз основа на релевантна документација.
Износот на стипендијата и условите за продолжување се потврдуваат во Писмото за доделување стипендија (Scholarship Award Letter) на почетокот на секоја академска година.
Доколку носителот на стипендија не постигне утврден академски успех (просек од најмалку 9,00) на крајот на секоја академска година и не ја докаже потребата од финансиска помош, го губи правото на продолжување на социјалната стипендија во следната академска година.
Аплицирај за "Работи и студирај"
Рокови:
Краен рок за пријавување
До 10.09.2025
Интервју со кандидатите
23.09.2025 – 03.10.2025
ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА
Со програмата "Работи и студирај", УЈИЕ им овозможува на студентите финансиска поддршка во текот на нивните студии со истовремено стекнување работно искуство и со можност да ги покажат своите професионални вештини. Во академската 2025/26 година ќе бидат поддржани околу 100 студенти.
ОПШТИ УСЛОВИ
- Студентите можат да бидат ангажирани до 12 часа неделно, до износот потребен за школарина за една академска година во текот на неговите студии.
- Право да аплицираат за програмата „Работи и студирај" имаат сите студенти, но предност ќе им се даде на студентите кои ќе докажат дека имаат потреба од финансиска поддршка и на оние кои поседуваат вештини за работното место.
НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати за оваа програма треба да достават:
- Пополнета апликација за програмата „Работи и студирај“, и
- Потребна документација со која се докажува социјалната и економската состојба на студентот.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
До 10 септември 2025 год (за студентите кои ќе се запишат во првата година)
Апликацијата за програмата "Работи и студирај" можете да се преземе од тука Образец за пријавување, или од канцеларијата за финансиска помош (Тетово), објект 801.
Финансиско олеснување
(за втор и трет член од семејството)
Канцеларијата за финансиска поддршка на ЈИЕУ ги објавува и ги администрира апликациите за финансиското олеснување за плаќање на школарина за двајца или повеќемина студенти од исто семејство (само членови на потесно семејство)
Финансиското олеснување важи за активните студенти запишани во УЈИЕ во академската 2025/26 година на првиот или на вториот циклус на студии.
ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА
Финансиското олеснување на плаќање на школарина за двајца или повеќе студенти од исто семејство (само членови на потесно семејство – брат или сестра) кои студиратта во ЈИЕУ ќе се применува според следнава шема:
За академската година 2025/26 околу 15.000 евра ќе бидат доделени за оваа програма.
Висината на финансиското олеснување (намалување):
- Првиот студент од семејството плаќа 100% од школарината
- Вториот студент од семејството плаќа 85% од школарината (15% попуст)
- Третиот студент од семејството плаќа 75% од школарината (25% попуст)
Условите на аплицирањето за финансиското олеснување
- Право на аплицирање за финансиско олеснување (намалување на годишниот износ на школување) имаат членовите на потесното семејство кои се запишани во академската 2025/26 година.
- Апликантите треба да имаат финансиска обврска за академската 2025/26 година
- Намалувањето на годишниот износ на школување се применува кај вториот и третиот член на семејството
-
Финансиското олеснување (попустот) не се применува:
- ако некој од студентите – член на потесно семејство-во академската 2025/26 прима стипендија или финансиска помош од фондови кои се администрираат од УЈИЕ или од странски фондови;
- ако некој од студентите – член на потесно семејство е ангажиран во програмата „работи-студирај“.
- ако некој од студентите – член на потесно семејство-во академската 2025/26 има финансиска обврска помала од 50% од износот на школарина за еден семестар.
Забелешка: Ако еден од апликантите има финансиска обврска повеќе од 50 % од износот на школарина за еден семестар, но помалку од школарината за една академска година, тогаш се овозможува пола од предвидениот попуст.
Потребната документација
- Образец за пријавување
- Извод од матична книга на родените, само за студнетите кои аплицират за прв пaт.
Пополнетиот формулар со потребната документација се доставува во Канцеларијата за финансиска подршка, УЈИЕ кампус во Тетово, објект бр.801
Подготвеност да ви помогнеме
Канцеларијата за финансискa поддршка обезбедува информации и помош за студентите во текот на целата академска година, иако повеќето од студентите размислуваат за финансиската поддршка само еднаш во годината.
Отворен, од 8:00 до 16:00 (Понеделник до Петок)
financialaid@seeu.edu.mk
P: +389 (044) 356 044