Билтен бр. 43
-
УЈИЕ на официјалната презентација на Коалицијата SustainED University
Денес (23 февруари 2026), во Скопје, беше официјално претставена Националната коалиција SustainED University Coalition, иницијатива формирана во партнерство со Обединети нации, со цел институционализација и координација на улогата на високото образование во спроведувањето на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој .
-
Ректорот Ибраими се сретна со холандската амбасадорка: УЈИЕ е успешна приказна за меѓународната заедница
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими, одржа работен состанок со амбасадорката на Холандија во Северна Македонија, нејзината екселенција Озлем Џанел. На состанокот присуствуваше и советничката за односи со заедницата и меѓународните односи, проф. д-р Беса Арифи.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа активно учествува во дебатата за реформите во високото образование
Претставници на вишиот менаџмент и деканите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), предводени од ректорот проф. д-р Садудин Ибраими, учествуваа на јавната дебата организирана од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
-
УЈИЕ и Министерството за здравство ја формализираат соработката за научни истражувања и стручно усовршување во здравствениот сектор
Меморандумот има за цел да создаде рамка за соработка за развој на заеднички проекти во областа на образованието, научните истражувања и стручното усовршување во здравствениот сектор.
-
УЈИЕ во рангирањето QS World University Ranking 2026: Извонредност и глобални можности
Според QS World University Ranking 2026, УЈИЕ е рангиранмеѓу трите најдобри универзитети во Северна Македонија. Овој успех докажува дека квалитетот, визијата и посветеноста се силите што ја прават разликата, покажувајќи дека извонредноста не се мери со големината, туку со конкретните резултати и реалното академско влијание.
-
Отворен ден на УЈИЕ: Местото каде што се обликува вашата идна кариера
На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денес успешно се одржа традиционалната активност „Отворен ден“, на која присуствуваа голем број матуранти од средните училишта од Тетово, од Скопје, од Гостивар, од Струга, од Дебар, од Кичево, како и од други градови низ Северна Македонија.
-
Посета на Амбасадата на САД и презентација на програми за образовна размена на УЈИЕ
На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денес, 15 април 2026, престојуваа претставници од Амбасадата на САД во Северна Македонија, г. Чарлс М. Сантијаго, службеник за јавна дипломатија и г. Газменд Илјази, координатор за програми на поранешни студенти- алумни.
-
УЈИЕ дел од Годишната конференција на ЕУА во Истанбул
Делегацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа, предводена од ректорот проф. д-р Садудин Ибраими, заедно со неговиот советник акад. проф. д-р Абдилменаф Беџети и директорот за финансии и човечки ресурси, г. Неби Џемали, учествува на Годишната конференција на Европската асоцијација на универзитети (EUA Annual Conference 2026), која се одржува на 16–17 април во Истанбул, во организација на Универзитетот Једитепе.
-
Во УЈИЕ најталентираните средношколци се натпреваруваа на Националната олимпијада по економија
Националната олимпијада по економија во Северна Македонија успешно се одржа вчера (18 април 2026) на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, собирајќи ги најталентираните средношколци во областа на економијата.
-
Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом
Денеска (20 април 2026), на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), ректорот проф. д-р Садудин Ибраими оствари официјална средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом. Оваа средба послужи како важна платформа за разговор за новите можности за академска соработка и за зајакнување на институционалните врски меѓу УЈИЕ и Норвешка.
-
На УЈИЕ се одржа Саемот за кариера 2026 – мост помеѓу студентите и пазарот на трудот
Во организација на Центарот за кариера, денес (28 април 2026) на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се одржа Саемот за кариера 2026 – еден од најзначајните годишни настани чија цел е да ги доближи студентите до пазарот на труд и да создаде конкретни можности за професионален развој.