Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Обезбедување квалитет и менаџирање

Во фокусотна Мисијата на УЈИЕ се целите за извонредност, еднаквост, транспарентност и ефикасност. Универзитетот се стреми да достигне висок квалитет на секој факултет и оддел и на подобрувањето на квалитетот гледа како на индивидуална и колективна одговорност.

Бидејќи квалитет е во центарот на секој процес  кој го презема Универзитетот  ние развиваме култура на квалитет  со тоа што работиме на обезбедувањето и менаџментот на квалитетот.

Обезбедувањето квалитет се фокусира на академските работи и на наставата и на учењето  и тесно се поврзува со овие служби кои директно ги поврзуваат студентите како што се библиотеката, студентските сервиси и центарот за кариера. 

Менаџирањето со квалитетот цели кон ефективен развој и мониторинг на процесите и на процедурите. 

За достигнување на овие цели , Универзитетот се фокусира на работите кои се однесуваат на квалитетот  во Стратегискиот план  и има Правилник за квалитет  која го поткрепува функционирањето на структурата за квалитет, со јасно дефинирани улоги и активности за евалвација. Евалвацијата на достигнувањата и имплементацијата на клучните приоритети за подобрување  се изведуваат преку акционите планови на факултетот и одделот а се потврдуваат и надгледуваат од вишите менаџери.

Сите студиски програми кои ги нуди УЈИЕ се акредитирани од Одборот за акредитација и евалвација на Република Македонија, а квалитетот на нашите наставни план -програми и оценувањето постојано се ревидираат во согласност со нашите процедури за институционално обезбедување квалитет и преку циклус на надворешна ревизија на програмата  од меѓународни специјалисти. 

Истражувањата и издавањата се зголемуваат во обем и во број. Овие важни академски истражувачки активности се поддржани и надгледувани од  Канцеларијата за истражување и  Проректорот за истражување.

 Универзитетот ја поддржува ефективната изведба на кадарот.За академскиот кадар  ова се изведува преку процедури како што се годишна Шема за учење и за опсервација на наставата и активно разгледување на мислењата од студентите  од Анкетата за евалвација на студентите. Потребно е сиот кадар да учествува во индивидуалниот Процес за евалвација на кадарот и сите овие процеси се поврзани со интегрираната Процедура за развој на кадарот, преку која се нудат можности за внатрешен и надворешен професионален развој и обука.

Универзитетот ги прифаќа и позитивно ги употребува националната и меѓународната  евалвација  и акредитација на квалитетот  за постојано подобрување.  Ние исто така добиваме евалвација и совет двапати во годината од надворешниот шампион на квалитет. Ние активно се потпираме на последните развои и трендови во високото образование  во Европа кои се дел од Болоњскиот процес. Исто така Универзитетот е позитивно двапати евалвиран од надворешната институционална програма за ревизија од АЕУ (Асоцијацијата на Европските Универзитети) и како дел од овој процес и административните и менаџерските процеси се активно потврдени  според Меѓународните стандарди за организација (ISO 9001/2015).

Се надеваме дека оваа веб-страница ќе ви биде корисна. Доколку имате некои прашања ве молиме да не контактирате на: quality@seeu.edu.mk

Google+