Центар за Бизнис и Иновација
Центарот за бизнис и иновации (BIC) е компанија основана од УЈИЕ со седиште во Тетово, Северна Македонија, специјализирана за иновации и комерцијализација на активностите на Универзитетот. Таа денес претставува мост помеѓу поширокиот бизнис-сектор и Универзитетот, промовирајќи ги целите на троен-хеликс моделот на соработка. BIC континуирано ги промовира условите за стимулирање на создавање на нови стартап компании, создавајќи синергија помеѓу иновативните бизниси и поттикнувајќи го растот на постојните МСП-а, што долгорочно обезбедува нови можности за вработување. Со текот на годините, преку поттикнување на претприемничка култура помеѓу академијата, истражувачите и студентитете, и преку комерцијализација на научните и технолошките знаења, Центарот стана клучна алка која го преточува знаењето и експертизата во акции, иновации и инвестиции.
За повеќе информации, кликнете на следниот линк BIC.SEEU.EDU.MK