За Универзитетот
Универзитетот на Југоисточна Европа е приватна, јавна непрофитна високообразовна институција која се состои од факултети , центри и институти специјализирани во социо-економските науки.
Факултетите се организирани единки во рамките на факултетот и истите функционираат преку советот на факултетот и универзитетската политичка рамка одобрена од Одборот на Универзитетот или Извршниот комитет. Универзитетот на Југоисточна Европа се состои од седум факултети: Факултет за современи науки и технологии, Факултет за јазици, култури и комуникација, Правен факултет, Факултет на современи општествени науки , Факултет за бизнис и економија,Факултет за здравствени науки и Факултет за технички науки.
Мисијата на Универзитетот е дефинирана со Статутот , се придржаува кон залагањето за достигнување извонредна наставна и наставно-истражувачка работа во системот на високо образование во Република Северна Македонија, преку понуда на еднакви можности за сите, базиран на праведност и заслуга. Активна соработка со другите универзитети, како во Република Северна Македонија така и со меѓунродни универзитети што е еден од клучните елементи на мисијата на Универзитетот.
Главната цел според која Универзитетот се раководи и менаџира е да придонесе за високото образование на албански јазик, преку взаемно меѓуетничко разбирање и да обезбеди повеќејзичен и мултикултурен пристап во наставата и во истражувањето преку развивање студиски програми во согласност со Европските и меѓународните стандарди .
Универзитетот на Југоисточна Европа е рангиран на трето место на државно ниво меѓу 19 универзитети во Република Северна Македонија. Ова рангирање го реализираа надворешни евалватори од Универзитетот Џио Тонг во Шангај.