Аплицирај!
Узлови за упис
Уписот на студентите во Универзитетот на Југоисточна Европа се врши врз основа на Конкурсот одобрен од Сенатот на Универзитетот, кој се објавува секоја година на веб - страницата на Универзитетот и во голем број дневни весници.
ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ
Аплицирајте Онлајн за Додипломски Студии
Додипломски програми
На прв циклус на академски студии може да се запишат кандидати кои ја положиле државната матура или меѓународната матура или кои завршиле четиригодишно средно образование во согласност со прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура и кандидати странски државјани кои имаат завршено соодветно средно образование надвор од Република Северна Македонија.
Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование соодветно на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.
Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование соодветно на тоа надвор од Република Северна Македонија имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.
Забелешка: НОСТРИФИКАЦИЈА НА ДИПЛОМАТА
Кандидатите кои завршиле средно образование надвор од Република Северна Македонија, според Законот за високо образование се обврзани да ја нострифицирaат дипломата во Министерството за образование на РСМ во рок од една година за што тие ќе добијат административна поддршка од Студентскиот сервис на УЈИЕ.
Следете го линкот за постапката за нострификација на дипломата: ТУКА!
Кандидатите ќе бидат тестирани за степенот на познавање на англискиот јазик. Ова тeстирање нема елиминаторен карактер, но е потребено за одредување на нивото на познавање на англискиот јазик со цел обезбедување соодветна надградба на истиот. Кандидатите ќе бидат навремено известени за датумите на тестирањето.
За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: ниво Б1 (независен корисник) според Европската јазична рамка (ЦЕФР) потврдено со меѓународно признат сертификат или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик организиран од Јазичниот центар на УЈИЕ. Кандидатите ќе бидат навремено информирани за датумите на тестирањето.
Вреднувањето на успехот од средно образование и државната матура се изразува во поени и тоа 80 % од успехот во четирите години од средното образование и 20 % од државната матура. Врз основа на овие поени ќе се изврши рангирањето на кандидатие.
Кандидатите кои аплицираат во академската година е потребно да ја достават следнава документација:
- Пополнет формулар (преку официјалната веб-страница на Универзитетот : https://apply.seeu.edu.mk/
-
Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)
Детали за уплатата во денари:- Примач:
- УЈИЕ
- Име на банка:
- СТОПАНСКА БАНКА
- Број на сметка:
- 200-0008775390-10
- Примач:
- УЈИЕ
- Име на банка:
- СТОПАНСКА БАНКА
- Адреса на банка:
- Бул. М.Тито бб, Тетово 1200, Република Северна Македонија
- Број на сметка:
- 0009009090
- IBAN:
- MK07200000900909026
- SWIFT
- STOBMK2X
- Лична биографија/мотивационо писмо кое би содржело најмалку 500 збора и во кое треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.
- Свидетелства во оригинал или заверени копии на нотар од сите години (ако завршеното средно образование е според моделот 9+3, кандидатите треба да достават и свидетелство за завршено 9-то одделение).
- Диплома во оригинал или заверена копија на нотар за завршено средно образование со резултатите од државната матура.
- Извод од матична книга на родени.
- Фотокопија од лична карта или од пасош.
Кандидатите кои аплицираат за трансфер во УЈИЕ, освен горенаведените документи треба да достават и уверение на положени испити од претходната високо образовна институција.
МАСТЕР СТУДИИ
Аплицирај Онлајн за Мастер Студии
Мастер програми
Право на запишување на втор циклус на академски студии (постдипломски студии) според моделот 3+2 (четири семестри, 120 ECST) имаат кандидатите кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана) или соодветна на тригодишни студии (180 ECTS) или четиригодишни студии (240 ECTS).
Право на запишување на втор циклус на академски студии (постдипломски студии) според моделот 4+1 (двосеместрални, 60 ЕCTS) имаат кандидатите кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана), соодветна на четиригодишни студии (240 ЕCTS).
Право на запишување на стручни студии (двосеместрални, 60 ЕCTS) имаат кандидатите кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана) соодветна на четиригодишни студии (240 ЕCTS).
Предметите ќе бидат редовни и модуларни според моделот: 50% од наставната програма од одредениот факултет ќе се нуди редовно, додека другиот дел од наставната програма ќе биде со самостојни студии (водени од предавачите). Редовните предмети ќе се понудат секоја втора недела, и тоа во четврток и во петок после 16:00, во сабота од 8:00 за да им одговараат и на кандидатите кои се во работен однос. Во однос на модуларните предмети (со професори од странство), предавањата ќе бидат интензивни.
Предност ќе имаат студентите со просек на оценки од првиот циклус на судии 8.00 или поголем.
Доколку за соодветната студиска програма не се пријават доволен број кандидати, тогаш програмата може да се понуди според менторски систем или да има предавања еднаш месечно.
Во случај кога кандидатот завршил прв циклус на студии на несоодветна програма - струка во однос на студиската програма на која конкурира, тогаш комисија од соодветниот факултет ќе ги определи условите за дополнителните критериуми потребни за дополнување на предзнаењата за упис во новата студиска програма од вториот циклус.
Забелешка: НОСТРИФИКАЦИЈА НА ДИПЛОМАТА
Кандидатите кои дипломирале надвор од Република Северна Македонија, според Законот за високото образование се обврзани да ја нострифицирaат дипломата (од прв циклус) во Министерството за образование на РМ за што тие ќе добијат административна поддршка од Студентскиот сервис на УЈИЕ. Рокот за доставување на одлуката за нострификација на дипломата е следен: за апликантите во студиските програми 3+2 е една година, за апликантите во студиските програми 4+1 и стручните студиски програми е шест месеци.
Важно: Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија нострифицира само диплома добиена од акредитирана програма.
Следете го линкот за постапката за нострификација на дипломата: ТУКА!
Сите студиски програми од втор циклус се нудат на албански, на македонски или на англиски јазик. Меѓутоа, без разлика на јазикот на програмата, Универзитетот има право да понуди дел од предавањата или од предметите на англиски јазик, затоа познавањето на албанскиот, македонскиот и на англискиот јазик е потребно, а познавањето на најмалку два од горенаведените јазици на академско ниво е неопходно.
За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: ниво Б1 (независен корисник) според Европската јазична рамка (ЦЕФР) потврдено со меѓународно признат сертификат или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик организиран од Јазичниот центар на УЈИЕ. Кандидатите ќе бидат навремено информирани за датумите на тестирањето.
Кандидати кои аплицираат во академската година потребно е да ја достават следнава документација:
- Пополнет формулар (преку официјалната веб-страница на Универзитетот: https://apply.seeu.edu.mk/?type=sao02
-
Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)
Детали за уплатата во денари:- Примач:
- УЈИЕ
- Име на банка:
- СТОПАНСКА БАНКА
- Број на сметка:
- 200-0008775390-10
- Примач:
- УЈИЕ
- Име на банка:
- СТОПАНСКА БАНКА
- Адреса на банка:
- Бул. М.Тито бб, Тетово 1200, Република Северна Македонија
- Број на сметка:
- 0009009090
- IBAN:
- MK07200000900909026
- SWIFT
- STOBMK2X
- Лична биографија/мотивационо писмо кое би содржело најмалку 500 збора и во кое треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.
- Оригинална универзитетска диплома (нострифицирана) и сите оригинални транскрипти (додаток на диплома доколку има) од првиот циклус на студии или нотаризирани копии.
- Извод од матична книга на родени.
- Фотокопија од лична карта или од пасош.
Кандидатите кои аплицираат за трансфер во УЈИЕ, освен горенаведените документи треба да достават и уверение на положени испити од претходната високо образовна институција.
ДОКТОРСКИ СТУДИИ
Аплицирај Онлајн за Докторски Студии
Докторски програми
Право на запишување имаат студентите кои имаат добиено минимум 300 ЕCTS и кои се од соодветна област, имаат објавено научни трудови и имаат соодветни познавања на странски јазици.
Во случај кога кандидатот го завршил првиот или вториот циклус во област која не е соодветна со областа за која се пријавува за стекнување на научното звање од третиот циклус, тогаш за евентуалните дополнителни услови на прилагодување на претходните познавања за запишување на програмата ќе одлучи комисијата формирана од соодветниот факултет.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите од точка 1 и 2, во случај кога бројот на кандидати е поголем од бројот предвиден во Конкурсот, ќе се рангираат според следниве критериуми:
- 30% од просекот на оценките (според пондерите објавени на правилникот за упис на студенти во академската 2021/2022 година);
- 20% од издадени научни трудови;
- 20% од познавање на странски јазик;
- 30% од интервјуата со кандидатите
Просекот на оценките за кандидатите кои првиот и вторит циклус го завршиле во Универзитети од државава ќе се евалуира според рангирањето од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Универзитетите рангирани на првите пет места ќе добијат 100 % од бодовите додека секој универзитет понатаму ќе биде рангиран со - 5%.
Просекот на оценките за кандидатите кои првиот и вторит циклус го завршиле во Универзитети во земји од регионот ќе се евалуира според следново:
- Државните универзитети ќе добијат 100% од бодовите од успехот;
- Приватните универзитети ќе добијат 80% од бодовите од успехот;
Советот на Докторската школа однапред ќе го оцени просекот на оценки за кандидатите кои имаат завршено прв и втор циклус на студии на високо рангирани универзитети, во соодветните области, според рангирањето на Универзитетот во Шангај.
Забелешка: НОСТРИФИКАЦИЈА НА ДИПЛОМАТА
Кандидатите кои дипломирале на универзитети надвор од Република Северна Македонија според Законот за високото образование се обврзани во рок од една година да ги нострифицирaат дипломите (од прв и втор циклус) во Министерството за образование на РСМ, а за таа цел ќе имаат административна поддршка од Студентскиот сервис на Универзитетот.
Важно: Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија нострифицира само диплома добиена од акредитирана програма.
Следете го линкот за постапката за нострификација на дипломата: ТУКА!
Приоритет за упис на програмите кои се нудат ќе има познавањето на англискиот јазик.
Сите апликанти ќе го полагаат институционалниот тест по англиски јазик организиран од Јазичниот центар на УЈИЕ. Кандидатите ќе бидат навремено информирани за датумите на тестирањето.
- Пополнет формулар (преку официјалната веб-страница на Универзитетот : https://apply.seeu.edu.mk/?type=sao03
-
Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)
Детали за уплатата во денари:- Примач:
- УЈИЕ
- Име на банка:
- СТОПАНСКА БАНКА
- Број на сметка:
- 200-0008775390-10
- Примач:
- УЈИЕ
- Име на банка:
- СТОПАНСКА БАНКА
- Адреса на банка:
- Бул. М.Тито бб, Тетово 1200, Република Северна Македонија
- Број на сметка:
- 0009009090
- IBAN:
- MK07200000900909026
- SWIFT
- STOBMK2X
- Лична биографија/мотивационо писмо кое би содржело најмалку 500 збора и во кое треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.
- Барање во кое треба да се наведе областа на студиите во која ќе се истражува дисертацијата и податоци за целите на истражувањето.
- Мотивационо писмо.
- Потврда за познавање англиски јазик.
- Извод од матична книга на родени.
- Фотокопија од лична карта или од пасош.
- Оригинална диплома или заверена копија на нотар од првиот и од вториот циклус на студии (нострифицирана копија на дипломата надвор од Република Северна Македонија).
- Оригинален транскрипт од првиот и од вториот циклус на студии или нотаризирана фотокопија.
Канцеларијата за упис Подготвеност да ви помогнеме
Ние ве поддржуваме во текот на целиот процес на аплицирање, ве информираме за резултатите и ве известуваме и ви даваме инструкции за почетотокот на академската година
8:00 до 16:00 (од Понеделник до Петок)
admissions@seeu.edu.mk
Т: +389 44 356 188
T: +389 44 356 091 Скопје
T: +389 44 356 396
T: +389 44 356 397