Истражувањето во ЈИЕУ
Од основањето на Универзитетот основна мисија беше да се создаде и да се овозможи пристап до знаење на највисоко ниво. УЈИЕ продолжува во остварување на целите преку извонредност во наставата и преку унапредување на истражувачките активности.
Истражувањето е главна грижа на Универзитетот. Како поединци, сите членови на академскиот кадар се очекува да бидат активни истражувачи и да покажат високо ниво на интегритет и етика во научното истражување. Членовите на академскиот кадар ги забележуваат своите истражувачки публикации во базата на податоци за истражување на Универзитетот, а индивидуалниот успех на истражувањето се оценува за време на годишната евалуација на кадарот на УЈИЕ. Сите овие податоци се директно внесени и се земаат предвид за време на одлучувањето за можните промоција во наставно-научно звање на академскиот кадар.
Универзитетот има два главни истражувачки институти за да се поттикне соработка и мултидисциплинарно истражување меѓу кадарот на УЈИЕ и надворешните партнери. Институтот за истражување Макс ван дер Штул ги координира големите проекти на Универзитетот кои ги вклучуваат политичките, правните и социјалните науки, а Институтот за животна средина и здравје е фокусиран првенствено на прашањата кои го опфаќаат одржувањето здравјето и еколошкото менаџирање. Во рамките на овие институти, истражувачките групи од избраните вработени и соработници ги комбинираат своите специјализации, со цел да се создаде истражување од меѓународен калибар.
УЈИЕ има развиено истражувачки проекти од внатрешните фондови за истражување, проекти на ТЕМПУС и е координатор на други меѓународни истражувачки проекти финансирани од ФП7, РРПП, УНДП, АСО итн.
УЈИЕ има објавено неколку наслови вклучително на учебниците и извештаите од истражувачките проекти во голем број различни академски дисциплини. УЈИЕ редовно го издава научниот магазин SEEU Review, со трудови од кадарот од УЈИЕ и од странски автори во рамките на соработката со Универзитетот.