RRPP
Регионална програма за промоција на истражувањето во Западен Балкан (RRPP)
Краток опис на програмата
Регионалната програма за промоција на истражувањето во Западен Балкан има за цел да ги зајакне истражувачките капацитети во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и во Србија. Програмата има десетгодишна перспектива за имплементација и ќе го поддржи развојот на истражувачките капацитети во областа на општествените науки, особено за темите коисе релевантни за трансформација. Програмата треба да понуди платформа за соработка за истражувачите во регионов, особено за оние кои ќе станат движечка сила на реформите во високото образование и кои можат ефективно да го промовираат поиздржливото признавање на општествените науки и, пред сè, значењето на истражувањето во оваа област.
Тековно оваа програма за промоција на истражувањето во Западен Балкан работи со нуклеус партнери во Босна и Херцеговина и во Македонија. Програмата целосно е отворена и за дополнителни партнери.
Нуклеус партнери во Македонија
Институт за родови студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово
Студии по политички науки, Правен факултет ,,Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Институт Евро Балкан, Скопје
CSID „Форум“, Скопје