Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

FP7

Седма рамковна програма за истражување и развој на Европската унија - The Seventh Framework Programme (FP7)

FP7 е основен инструмент на Европската унија за финансирање на научното истражување и технолошки развој. Програмата ќе се реализира во периодот од 2007 - 2013 година, а буџетот изнесува 50.521€ милијарди.

Структура

            FP7 е организирана во четири специфични програми + 1 дополнителна, кои кореспондираат со четирите главни цели на Европската истражувачка политика насочени кон промовирање и кон поттикнување на истражувачката извонредност и тоа:

Соработка - Транснационални колаборативни истражувања во 10 приоритетни области
Идеи - Фронтално истражување, Европски истражувачки совет
Луѓе - Човечки потенцијал, Марија Кири акции
Капацитети - Истражувачки капацитети
ЗИЦ - Заеднички истражувачки центар
 

ПРИОРИТЕТНИ ОБЛАСТИ

  1. Health - Здравје
  2. Food, Agriculture And Biotechnology – Храна, земјоделство и биотехнологија;
  3. Information and Communication Technologies – Информатички и комуникациски технологии;
  4. Nanosciences, Nanotechnologies, Materials and web Production Technologies - Нанонауки, нанотехнологии, материјали и нови производни технологии;
  5. Energy - Енергија;
  6. Environment (including climate changes) – Околина (вклучувајќи ги и климатските промени);
  7. Transport (including Aeronautics) - Транспорт (вклучувајќи ја и аеронаутиката);
  8. Socio-ekonomic sciences and Humanities - Социоекономски и хуманистички науки;
  9. Securites - Безбедност
  10. Space - Вселена.

ВИДОВИ ПРОЕКТИ (Funding Schemes)

  • Колаборативни проекти (Collaborative projects) големи, средни, мали
  • Мрежи на извонредност (Networks of Excellence)
  • Кооринативни активности и активности за поддршка (Coordination and Support Actions)
  • Индивидуални проекти (Individual Projects) Специфична програма ИДЕИ
  • Поддршка за обука и напредување во кариерата за истраживачите (Support for training and career development -Marie Curie Actions)
  • Истражувања за поддршка на специфични групи (Research for the benefit of specific groups) мали и средни претпријатија

За повеќе информации кликнете тука.

Google+