Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Спортски активности

Оддел за спорт на УЈИЕ

Одделот за спорт е посебна единица, која работи во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа и е одговорна за организирање спортски активности на студентите.

Во рамките на овој оддел се организираат разни спортски натпревари, со единствена цел студентите да развиваат физички активности важни за здравјето, добрата состојба и квалитетот на студентскиот живот.

Принципот на еднакви можности дека потребите на секој млад човек за спортски, културни и образовни активности треба да претставуваат основа за планирање на здраво општество е еден од главните постулати на Одделот за спорт.

Во рамките на Одделот за спорт, студентите, исто така, се поддржани со финансиски средства (стипендии), кои покриваат дел од нивната школарина на УЈИЕ.

Во текот на денот, студентите можат да ги користат спортските терени за фудбал, кошарка и одбојка, како и затворените простории за шах, пинг понг, пилатес, фитнес, танц и јога.

Клуб за футсал – Универзитет на ЈИЕ

Клубот за футсал (КФ) на Универзитет на ЈИЕ Тетово во рамките на Одделот за спорт на УЈИЕ е основан во 2004 година и оттогаш главната цел беше, е и ќе биде на нашите сегашни и потенцијални студенти да им понудиме највисоки квалитетни можности и услови да се занимаваат со спортски и рекреативни активности и на тој начин да го зачуваат физичкото и менталното здравје.

КФ на Универзитетот на ЈИЕ, исто така, има за цел да обезбеди целосно учество на студентите и средношколците во спортскиот, културниот и образовниот живот. Ова значи еднакви можности без оглед на етничката припадност, религијата и социо-економската припадност.

КФ на Универзитетот ЈИЕ се натпреварува на државните натпревари во рамките на Првата и Втората лига во футсал на Фудбалската федерација на Северна Македонија, како и на универзитетските натпревари (Универзијада) во РСМ. Една од активностите на КФ на Универзитетот на ЈИЕ е развој и зајакнување на футсалот во Република Северна Македонија и промовирање на ефективни мерки за спречување на насилството на спортски терени, што значи „фер-игра“ на студентите, учениците и младите воопшто.

Актуелните студенти и средношколци кои имаат талент за спорт, особено футсал се членови на КФ на Универзитетот ЈИЕ.

Контакти

За спортска опрема (фудбал, кошарка, одбојка, шах и пинг-понг), како и за организирање спортски активности, контактирајте го Одделот за спорт кој се наоѓа во близина на спортските терени во зградата 202.01./3

Оддел за спорт на УЈИЕ

Мујдин Ливорека, 

Контакт 

Број во канцеларија: 044 356 264 and 044 356 020; 

имејл:  m.livoreka@seeu.edu.mk

Google+