Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорска управа

Ректорската управа ја сочинуваат ректорот, проректорите, деканите на факултетите и директорите на другите академски единици како и претседателот на студентското собрание.
Генералниот секретар има право да присуствува на седниците на Ректорската управа.
Со Ректорската управа претседава ректорот на Универзитетот.

Надлежности на Ректорската управа се:
  • Да делува како регуларен и фреквентен канал за комуникација помеѓу своите членови, како и со членовите на Сенатот, ректорот, Одборот и Извршниот комитет.
  • Да подготвува точки за разгледување од Сенатот, Одборот на Универзитетот или Извршниот комитет.
  • Да донесува одлуки за академските прашања кои се делегирани од Сенатот и да доставува извештај до Сенатот.
  • На предлог на ректорот да дава одобрение за датумите на сесиите, периодите за запишување, распустите и за испитните сесии.
  • По препорака на наставно-научниот совет ја одобрува распределбата на задачите за настава за академскиот кадар.
  • Да има улога на форум за планирање, регулирање и за обезбедување ресурси за академски цели.
  • Да донесува одлуки за итни академски прашања и да го известува Сенатот во врска со тоа.
  • Да доставува коментари во врска со предлозите на ректорот за разгледување на Сенатот, Одборот или на Извршниот комитет.
  • Да ги извршува сите други работи пропишани со овој Статут и со Законот.

Ректорската управа ги врши работите од својата надлежност на седници.
Ректорот на Универзитетот ги свикува седниците на Ректорската управа и раководи со нивната работа.
Во негова отсутност, седницата на управата ја свикува и со неа раководи еден од проректорите, овластен од ректорот.
Ректорот на Универзитетот ги свикува седниците на ректорската управа по своја иницијатива, или на барање од најмалку една петина од членовите на управата.
Ректорската управа може да работи ако на седницата се присутни повеќе од половината од вкупниот број членови на управата.
Одлуките на ректорската управа се донесуваат со мнозинство гласови на присутните членови на управата.

Google+