Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правната Клиника “Emine Zendeli”

Универзитет на Југоисточна Европа, Правен Факултет соопштение за давање на бесплатни (Pro bono) правни совети


Започна програмата за правна едукација на млади „Програма за правно образование за родови прашања“


Со оглед на околностите во кои се наоѓаме поради ризикот на проширување на вирусот COVID19, Правната Клиника “Emine Zendeli”  при Правниот Факултет-Универзитетот на Југоисточна Европа ги има прекинато своите активности, но во текот на овој период ќе се активира во обезбедувањето на бесплатни правни совети и информации. Правните совети ќе се нудат во склоп на примарна правна помош согласно со oдредбите на Законот за бесплатна правна помош (Службен весник на РСМ 101/2019). Професорите и студентите на Правниот Факултет- УЈИЕ ќе придонесуваат при обезбедување на информации и совети за загрозените права на граѓаните. Бесплатната правна помош граѓаните ќе можат да ја добијат во сферата на:

  • обезбедување и остварување на социјалнитеправа;

  • права како потрошувачи;

  • правата од пензиско и инвалидско осигурување; 

  • правата од кривично-правна област;

  • имотно правни права;

  • семејнитеспорови ;

  • семејно насилство;

  • спорови со осигурителнитекомпании;

  • загрозени права пред административни органи;

  • како и други совети и правни прашања;

Бидете слободни вашиот проблем да ги испрратите преку е-маил адреса legalclinicprobono@seeu.edu.mk

Почитувајте ги правилата и препораките на институциите  бидејќи со заштита на вашето здравје придонесувате во здравјето на целото општеството.

Со надеж дека многу брзо ќе ја надминеме оваа битка!

Со почит,

Правниот Факултет

Google+