Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Лабораторија

ИКТ – ЦЕНТАР ЗА ОБУКА И ИСТРАЖУВАЊЕ

Центарот за обука и истражување на Факултетот за современи науки и технологии е модерна лабораторија опремена со најнапредни современи ИКТ апарати на Универзитетот на Југоисточна Европа. Центарот за обука и истражување е наменет за научно-истражувачка работа, обука и лабораториски практични часови за студентите како и за членовите на кадарот на факултетот. Лабораториите се користат за студентите на додипломски, последипломски и докторски студии. Канцелариите се распределени за докторанди за да можат тие да бидат блиску до нивното место за истражување. Студентите на додипломски студии го користат овој центар за практични часови исто така, студентите на магистерски и докторски студии го користат овој центар за истражувачки проекти и научно - истражувачка работа.

Центарот се состои од осум лаборатории ( со 25 работни станици):

  1. Програмирање и информациони системи
  2. Е-Технологии
  3. Системи за компјутерска и контрола со високи перформанси
  4. Мрежи и дистрибуирани системи
  5. Мултимедијални системи и ГИС
  6. Оперативни системи и системски софтвер
  7. ИТ вештини / лабораторија на Мајкрософт
  8. Е - образование и дигитална библиотека

Пет лаборатории се опремени со десктоп компјутери и две од нив користат клиенти од Sun Ray 2 во вкупен капацитет од 175 работни станици. За практични часови во лабораторија на располагање се 6 сервер Sun Fire (X2200 M2, 4 core processor, 8 GB RAM), 2 сервери IBM x3650 (2 процесори со вкупно 8 јадра, 48 GB RAM и SAN Storage) и IBM SAN систем за складирање со околу 5 TB Капацитет . Повеќето сервери се конфигурирани и инсталирани со технологија за виртуелизација на Microsoft Hyper-V и останатите со технологии Linux. Виртуелната околина поддржува пет сервер Виндоус 2016 и два сервери на Убунту.

Малиот центар за податоци на Центарот има уреди со високи перформанси, како што се IBM Blade Chassis и IBM SAN инфраструктура. Оваа инфраструктура е конфигурација за научно-истражувачка работа. Перформансите на системот на кластерот на RTC се испорачуваат со употреба на 20 процесор со 224 јадра, 480 GB RAM и 2TB SAN складирање.

Google+