Мисијата на центарот ќе биде да се создадат можности за младите преку обезбедување обука, поддршка во барање вработување и преку создавање целосно нова мрежа на младите и на работодавците. Центарот ќе биде иновативен центар со иновативни наставни планови за обука кои ќе ги поддржуваат младите на работните места во иднина, особено во ИТ секторот, истовремено поддржувајќи го развојот на startup бизнисите.
Младинскиот ресурсен центар ќе се отвори во септември 2020 година во голем и неодамна реновиран простор во кој има приватни канцеларии, заеднички простор, места за рекреација и е поддржан со висока технологија. Рекреацијата исто така ќе биде важен дел од Центарот. Како дополнителен поттик за членство се просторијата за игри, киното (амфитеатарот), фитнес салата и огромната градина кои ќе бидат на располагање на членовите за разни рекреативни активности. Основниот кадар на МРЦ веќе работи во просториите на Кампусот на УЈИЕ.