Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Сенатот на Универзитетот го избра д-р Пол М. Фостер Доктор хонорис кауза

Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа, на состанокот одржан денеска (28.09.2021 година), одлучи да му ја додели титулата Доктор хонорис кауза на д-р Пол М. Фостер, Јр.



Промоција на д-р Пол Фостер, Доктор хонорис кауза, ќе се одржи на манифестацијата по повод одбележувањето на 20 -годишнината од Универзитетот, на 19 ноември оваа година.

Д -р Фостер, од 2013 година, е извршен директор на Канцеларијата за меѓународни студии на Државниот универзитет Билингс во Монтана и ја предводеше канцеларијата во период на огромен раст во оваа област. Тој ги завршил додипломските студии по историја и руска литература на Универзитетот во Пенсилванија, а докторирал словенска филологија на Универзитетот Колумбија.

На Универзитетот на Југоисточна Европа д-р Фостер, служеше од 2001-2012 година, првично како специјалист за академски прашања во Центарот за меѓународна помош за образование и развој, според договорот со Универзитетот во Индијана.

Од 2005 година, д-р Фостер, исто така, имаше неколку клучни позиции: директор за постдипломски студии и истражувања, провост и проректор за академски прашања и член на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Д -р Пол Фостер е член на многу комитети, работни групи, советодавни одбори во високообразовните институции и владини агенции во САД и меѓународно. Тој е надворешен оценувач на програми, одделенија и грантови во високообразовните институции и владини агенции.

Google+