Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети активен учесник на конференцијата за економско заздравување и раст по Ковид

„Економско заздравување и раст по Ковид“ беше темата на конференцијата организирана во рамките на Економскиот и финансиски форум, што се одржа во Скопје на 6. и 7. септември, во организација на Министерството за финансии на Северна Македонија.



На овој важен форум, на панелот за глобалните и регионалните предизвици и перспективи за закрепнување и раст, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа акад. проф. д -р Абдулменаф Беџети имаше активно учество во улогата на презентер на резимето во првата сесија на панелот. Тој, исто така, ги претстави своите видувања за темата на панелот.

Конференцијата официјално ја отворија премиерот, Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, а на вториот ден обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски.

На годишната конференција присуствуваа претставници од најрелевантните меѓународни институции, граѓанското општество, академици, експерти, претставници на бизнис - заедницата и други засегнати страни, кои можат да дејствуваат во подобрување на политичкиот дијалог за економски и финансиски прашања со национален и регионален интерес.

Се очекува конференцијата да стане традиционален настан и да се одржува секоја година и да има силно влијание во регионот и во Европа за економски и финансиски теми.

Google+