Рангирањето опфаќа 324 универзитети, над 33 илјади професори и истражувачи, како и повеќе од 19,7 милиони научни цитати евидентирани на Google Scholar. УЈИЕ е оценет со 53.739 научни цитати и 170 професори и истражувачи вклучени во анализата.
Овој резултат ја потврдува позицијата на УЈИЕ како една од академските институции со најголемо научно влијание во земјата и регионот, одразувајќи ја континуираната посветеност на научноистражувачката работа, иновациите и интернационализацијата.
Меѓу професорите на УЈИЕ кои се рангирани на листата на „Top 10 Leading Researchers“ во Северна Македонија се проф. д-р Насер Дурмиши, проф. д-р Веланд Рамадани и проф. д-р Гадаф Реџепи.
Целосната листа е достапна на:
https://arbu-ranking.com/
УЈИЕ се рангира на третото место во Северна Македонија според научното влијание
16 јуни 2026Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) е рангиран на третото место во Северна Македонија и на 33-то место на Балканот според најновото рангирање Academic Ranking of Balkan Universities (ARBU).
Повеќе вести
- Факултетот за технички науки при УЈИЕ ја отвори XII Изложба на студентски проекти во Архитектура и дизајн
- Делегација од Mid Sweden University во посета на УЈИЕ: дискутирани заеднички студиски програми и нови можности за мобилност
- Библиотеката „Макс ван дер Штул“ на Меѓународен симпозиум во Осло
- Во УЈИЕ се промовираше прекуграничниот проект -Иницијатива за зелени училишта
- Делегација од Универзитетот за применети науки и уметности на Северозападна Швајцарија (FHNW) го посети УЈИЕ
- Потпишан Трипартитен Меморандум за Циркуларна Економија – УЈИЕ, Општина Тетово и Saubermacher ја зајакнуваат соработката за животната средина
- Иновациите, претприемништвото и дигиталната конкурентност во фокусот на конференцијата ISCBE 2026 во Валенсија