Врз основа на членовите 166 и 172 од Законот за високото образование на Р.Македонија, (Службен Весник на Р. Македонија бр. 82/2018 ) и членовите 4,5,6 и 10 од правилникот за избор/реизбор во наставно – научно, наставно – стручно звање и соработници, Универзитетот на Југоисточна Европа – Tетово објавува оглас за избор/реизбор на наставници во сите наставни научни звањa и избор/реизбор на наставник во наставно – стручно звање виш лектор
ФАКУЛТЕТ ЗА СОВРЕМЕНИ ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: јавна управа и администрација, од областите: јавна управа (50901) и јавна администрација (50903 друго);
ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: организациони науки и управување (менаџмент), од областите: стратешки менаџмент (50605) и иновации (50624 друго);
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: економски науки, од областите: финансии (50326) и примената економија (50302);
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: економски науки, од областите: маркетинг (50325) и меѓународна економија (50309);
ФАКУЛТЕТ ЗА СОВРЕМЕНИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: компјутерска техника и информатика, од областа: вештачка интелегенција и системи (21205);
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: информатика, од областите: развивање на софтвер и бази на податоци (11010) и дистрибуирани системи (11011 друго);
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: компјутерска техника и информатика, од областите: бази на податоци (21203) и процесирање на податоци (21206);
ФАКУЛТЕТ ЗА ЈАЗИЦИ, КУЛТУРИ И КОМУНИКАЦИЈА
- Избор/реизбор на наставник во сите наставни научни звања од научно поле: наука за јазикот (лингвистика), од областите на англистика (60404) и примената лингвистика (60411);
ЦЕНТАР ЗА ЈАЗИЦИ
- Избор/реизбор на наставник во наставно-стручно звање, виш лектор од областа на англиски јазик и англиски јазик за специфични намени;
За повеќе информации, погледнети ги следните документи.