На 20 ноември 2026 година, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) одбележува 25 години од своето основање, прославувајќи четврт век посветеност на знаењето, квалитетното образование, иновациите и општествениот развој.
Овој јубилеј претставува значаен институционален пат обележан со академски достигнувања, нови можности и придонес во образованието и развојот на новите генерации. Истовремено, тој е можност да се осврнеме на постигнатото и повторно да ја потврдиме визијата на ЈИЕУ за иднината.
Свечената церемонија по повод 25-годишнината ќе се одржи на 20 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во Амфитеатарот ЛХ2 „Алајдин Абази“, во кампусот на ЈИЕУ во Тетово.
Датум: 20 ноември 2026 година
Време: 12:00 часот
Место: Амфитеатар ЛХ2 „Алајдин Абази“, ЈИЕУ, Тетово